Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
На прво место

Владата нема да го запре „Скопје 2014“

Доколку се' се одвива во законски рамки, целата постапка за нов ДУП би траела шест месеци

Деспина Трајковска


Одлуката на Уставен суд не го запира проектот „Скопје 2014“. Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека не очекува застој во изградбата, оти за најголем дел од нив веќе биле обезбедени градежни дозволи.

Иако последните измени на ДУП „Мал ринг“ судот ги оцени како неуставни, сепак, веројатно, ќе биде изградено речиси се' што предвидува планот. Според урбанистите, недореченостите во македонските закони даваат простор проектот да тече и натаму, иако се заснова врз незаконски документ. Пресуден е временскиот период во кој биле извадени дозволите со кои се обезбедува непречена градба.

Одобрение за градба веќе поседува контроверзната триумфална порта. Тоа вчера го потврди министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска, која за Радио Слободна Европа изјави дека независно од случајот, портата ќе продолжи да се гради, бидејќи за објектот Министерството обезбедило градежна дозвола пред одлуката на уставните судии.

Колку од останатите 19 објекти што беа предвидени со незаконитите измени на ДУП „Мал Ринг“ имаат градежни дозволи, нема точни податоци. За оние градби од владиниот проект што немаат градежни дозволи, ќе треба да помине најмалку половина година за да добијат законска основа за реализација. Меѓу нив се барокната катна гаража, скулптурите на мостот „Око“, колонадата на левиот брег на Вардар, спомениците во паркот „Жена-борец“ и уште низа други.

Урбанистите коментираат дека по одлуката на Уставниот суд за поништување на последните интервенции во ДУП „Мал ринг“, општинарите од Центар ќе треба да се испотат за владините визии за „Скопје 2014“ да ги стават во законска рамка. Во спротивно, изградбата не смее да стартува. Но, очигледно тоа ќе важи само за оние за кои власта досега не успеала да ја обезбеди дозволата за градба.

Со оглед на тоа дека станува збор за владин приоритетен проект, иако според последната анкета на ИРИ, дури 66 отсто од граѓаните се против „Скопје 2014“, повеќе од сигурно е оти надлежните ќе донесат нов ДУП, со кој докрај ќе си ја реализираат замислата за новиот изглед на главниот град.

Иако случајот е топ-тема во јавноста, одговорните од Општината Центар не сакаат ништо да коментираат, зашто, како што велат, станувало збор за судска одлука. Градоначалникот Владимир Тодоровиќ, кој е предлагач на сите ДУП-ови, е на одмор.

Урбанистите велат дека од моментот кога Тодоровиќ ќе ја иницира постапката, најмалку шест месеци, под претпоставка да нема непредвидени административни проблеми, ќе траат сите потребни филтрирања на планот. Прво, партиципативното тело за урбанизам треба да ги разгледа предложените измени, потоа планот во нацрт-верзија треба да мине низ општинскиот Совет, по што е неопходно да се распише јавна анкета, што значи предложениот ДУП треба да биде на увид на граѓаните 15 дена. Под претпоставка да нема ниту една забелешка од јавноста, за максимум еден месец планот како предлог, односно во финална верзија се проследува на одобрување на Советот на Центар. Во меѓувреме, за ДУП-от треба да се обезбедат мислења од Министерството за транспорт и врски и од Градот Скопје. Според урбанистите, докажано од досегашната практика, целата оваа постапка трае најмалку шест месеци.

Одлуката на уставните судии беше повод вчера да се огласат опозициската СДСМ и граѓанското Здружение „Плоштад слобода“, кои во континуитет во изминативе две години укажуваат оти урбанистичките прекројувања на центарот на Скопје се незаконски.

„Проектот ’Скопје 2014‘ е бесмислен проект на кој се трошат повеќе од 200 милиони евра народни пари, а по одлуката на Уставниот суд, очигледно е дека има и многу процедурални и законски отстапувања. Веројатно и затоа расправата околу тоа не ја ставаат на дневен ред во Собранието“, изјави вчера Андреј Петров, секретарот на опозиционерите.

Од „Плоштад слобода“, пак, сметаат дека со судската одлука се потврдиле нивните укажувања дека владиниот урбанистички проект се води незаконски, тајно и зад грбот на јавноста и граѓаните на Скопје.

