Брoj 2793  понеделник, 22 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Телефоните поскапи од струјата

Панче Каев, Скопје

Во Македонија има околу 650.000 домаќинства и околу 70.000 претпријатија на правни и физички лица, корисници на телекомуникациски услуги, од кои за 2007 година се наплатени, ни повеќе ни помалку, огромни средства, за на крајот по намирување на сите трошоци, една од фирмите во оваа област јавно да изјави дека е остварена дивиденда од 120 милиони евра, која ќе ја подели на акционерите. Ова сума пресметана во денари изнесува 7,392 милиони. Со овие пари во текот на една година може да се направат три-четири добри фабрики во Македонија. Како се заработени, сигурно дека се легално. Но, зошто толку е висока печалбата, кога веќе се покриени вкупните материјални трошоци и личните доходи на вработените и зошто електростопанство не може да дели дивиденда, не може да ги одржува објектите и нема средства за нови инвестиции. Затоа што неговата електрична енергија некој друг ја користи и продава енормно високо. Еве малку матетематика.

Новиот фиксен телефон во најниската претплата нуди цена од 1,17 ден/минута или ако разговарате еден час треба да платите 70,20 денари. За мобилен и за повици во сопственета мрежа цената е 5,88 ден/минута, а спрема другите мобилни мрежи 11,78 ден/мин.

Кај „Македонски телеком“ цената за фиксен телефон е 1,18ден/минута, а кон други мрежи е повисока за 40 отсто. За повици кон мобилни мрежи цената е 11,79 ден/мин. Но, овде треба да се спомне дека во фиксната има претплата од 470,82 ден. со ДДВ. Со оваа претплата од вкупниот број домаќинства, месечно се добива од околу 306 милиони денари или на годишно ниво 3,67 милијарди денари, односно 59.616.818 евра. Со претплатата цената од 1,18ден/мин се зголемува на 2,12ден/мин, односно повисока е за 79,80 проценти.

Во нормална тарифа еден оператор нуди 7,70 ден за минута или за еден час разговор треба да платите со ДДВ 545,16 ден. За споредба - колкава е потрошувачката на електрична енергија на овие уреди кои работат на слаба струја( на многу понизок напон од дистрибутивниот). Секако, многу мала.

Во едно семејство, домаќинката за два часа, правејќи ручек на една рингла, на поскапата тарифа, може максимално да потроши 4 квч по цена од 2,68 ден. за 1квч, или вкупно 10,72 денари. И ајде сега кажете, што е поскапо? Кокошката или јајцето? Но, ние сме навикнати да штедиме каде што не треба, а комотни сме таму каде што не треба. Податоците зборуваат дека во едно домаќинство во просек има по три мобилни телефони и тоа од оние со повисоките цени и еден фиксен телефон. Сметките за електрична енергија и телекомуникации се 1:2, па и повеќе, во полза на телефоните.Тоа порано не можело да се замисли . Но, така е, меракот нема цена и секој си купува тоа што му треба. Но, кај дел од населението, кои имаат мерак, а немаат пари, тие постепено се претвораат во идиоти (можеби не е соодветен зборот), затоа што им е многу скапо да го користат телефонот или мобилниот, па пријателските разговори се сведуваат ��а неколку збора „како сте, што првите, ние сме добри и ај доста е разговор ,скапо е и пријатно“. Тоа не се придобивките на цивилизацијата, на современата техника и грижата за потрошувачот. Тоа оддалечува. Ова е невидено осиромашување на дел од населението во Македонија од неколкуте понудувачи на овие услуги, кои безмилосно, преку разни реклами го влечат и последниот денар. Дали е така надвор од Македонија. Уште полошо е состојбата што кај при-пејд корисниците, кои однапред ги финансираат мобилните оператори, претплатата ви е ограничена со временски интервал, ве опоменуваат дека рокот ви истекува, дека ќе бидете надвор од сообраќај и дека треба да дофинансирате. По наше, старите луѓе овој чин го викаат присилување. Да не можеш спокоен да бидеш и твоите уплатени средства да ги користеш според сопствените потреби. Непристојно и неделовно од операторите.


Статијата е прочитана 489 пати.

Испрати коментар

Од: alo alo
Датум: 22.09.2008 08:21:11
Interesna matematika, no za zal dnevnite potrebi za struja na edno domakinstvo se daleku nad dvata casa potrebni na domakinkata da zgotvi rucek. Vprocem, za razlika od strujata, telefonot veke ne e monopolska usluga, pa pazarot i konkurencijata kolku-tolku si go pravat svoeto. Za zal, so strujata ne e taka i prasanje dali nekogas ke bide.
Од: jane
Датум: 22.09.2008 10:10:07
dzabe da komentirame.Se e kazano za telefonot. Pa taa dividenda od 120 mil evra telekom ja deli so drzavata zaedno. I se e jasno tuka. Pa voglavno tamu rabotat deca na majka koi treba da zemaat ubavi plati i tn i tn . Na zalost toj telefon ne e normalen biznis, tuku biznis pod navodnici . A za atrujata, ako cenata se postavi proporcionalno so telefonot smetkite bi bile nekade okolu 200 evra mesecno po domakinstvo.
Од: A
Датум: 22.09.2008 14:57:48
Koj go prodade telekomot ?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Се откажавме ли од НАТО?
Да водиме љубов, а не војна