Фудбалски вести
Евертон го спречи Челзи да биде лидер
Во последниот меч од 18. коло Евертон и Челзи на „Гудисон Парк“ одиграа 0:0, што значеше второ место за тимот на Сколари пред петочниот „боксинг деј“. Евертон не одигра кој знае каков натпревар но Челзи скапо го чинеше непромислениот потег на капитенот Џон Тери, кој поради крвничкиот старт над Осман во 35 минута, заслужено доби црвен картон. Стартот и одлуката на судијата Фил Дауд не ја коментираа од менаџментот на Челзи сметајќи дека може да влетаат во дополнителна неволја ако кажат што мислат. Краток коментар даде само голманот Петр Чех:
„Тешко е за судијата во вакви ситуации. Има само една секунда да реши како ќе реагира. Имаше старт, а тој одлучи дека бил претежок. Се случува некогаш да мора да играш со 10 играчи“, вели Чех и додава: „Штета. Имавме шанса и на претходните натпревари да бидеме први, но не ги искористивме. Шампионатот е крајно интересен. Неколку тима имаат подеднакви шанси“.
Табела: Ливерпул 39, Челзи 38, Астон Вила 34, Манчестер јунајтед 32, Арсенал 31.....
Липи: Спалети е најдобар тренер, Барса ќе ја освои ЛШ, Интер скудетото
Селекторот на Италија Марчело Липи, е импресиониран од работата на тренерот на Рома Лучијано Спалети, велејќи дека е најдобар тренер. „Видете што направи лани, како му се спротивстави на Интер со далеку полимитиран состав. И кога заминував од Јувентус во 2004 година им кажав на Моџи и Бетега да го доведат во Торино“, посочи Липи и додаде:„Мислам дека Барселона е најдобриот клуб во Европа во моментов. Каталонците ќе ја освојат ЛШ, а Интер ќе слави во Серија А“.
Фергусон се надева на блага казна за Видиќ
Манчестер јунајтед е нов клупски првак, но неговиот трон во Европа е сериозно доведен во прашање поради фактот дека Немања Видиќ нема да може да игра во осминафиналето од Лигата на шампионите против Интер, на 24 февруари во Милано. В��диќ и Фердинанд се одличен тандем во последниот ред на Јунајтед и сигурен бедем пред налетите на Златан Ибрахимовиќ.
Според, правилата на ФИФА, играч кој ќе заработи црвен картон на Светското клупско првенство, автоматски не може да игра на наредниот натпревар на „конфедерално ниво“, што во случајов се однесува на ЛШ. „Тој ќе добие најмалку еден меч казна. Луѓето може да ја видат снимката и да заклучат што се случи. Тој не замавна со лакотот со намера да го удри противникот. Тој само го одбутна. Тоа се случи пред судијата, кој немаше друг избор освен да му покаже црвен картон. Се надевам дека ФИФА нема да биде остра“, изјави менаџерот Алекс Фергусон.
Капело: Само Јуве може да му се спротивстави на Интер
Селекторот на Англија Фабио Капело тврди дека Јувентус е единствениот тим во Италија кој може да му биде конкурент на Интер. „Јувентус е единствената алтернатива на Интер. Меѓутоа Интер има толку добра екипа што е многу тешко некој да му ја земе титулата. Тешко е да се игра против таков тим“, смета Капело. „Јувентус покажа дека е во одлична форма и кој знае може нешто и да направи“, додаде Капело.
Арсенал, сепак, го купува Аршавин
Откако е потврдено дека Саск Фабрегас поради повреда ќе мора да биде надвор од теренот три месеци, повторно се актуелизира трансферот на Русинот Андреј Аршавин на „Емирати“. Директорот на Зенит Максим Мотрофанов изјави за радио Москва дека се надева дека Арсенал ќе ги плати 20 милиони фунти, колку што бара неговиот клуб. „Таа е цената за Аршавин и мислам дека Арсенал во скоро време ќе ја прифати“.
Исто така руските медиуми објавија дека Аршавин минатата недела го посетил Лондон поточно двата клуба од северот на градот Арсенал и Тотенхем.
Овен ги прекина преговорите
Мајкл Овен ги прекина преговорите со Њукасл за продолжување на договорот, кој му истекува на крајот на сезоната. Англиските медиуми шпекулираат дека Овен сака уште во овој зимски рок да го напушти Њукасл и да премине во Ливерпул или Реал Мадрид. Тој сепак ги демантира тие гласини: „Весниците се полнат со невистини. Сигурно е само дека договорот со Њукасл ќе го исполнам до крај, а потоа на лето ќе размислам што ќе правам“, тврди Овен.
со Њукасл |