„Затоа би сакале да ја повикаме Општина Центар при очекуваните повторни измени на ДУП-от да не го заобиколува мислењето

на жителите од Општина Центар, како и на целата јавност, туку да ги отвори вратите за коментари, критики и сугестии“, потенцираа вчера од граѓанското здружение.


#
Статијата е прочитана 3078 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 02.07.2010 00:07:53
Така, сега ова стана владин приоритетен проект - градење кич со купишта народни пари! Колку што гласачите ги држи сеќавање - тоа не беше приоритет на ДПМНЕ на изборите во 2006 и 2008 година. Како нивни приоритет тогаш се нагласуваше економијата. Остваруваат? Ни случајно! ( http://otpor.log.ph )
Од: zapev
Датум: 02.07.2010 00:10:03
maked vo totalna ludost lud li e grujo da prestane gradbi toa e malverzacija so drzavni pari nit ustaven sud se pocituva pa sto e toa mafija vlada?????razubavuvuvanje na gradot???spomenik do sponik,crkvi,gluposti razbudete se ludje ova vlada e totalno luda.
Од: еден под јаремот на власта
Датум: 02.07.2010 00:28:18
Елизабета Канчевска-Милевска решила да се продолжи со градбата и покрај одлуката на Уставен Суд - веројатно се замислува римски император -друго објаснение не можам да најдам..И воопшто никако не можам да го разберам целиот овој инат на власта да продолжи со најнеинтелегентниот и најрасипнички проект во историјата на Македонија. Луѓе, дури и да се градат споменици се гради еден до два годишно - а овие запнале топтан да не удават во кичерајски и нефуункционални зданија само за да што побрзо исперат пари пред да си заминат од власта. Со боринче да баравме вакви луѓе немаче да најдеме - нити ум нити срце за стечајците и уште многу други очајници во земјава. Туку ај прво да си замине оној вечен бесрамен Бранко, дај нека се јави некој асален опозиционер за да можеме да се куртулиме од оваа чума од власт, која не зацрни како во турското ропство.
Од: ја
Датум: 02.07.2010 00:37:43
Заради вакви проекти и недомаќинско трошење на народни пари во време на најголема сиромаштија Глујо и неговите портокалови изроди од народот ќе добијат ШУТ КАРТА.Но и ќе треба и да ни одговорат како се трошеле нашите пари.А за коментирањето и непочитувањето на одлуките на Уставниот суд е тоа е посебно прашање.Некој и за тоа ќе треба дебело да одговара.
Од: sase
Датум: 02.07.2010 03:20:03
Dole vlada,dole vlada.Odetesi lopuzi i mafijasi,nikogas vece nema da dojde VMRO na vlast pa i neznam koj da dojde na celo na partijata. a narednata vlada treba da gi zatvori site lopuzi koi kradele narodni pari.Da zivee Makedonija..
Од: mene
Датум: 02.07.2010 03:53:58
E vaka odat rabotite ko ke mu dajs na seljak da napraj nesto,TRKALA.............
Од: STEVO
Датум: 02.07.2010 05:51:49
koga ke dojde den ovoj B.C. da ne srzi vo zabluda 50iljadi luge+i ustaven sud
Од: flying-monaco
Датум: 02.07.2010 07:19:56
Zalicvi na evropski grad,ke se gordee narodot a ke kuka onj koj ne mu se pruza moznost da manipulira so niv. No avtorot mnogu gi ocrnil objektite kako da se so vekovi stari. Dosta chivijashi i plackovci, ostavetegi lugjeto neka si gradat za vek ke ostani se ona sto se gradi. I vie koga ke dojdite na vlast ke ja imate istata moznost, ako ne gi zloupotrebite stredstvata kako i porano.
Од: Ace
Датум: 02.07.2010 07:22:55
Po izgledot na planiranite objekti, izgleda Julie Cezar ni bil pra-dedo na nas Makedoncite..Rimjanite ke ni zavidat..a ima i nesto Grcko vo izgledite...Se napreduva kon Multi-Istoriska Makedonija..Pa i zapad ke ni zavidi ..Ne samo sto sme Multi-kulturni pa i Multi-Istoriski -..Se e Multi.....samo ekonomijata nasa e Mono ...izgleda so ovie trosenja ke odime vo tro-dupla-depresija
Од: MK
Датум: 02.07.2010 07:24:08
