Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
На прво место

Има ли кодоши во ДУИ?

ДПА во улога на „партиски лустратор“, а во Комисијата за лустрација се внимателни

Оливера Војновска, Гојко Ефтовски

Има ли кодоши во Собранието, дали тие се кријат само во редовите на владината ДУИ, како што тврди ДПА, или можеби на нив не се имуни и другите партии од власта и од опозицијата? И додека ДПА се внесе во улогата на „партиски лустратори“ и го впери прстот во ДУИ, во Комисијата за лустрација се внимателни. По минатомесечниот испад на експретседателот на Комисијата за лустрација, Јанаќе Витановски, кој рече дека „се сомнителни најмалку десетина државни функционери меѓу кои седум-осум пратеници од овој собраниски состав“, актуелниот претседател на Комисијата, Томе Аџиев е прилично воздржан. Тој тврди „дека не кријат ништо, дека има предмети во редовна процедура на проверка на изјавите и досега дека нема одлука за ниту еден функционер“. Иако ДПА најави, сепак, вчера на прес-конференција не го соопшти „кодошот од ДУИ“. Туку на Комисијата за лустрација и' даде рок од една недела да го стори тоа. Во меѓувреме, премиерот Никола Груевски изјави дека не е задоволен од досегашниот тек на процесот на лустрација и и' порача на Комисијата за лустрација дека треба да работи поенергично.

Партијата на Мендух Тачи тврди дека го знае кодошот што соработувал со тајните безбедносни служби. Името се' уште го чува во тајност, но велат, не за долго време.

„И самата ДУИ призна дека во редовите на нивната пратеничка група најмалку еден пратеник бил соработник на тајните служби. ДПА сега нема да го објави неговото име. И даваме уште една можност на Комисијата за лустрација да ја спроведе нејзината законска обврска и да го расчисти случајот“, соопшти вчера портпаролот на ДПА, Љуан Треси. Притоа, ја предупреди Комисијата за лустрација доколку не го стори тоа, дека ќе поднесат кривични пријави против лустраторите и ќе го обелоденат „името на пратеникот кодош од редовите на ДУИ“.

Аџиев вели дека „не коментираат шпекулации, туку верификуваат факти и работат исклучиво според Законот за лустрација“. Тој негира дека некој вршел притисок врз лустраторите да ги скријат кодошите.

„Политичките партии нека си прават политика, а ние, како државен орган, работиме според законот. Можеби некој во партиите сака да прави политичка кариера, можеби некој друг ќе му го турне сандакот, па ќе се качи над него, не навлегувам во тоа. Комисијата не ја интересираат такви работи“, вели Аџиев.

Доколку Комисијата се посомнева во нешто и има некакви индиции, ќе спроведе постапка.

„Разгледуваме документи и кога ќе заврши целата обработка, ќе има седница и ќе донесеме одлука“, ја објаснува тој постапката. Притоа, нагласува дека Комисијата не смее јавно да објавува дали некој од функционерите не ги исполнува законските услови или дал лажна изјава дека не бил соработник на тајната полиција. „Доколку се констатира такво нешто, се известува парламентот, судот, односно институцијата која го избира и разрешува функционерот“, напоменува претседателот на Комисијата за лустрација. Потсетува дека Уставниот суд ја укина одредбата за објавување на имињата на луѓето што не го исполнуваат дополнителниот услов за извршување јавна функција во „Службен весник“. Аџиев вчера уште рече дека Комисијата има добра соработка со четирите институции задолжени за соработка со нив - Архивот на Македонија, УБК, Агенцијата за разузнавање и Секторот за безбедност и контраразузнавање при Министерството за одбрана и дека не бараат законски измени во овој дел.


#
Статијата е прочитана 1459 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator..prviot ne vcerasniot
Датум: 16.09.2010 12:29:48
Ete..kako Albancite samite sebe si pagaat vo usta ...veke 20 godini verglate deka ste bile zapostaveni vo instituciite ...uste i od Titovoto vreme ..a ona od Vasta fela ste imale ..i grst luge...sorabotnici na tajnite drzavni sluzbi za koi sega prigovarate deka bile KODOSI...Od kaj ispadna ova...sto ne kazavte ova pred Ohridskiot dogovor..ili togas ne VI odese vo prilog deka ne ste bile obespraveni...???
Од: realen albanec
Датум: 16.09.2010 17:11:03
prashanjeto e glupavo. pa nie albancite sme najkodoskata nacija vo svetot . i dui i dpa se drushtvo na kodoshi toa se znae. se znaat tvorcitw na site albanski partii (UDBA i segashnata makedonska tajna sluzba) taka da ne treba tie da baraat kodoshi vnatre vo partijata posto site se kodoshi..pozdrav do utrinski najdobri ste

Најди! во Утрински
На прво место
Се бараат виновници, а нема херои
Станарите се спасија од 300 евра глоба






Another French general takes over as head of Eulex
EU officials and Brammertz clash over Serbia
Fear of toxic sludge spread after Hungary catastrophe