Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
На прво место

Старделов: Бесмислено е додавки на името

Охрид – „МАНУ не расправал и нема изградено став во врска со последните предлози за решавање на спорот за името што беа спомнувани во последно време во медиумите“, изјави во Охрид претседателот на Академијата, Георги Старделов.

„Не сме дискутирале за ова прашање, но, како Македонска академија и како наука, во континуитет баравме решение за овој спор и бевме уверени дека она што не смее да биде изменето во нашето име е Република Македонија“, рече Старделов, одговарајќи на новинарско прашање каков е ставот на МАНУ за предлогот Република Македонија - Вардар. Според него, прашање што треба да го решат политичарите, а не науката, е тоа дали во името ќе стои и нешто друго. 

„Науката знае само за едно, дека сме тоа што сме со милениуми и е наполно бесмислено од гледна точка на науката да предлагаме измени, некои додавки или не знам уште какви други решенија што би биле логични во политиката, бидејќи политиката е сфера на компромисот, а во науката компромисот нема значење“, истакна Старделов.

Во врска со пишувањата дека нема атмосфера за создавање нова енциклопедија, Старделов со став дека тие немаат никаква основа. „Сета работа се одвива според одлуките на Собранието на МАНУ. Формирана е нова редакција која веќе заседава и таа треба да изработи еден концепт, кој донекаде е изработен. Главниот уредник подготви текст кој има над 50 страници и во кој се сумираат ставовите и погледите на нашата редакција за тоа како да изгледа македонската енциклопедија во нејзиното понатамошно работење. Сега се слушаат секакви муабети, но тие немаат никаква основа“, рече Старделов.

Тој очекува во септември или најдоцна во октомври да заседава Собранието на МАНУ, кое ќе ја разгледа новата концепција и предлогот на редакцијата за сегашната енциклопедија.

„Уверен сум дека по Годишното собрание што го имавме пред извесно време, создадовме нова атмосфера во Академијата. Во таа смисла не може да се очекува никакво недоразбирање и никакви спорни решенија. Ќе настојуваме во границите на нашите можности да дадеме се' за да создадеме од овој простор духовно место во кое ќе проникнуваат сите културни процеси и тенденции, сите процеси на етничките заедници“, рече претседателот на МАНУ. (МИА)


#
Статијата е прочитана 714 пати.

Испрати коментар

Од: rada
Датум: 02.07.2010 06:37:58
stardelov trebal odamna da zamine vo penzija ima nad 80godini a ne da dava mislenje i da e na celo manu,sramota ima ludje 20god vece ne vraboteni so fakultet a nekoj do 90-100god na deset funkcii da e .
Од: Zoran Bogatinov
Датум: 02.07.2010 07:37:33
Bravo za Stardelov. Po mnogute razijduvanja zaradi insceniranite vestacki pritisoci koi se efektuiraat na nacionalnata ili patriotskata pozicija na Makedonija, se odvazi da kaze deka nema otstapuvanje nitu za jota od iskonskoto ime na drzavata. Toa sto Stardelov go napravi treba da bide urnek i za drugite pretsedateli na eminentnite institucii za da go propagiraat obedinuvanjeto okolu kauzata, taka kako sto nasite sosedi go imaat napraveno pred 200 godini. I neka posluzi za primer na politickite partii sto vo borbata za vlast ja dezavuiraat pozicijata na Makedonija osobeno pred nadvoresniot faktor. Kamo sreka i toa da go vidime, zasto koga ke se sozdade makedonskiot zid, nema da mu bide lesno nekomu da go preskoci. Vaka, dodeka nema luge od kovot na Stardelov, ke preoga niz dupkite na makedonskoto razedinuvanje.
Од: Јован АН
Датум: 02.07.2010 07:47:29
Не само што е бесмислено туку е и кукавичко,понижувачко,навредливо,погубно,...
Од: Лажат
Датум: 02.07.2010 07:58:58
За оваа вест кога академикот точно кажа несмее да се дели името Република Македонија на ТВ со прва буква и број излажаа и рекоа дека академикот се согласил со РСевернаМ. Па тие известуваат што некој рекол или си тераат нешто нивно.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 02.07.2010 12:28:35
Akademicite tolku dobro i napravija na Makedonija ta nikako da se opravime od dobroto. Dali nesto srabotija vo izminative godini - osven enciklopedijata i toa ispadna deka se frleni pari???.Neka se zafatat poseriozno za energetikata ( ne kako za mali deca) i za ekonomijata so elaboracii i predlog resenija a ne mlatenje na prazna slama za golemi pari. Vlastitutkive se namnozija kako staorci vo kanalizacija.

Најди! во Утрински
На прво место
Странците за новиот изглед на Скопје
Владата нема да го запре „Скопје 2014“