stvarno ne go svakam ovoj narod. kako moze da e tolku galup. onoj B.C. Veli dajte gi parite na narodot. kaj se videlo nekoja drzava (ili bilo koj) da dava pari taka (za dzabe). sekoj mora parite da si gi zaraboti, a ako se gradi ovoj proeke ke se razubavi skopije + ke ima rabota za gradeznite firmi , znaci ke ima pari za rabotnicite.. da povtoram povtorno sekoj mora parite da si gi zaraboti. Besplaten sovet makedoncinja. sega koga vi gi ukinaa vizite prosetajte malku, videte kako funkcionira svetot. mnogu e loso koga covek ne videl nisto i se sto mi kazuvaat toj veruva. Bidete PAMETNI!!!
Од: Немојте
Датум: 02.07.2010 07:47:37
Немојте по убавите споменици. Овие невладини а се политичари од СДС. Ме нервираат со години, а јас сум народот. Прв пат македонско во Македонија се спомениците. Ама вам по цел ден во уши ви оди српска музика и српска ТВ гледате само за Србославија знаете затоа ви е чудно. Немојте ке ги бранам убавите споменици.
Од: marjan
Датум: 02.07.2010 08:43:55
dali nekoj se sekjava deka ustaven sud ponistil odluka vo vremeto na vladite na BC ?!? ili mozebi togas se bilo vo red!?!
Од: ilija
Датум: 02.07.2010 09:03:28
ajde za novinarskoto zapisce i da sfatam ama za komentatorite...tolkavi debili i idioti, pa da ne ni zasluzuvaat ubav grad bi im predlozil na vlastite da srusta se do sega napraveno i da go vrata skopje kako sto si bilo pred toa, odvratno gjubre od naseleno mesto koa prepotentno se narekuvalo grad za edno si site ovie komentatori koi za zal se negovi gragjani ne e ni cudo sto skopje do sega bilo tolku grdo. Propaliteti bedni pa civi pari da se trosat za drzavni i opstestveni objjekti ako ne drzavni...ako ste tolku zagrizeni za drzavnite pari ajde formirajte fondacija pa donirajte pari za spomenici i objekti od javno znacenje, za partiskite lizikurovci otidete kaj svoite oligarsi i kazete im da stanat barem malku meceni ineka doniraat finansii barem delumno vo razvivanjeto na gradot...od vakvi probisveti kako vas nemoze navistina da se podigne edna kriticka rasprava sto ke sodrzi strucnost i vizija...
Од: asdf
Датум: 02.07.2010 09:09:07
Браво така треба доста е веке само критикувате, се што се гради е добро без разлика дали е во времето на ВМРО или СДСМ. Напред ВЛАДА !
Од: Ајван Доктор®
Датум: 02.07.2010 09:15:46
Постојано се повикуваат на САД,на Запад и Европа!Велат,така било и таму!Замислете во некоја од наведените земји,или во Западна Европа,било каде во Капитализмот,ваква Дрска и Бесрамна Власт!Ним,нема да им се случи СДСМ,ним ќе им се случува Народот и тоа до оној момент,додека не си заминат од власта!Со Трпе,сопругот на Трпана,тоа е поинаку!Тој е навикнат да Трпи!Најверојатно,сеуште се надева на подобро утре,иако,не Втераа во Античкото Минато!Нерон решил да не го почитува Сенатот!Но Нерон,Знаел да глуми,Вајал,Цртал,Пишувал Поезија,Рецитирал цели Поеми наизуст!Николае,не знае ниту да ги прочита говорите,ниту да глуми,но тој е над законите,над државата!Ма,тој е самата држава!Ниту една власт,досега,не се однесувала со толку дрзок тон кон граѓаните и кон институциите на системот!Никој,досега,не бил толку игнорантен кон сопствениот народ!Никој не се поставил отворено против Законите!Каква неверојатна сила!Каква Ароганција!Каква „патриотска“Надменост!Браво!
Од: biljana
Датум: 02.07.2010 09:16:16
Dobro, kolku potpisi treba da se soberat od graganite za da se kaze ne ednas na ova ludilo na vladata.Komentarite - prazni muabeti,treba ovoj narod ednas da pocne da reagira.
Од: gv
Датум: 02.07.2010 10:08:03
Ministerkata za kultula javno izjavi deka nema da go pocituvaa odlukata na ustaven sud.Se prasuvam dokolku nekoj ne go pocituva sudksa odluka vo druga zemja ,znae sto znaci.Sramota za ovaa vlast.
Од: toni
