Број 2933  среда, 11 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Втора страница

„Тривју“ и „Хаер“ најавија нова и брза инвестиција во „Бунарџик“

Компаниите сакаат идниот месец да почнат со фабриката за ЛЦД-монитори и за компјутери, Владата забрзано се подготвува

Маја Томиќ



Корејската „Тривју“ и кинеската „Хаер“ деновиве склучиле договор за заедничка инвестиција во „Бунарџик“. Информацијата е објавена завчера на веб-страницата на „Тривју“, а од неа пријатно била изненадена Владата, особено што таа доаѓа во „вистинскиот момент“, во ек на изборните кампањи. Поради тоа што и двете компании договориле дека сакаат наредниот месец да започнат со инвестицијата, односно градењето на заедничкиот објект, во Владата забрзано се вршеле подготовки за завршување на техничките детали.

Според директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, претставници на двете компании ќе пристигнат деновиве во Македонија и до крајот на месецов Владата треба да потпише со нив два договора, едниот за закуп на земјиштето, а другиот за бенефиции на инвестицијата, согласно со Законот за слободни индустриски зони. Мизо нагласува дека контактите со „Тривју“ не прекинале откако минатата есен Владата потпиша со неа меморандум за соработка, а само дополнителна поволност е што компанијата решила да влезе во заедничка инвестиција со „Хаер“. Двете компании веќе имале готов проект за инвестицијата во „Бунарџик“. Новиот објект ќе биде на истата површина договорена претходно, но капацитетот ќе биде проширен, затоа што ќе се произведуваат, покрај ЛЦД-монитори и опрема, и десктоп и лаптоп-компјутери. Се планира годишно производство од 400 до 500 илјади парчиња.

„Изградбата на фабриката би требало да започне во април, а производството да стартува до крајот на годинава. Можеме да очекуваме поголем број вработувања, околу 200, д��колку се работи со полн капацитет, а во прво време извозот на производите ќе биде во земјите на Југоисточна Европа. За Македонија посебно значајно е тоа што во услови на економска криза се' уште постои интерес кај странските компании за инвестирање“, изјави Мизо.

Лани во октомври „Тривју“ и Владата потпишаа меморандум за разбирање, со кој компанијата најави отворање фабрика за ЛЦД-монитори и телевизори. Таа требаше да почне да се гради оваа пролет. Стануваше збор за инвестиција вредна четири милиони евра, со која требаше да се вработат 100 лица. Со меморандумот, „Тривју“ се обврза дека ќе закупи 2,5 хектари во „Бунарџик“ и на површина од 4.200 квадратни метри да гради двокатна хала.

„Тривју. ко. лимитед“ има седиште во Сеул и своите производи ги продава на локалниот корејски пазар и во САД. Компанијата е една од десетте водечки во светот по ЛЦД-монитори според најсовремена технологија. „Хаер“, пак, е една од најголемите кинески компании за потрошувачки добра. Во светски рамки е четврта компанија за производство на бела техника и има повеќе од педесет илјади вработени.

Зоната „Бунарџик“, амбициозниот проект на Владата, моментално функционира само со една активна инвестиција на американската „Џонсон контролс“, која започна во стартот на 2008 година. „Тривју“ и „Хаер“ влегуваат во списокот на останатите најавени компании кои се' уште не започнале со инвестиции. Непосредно пред ланските вонредни избори, британската „Џонсон Мети“ најави дека ќе ги удри темелите на фабриката за катализатори. Но, тоа не се случи тогаш, туку дури кон крајот на 2008. Засега не се знае кога ќе биде стартот на производството.

Инаку, на списокот на заинтересирани компании за „Бунарџик“ фигурира и словенечка „Искра“, која поради кризата, на крајот на 2008 ја одложи инвестицијата за неколку месеци. Фабриката требаше да стартува со работа лани во септември и да произведува електроматеријали. Од истите причини и француската „Монтипе“, со која Владата непосредно пред вонредните парламентарни избори лани во Париз потпиша меморандум за разбирање, ја одложи за неколку месеци изградбата на фабрика за производство на алуминиумски глави за мотори. Инвестицијата беше околу 60 милиони евра.

