Број 2987  сабота, 16 мај 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Стратегијата на Андов за името се' уште чека

Стратегијата за решавање на спорот со името, предложена од парламентарецот Стојан Андов, која од февруари чека да дојде на дневен ред на седница на Собранието, најверојатно, ќе го дочека тоа во текот на првата декада од јуни. Андов вчера за медиумите изјави дека во средата од шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски, добил писмо во кое тој му предложил работна средба околу стратегијата при крајот на овој месец.

„Да седнеме да поразговараме, да видиме, не знам што да видиме, но тој сака да каже некои работи, нека ми ги каже, в ред е“, го коментираше Андов предлогот за средбата, додавајќи дека потоа не може веќе никој да го запре и нема никакво оправдување неговиот документ да не оди на седница на Собранието. „Очекувам првата декада од јуни тоа да биде на седница“, вели Андов. Тој информираше дека одложувањето на ставање на стратегијата на дневен ред на Собранието во февруари било побарано од Владата поради изборите.

Андов прашан за советниците на претседателот кои се залагаат за прекин на преговорите со Грција, како што се професорите Светомир Шкариќ, Димитар Мирчев, кратко изјави: „Многу империи пропаднале поради лоши советници“. „Секој сам си избира советници, претседателот сам си ги избрал“, изјави Андов. Според него, можеби луѓето ќе ги променат своите ставови, бидејќи изјавите на претседателот во Брисел „дека веќе ја напушта фамозната двојна формула, се во друг правец од овие совети што порано ги давале овие професори“, коментираше Андов. (Т.Г.)


Статијата е прочитана 468 пати.

Испрати коментар

Од: Современик
Датум: 16.05.2009 10:00:06
Чинам дека на овој народ македонски и напатен му е доста од политичари кои го минаа времето во ДФ Македонја, НР Македонија, СР Македонија и сега во Р. Македонија. А тоа е името на Стојан Андов. А, можеби, на народот и таков и му треба и не заслужува подобар. Сам ја измисли Лустрацијата и вешто ја избегнува.
Од: ако е така што бараме во антиката..
Датум: 16.05.2009 12:55:41
Има и друга страна медалјонот.Не мора да се зема *се* од ФНРЈ наваму,ама од сето тоа искуство може да се извлече мал *екстрат*,кој не би било лош за имплементација.Изгледа навикнати сме само на готови разработени задачи а се плашиме од формули.Е,тоа што сме неуки да ја започнеме првата фаза,замена на општите броеви со посебни,да го почитуваме редоследот на операциите.и да стигнеме до некаде,каде ако имаме проблем со *вишата математика*тогаш ке дојдат *експерти*,и така се работи.Така е кога нејќеме екстерно.Од интерното видовме до каде стигнавме.

Најди! во Утрински
Политика
Поштарот за името чукна на вратата на Иванов
Што се случуваше во „лирџетот“ над Брисел
Димовска молчи за спомениците во Скопје