Датум: 02.07.2010 10:13:23
ako anketata na iri e tocna togas neka se sprovede uste edna anketa na anketiranite kolku od niv se od provincija t. e. ne se so zitelstvo na gradot skopje
Од: ненад
Датум: 02.07.2010 10:31:00
Тотално забегаа, не се свесни дека навлекуваат се поголема омраза во народот. А министерката, па таа е пропагатор и уживател на кичот во сите сфери на културата! Ако и после ова, ние, граѓаните, дозволиме да ни се градат некакви порти, барокни паркинзи и сл. глупости, тогаш ништо подобро и не заслужуваме.
Од: Oskar.
Датум: 02.07.2010 10:32:28
Edinstven komentar na ova e SRAMOTA. Premierot uporno povtoruva deka deka saka i raboti vo interes na narodot a gi ignorira mislenjata na poveke od 65% od vkupnoto naselenie vo Makedonija, strucnata javnost i zastitnicite na Ustavot i Zakonite vo vrska so Proektot Skopje 2014.
Од: mkd
Датум: 02.07.2010 10:37:32
Mene ne mi e jasno od kade tolku napadjanje na proektot Skopje 2014??? I jas ne sum za nekoi proekti kako Triumfalnata porta,prskalkite vo Vardar ili dva mosta eden do drug no za se ostanoto SUM. Pa sakame li Evropski centar na glaven grad ili ne. Namesto da debatirate zosto spomenikot e 800.000 evra a ne 450.000 evra i dali nekoj ima korist od toa ili ne,vie razvivate debata DALI DA IMA SPOMENICI NA ISTAKNATI MAKEDONCI ILI NE??? Pa koj normalen Makedonec moze da se identifikuva so vasiot stav. Nad 80% go podrzuvaat proektot.Dosta so vasite naracani anketi. Sega debatirajte dali moze da se privlecat turisti za poseta na Skopje i da se vnesat svezi pari vo ekonomijata a ne samo za samounistuvanje. Sramota
Од: tihi
Датум: 02.07.2010 10:52:02
Koga ke dojdat vasite na vlast ke imaat prilika se ova da srusat. I se razbira potvrdeno od ustaven sud.
Од: ^-^
Датум: 02.07.2010 11:08:35
Samo napred, za ovoj narod vakva vlada treba. Ke imalo pari za gradeznicite... hahahaha Pari ke ima za edna firma od VMRO sto ke gi lapne site proekti a gradeznicite pak nema da mozat kraj so kraj da vrzat. Problemot vo ovaa drzava e sto nemame gragani... imame samo seljaci sto se doselile vo grad. Ili gragani od pogolemite sela niz Makedonija. A na covek koj ne videl kako demokratija treba da funkcionira i koj nema poveke od sredno ASUC ova mu izgleda super. Drzavata trebala da trosi drzavni pari... More prosta maso, drzavata nema DRZAVNI pari, drzavata nema firmi, toa se VASI pari, i namesto da se investiraat vo proekti koi se potrebni vie gradite grcki i rimski spomenici. Megutoa kaj nas narodot ne e naucen na demokratija, toa dobro go vide VMRO i sega vodi kako sto treba da se vodi, morkov pred nosot na magareto dodeka mu stavash luto piperce vo gazeto da ne se buni, isto kako po crtanine filmovi... Novo ime za Makedonija... nema potreba, vakva drzava nema da opstane uste dolgo.
Од: Agent za nedviznini od Viena
Датум: 02.07.2010 11:13:21
E vaka NARODE moj MAKEDONSKI...Gledate deka postoi nekoj koj e nad Ustavniot Sud na RM i se ponasa kako da e sam vo drzavata. Vo zapadnite DEMOKRATII nikoj ne pomisluva, a kamo li da ignorira odluki na edna takva Institucija. Sto bi rekle „Sam Aga, sam Pasha“. Samo da ve potsetam deka naskoro kje go imate zakonot od EU za smalena potrosuvacka na energija i kje morate da gi renovirate site objekti vo gradot, a fasadite vekje se ronat i prava srekja e sto dosega nikoj ne poginal. E od kade kje najdete pari, ne znam. Narodot po se izgleda povekje nema zatoa sto se mu zemavte. Bitno e deka forsirate KVAZIMODO Proekti koi nemaat dopirna tocka so Arhitekturata. A so 250 mio.€ kje se napravese uste edno Skopje.....
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.07.2010 11:52:18