Од италијанската „Орланди“, која произведува автомобилски делови и со која Владата исто така лани потпиша меморандум за разбирање, се' уште нема поконкретни најави ниту за старт на инвестицијата ниту за откажување. Лани имаше најава за потпишување меморандум со „Еуро Хормонес“, мешовита домашно-странска компанија, додека со турската „Бортекник отомотив“ , фирма за алуминиумски профили, лани Владата парафира меморандум за соработка. Таа најави дека оваа пролет ќе започне реализацијата на инвестицијата, вредна 20 милиони евра.

Најголем дел од инвестициите беа најавени во рамки на ланската владина кампања „Инвестирајте во Македонија“, а 2008 беше посебна за „Бунарџик“. Зоната имаше ударно место во сите промоции на владините бизнис-турнеи во САД, Италија, Франција и Турција, како и во повеќе држави каде што беа распрснати економските промотори на Владата. Сепак, изостанаа позначајни ефекти.

Останува прашањето која ќе биде крајната корист на државава доколку се остварат инвестиции и дали Владата ќе им даде некои екстра-бенефиции само во нивна корист. Прашањето потекнува од примерот со „Џонсон контролс“, со која Владата има договор за инвестициски вложувања. Според него, во периодот од 2007 до 2011 година компанијата ќе добие најмалку 4,5 милиони евра државна помош. Односно околу 2 милиона евра за изградба на објектот и малку повеќе од тоа за тренинг на вработените. Владата се обврзала и во рок од две години да исплатува по 50 отсто од бруто-платите на вработените и за период од октомври 2007 до декември 2008 година за таа цел се дадени околу 315.000 евра.

 


Статијата е прочитана 849 пати.

Испрати коментар

Од: miki maus
Датум: 11.03.2009 00:17:30
neka vidi sdsm i branko kako se raboti a ne samo da klevetat po tv.bravo za gruevski
Од: весна
Датум: 11.03.2009 02:16:20
Браво само така треба да се работи напорно и да се носат инвеститори, а злобниците нека зборат што сакаат, кога може да доаѓаат инвестиции во светска криза значи добро се работи.
Од: Emil
Датум: 11.03.2009 04:15:13
Odlicna vest.Pa normalno vladata ke treba da im dava beneficii na sitee kompanii i ne samo stranski tuku i domashni osobeno vo sferata na trening i prisposobuvanje na rabotnata raka.Za zal vo tehnickite skoli vo Makedonija TEORIJATA zazema primarno mesto a za praksa profesorite nemaa vreme pa zatoa ke mora sega da se plakja za dokvalifikacii i prisposobuvanje na rabotnata raka.Ima slucai da elektro i mashinski inzineri-genijalci vo teorija da ne mozat da performiraat vo praksa.Zatoa site ucenici vo tehnickite skoli smetam deka treba barem najmalku 2 dena nedelno da imaat prilika na prakticni vezbi i zadaci a ne samo da bubaat napamet.Zatoa mnogu genijalni umovi od tuka zaminaa vo stranstvo(nemoznosta da se dokazat zaradi "vrska sistemot" i malite plati).Pozdrav
Од: dragan
Датум: 11.03.2009 04:41:12
ne treba drzavata da im zema danok na tie stranski kompanii , dovolno e sto investirale vo mk , i sto vrabotuva .
Од: Aleksandar Mali
Датум: 11.03.2009 07:04:01
Баш сега во Март,пр��д избори,се затрчаа сите да градат фабрики...И не само фабрики,туку и патишта,хидроцентрали и што уште не.Срамотилаци.Па не сме ние малоумни.
Од: nemir
Датум: 11.03.2009 07:17:51
Bi bilo interesno da se napravi anketa, kolku domasni investitori bi resile da investiraat pod uslovite koi gi dobi Johnsons Control ?
Од: Таен агент за инвестиции
Датум: 11.03.2009 08:12:36
Можеби, од незнаење, грешам кога велам: имињава на фирмиве ми делуваат „светски“, ама она „нова и брза инвестиција“, не грешам, ми делува „вмровски“. Кога ќе дојдат, пред избори, за „потпишување“, што ли ќе носат како знак за идентификација странците од далекиот исток? Го паметиме „ранчерот“ со Тексашки шешир, оној за 10.000 крави.
Од: mile
Датум: 11.03.2009 08:26:37
браво за владата. и во услови на најголема светска криза во историјата кога се затвараат милиони фабрики ширум светот кај нас доага голема инвестиција и тоа во високо софистицирани производи.БРАВО И САМО НАПРЕД

Најди! во Утрински
Втора страница
Карикатура
Вербатим
Став на партијата на Меркел
Изборна клетва