Прочитав неодамна еден коментар на кандидатката за заменик- претседател на САД од редот на републиканците, Сара Пејлин. Таа изјавува дека доколку Грузија беше членка на НАТО, САД ќе беа веќе во војна со Русија!? Не можам да сфатам како еден политичар да даде таква несоодветна изјава.
Америка има учествувано во доволно војни во последниве 65 години, во кои страдале многу војници и цивили и оттаму таа има доволно непријатели во Африка, Блискиот Исток, Европа и насекаде во светот. Не треба да се заборави дека Русија не е Ирак, Иран или Кореја, па постои можност од креирање на светска војна за кусо време.
Правилата и договорите на кои темели НАТО би ги обврзале САД да би биле во војна со Русија доколку Грузија беше членка на НАТО. Тука нема избор. Алтернатива е промена на тие правила, што значи дека не би требало сите земји од НАТО да интервенираат доколку една членка е нападната. Но тоа ќе ја негира причината за постоење на НАТО, заедничка заштита на членките од воени напади.
Од: девичанецот
Датум: 22.09.2008 09:50:07
Правилата на игра се едно, реалноста е друго.
Немојте да верувате дека Америка ќе војува со Русија заради нас или Грузија, ако сме членки на НАТО.
Тоа се само илузии.
Од: jovan
Датум: 22.09.2008 14:30:23
Vo 1999 koga NATO ja bombardirase Srbija, znaci koga NATO bese vo vojna so Srbija avtomatski site clenki na NATO bea vo vojna so Srbija. Spored taa logika i Grcija bese vo vojna so Srbija, so toa sto vo Grcija konvoite na NATO vojskata bea napagani i kamenuvani od strana na Grcite. (Nesto slicno kako kaj nas koga Latas napagase i krsese Ambasadi). Dali Grcija bese kazneta za toa? Ne. Taka da po se izgleda ova NATO-vo e veter i magla. I samite neznaat koj im e glaven i koja im e celta na postoenje. Ke objavele vojna na Rusija, ama prasanje koj od nivnite clenki ke prifati da se "tepa" so Rusite i da gine vo Gruzija.