Ова е скандал од светски размери.Владата не ја признава третата власт - судската.Дали народот може да не ја почитува владата и се да си дојде на свое место.Овие од власта навистина забегаа и сметаат дека ова е племе и племенски се однесуваат.Пастирот навистина мисли дека води 2 милиони овчички? Е нема да може.Не се согласувам да сун една од овците на Пастирот.Во други држави ваков потез на владата веднаш би бил протолкуван како диктатура што и во суштина и е.Претседателот - каде е да даде уште една ( недоветна) изјава? Може да ја окарактризира и како разумна глупост.Дали почнува да ни се разнебитува државата и дали власта го постигна она што и е цел, максимални поделби,рушење на институциите на системот и растурање на државата.Е тоа нема да може - па нека е и свети Гујо и уште стотици од Фамилијата. Народе, некој сака племенско уредување и диктатура а не држава од европски терк. Господе не им простувај - знаат што праат.....
Од: Професорка
Датум: 02.07.2010 11:55:00
Можете по нарачка колку сакате да пишувате коментари за “убавиот“ град Скопје и важноста да се гради (нормално без да им се плати на тие што градат). Ваква грдотија може да им се бендисува само на многу прости луѓе (тие дома што редат гондоли што светкаат во витрините), а мојот голем патриотизам со овој проект е урнат на НУЛА. Впрочем со кое право коментирате позитивно за оваа најголема кражба, кога огромен процент од народот се изјасни: дајте леб, не преспкапи споменици на глупоста.
Од: 3G
Датум: 02.07.2010 13:12:56
Чекајте малку. Овде пак и постојано нешто смрди. Кога владата вели сенародно изјаснување за името, на премиерот му порачуваат да превземе индивидуална одговорност без да се расправа со народот кој еднаш го избрал. Но кога владата нешто гради без непосредно да се расправа со народот, тогаш политбирото-„уставен„ и премиерот Грчев прават деструкција и бараат сенародна расправа. Ефикасноста на македонското расправање и одлучување односно неговата смрдеа и се добро познати на Европа па затоа таа ќе се задоволи само уште со Хрватска. На владата би и препорачал да продолжи со работата а Грчев, “уставниот„ и другите нека повелат лично да ги рушат Александар, Гоце, Даме и се друго.
Од: Трпе
Датум: 02.07.2010 14:00:51
Самиот народ си е виновен,кога на мистер мр Рејтинг,државата му ја даде во приватна сопственост.А сопственикот може што сака да си прави со приватната сопственост.А тоа не важи за сопственоста на обичниот граганин,кога нивната сопственост се наоѓа на имотот на големосопственикот(феудалецот)Радувајте се народе на се што има вашиот газда.Мора да го мине учителот Љубчо(а неговиот имот се проценува од 50 до 100 милиони евра)
Од: Зоран
Датум: 02.07.2010 15:01:13
Зошто секогаш се оспорува кога нешто се гради и слично, по долгогодишна стагнација на дршавата одиме напред, и пак само лошо и лошо да се коментира и само говор на омраза да има. Го поздравувам залагањето на сите државници за подобра иднина со сите постојани и нови проекти, најверојатно им е криво што немало вакво нешто порано па само плукаат сега! САМО НАПРЕД!
Од: kole
Датум: 02.07.2010 15:45:54
Do tamu li ja doteravme,da ne se pocituvaat ni odlukite na Ustavniot Sud.Aktuelnata vlast se stava nad Ustavniot Sud.prasuvam vo koj pravec se dvizi RM!!??
Од: Goran
Датум: 02.07.2010 16:51:25
Sram da im e na site sto se bunat za proektov. Najposle Skopje se izgraduva i obnovuva a vie placete kako vladata trebala da vi gi dade vam parite. Znam isto kako sto SDSM vi gi davase parite. Nisto ne izgradija vo 15 godini vladeenje ama lugjeto ziveea super i nemase nevrabotenost ni stecajci. Branko i Bucko se deleea ramnopravno... Kolku smesno zvuci se ova.... c c c

Најди! во Утрински
На прво место
Странците за новиот изглед на Скопје
Старделов