Број 3468  вторник, 28 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Скопје

По 30 години, пожарникарите се подновија со опрема

Реновирани се и санитарните јазли и бањите, а набавена е и нова летна униформа

Два нови спасувачки чамци со мотор, две теренски возила „лада нива“, специјализирана термокамера за зачадени простории, како и противпожарни ракавици и поткапи се набавени за вработените во противпожарната станица во Автокоманда. Новата опрема вчера ја презентираа градоначалникот Коце Трајановски и командантот на бригадата за ППЗ, Благоја Менковски, притоа соопштувајќи и за реновираните санитарни јазли и бањи, набавка на информатичка и канцелариска опрема, нови возила и летни пожарникарски униформи.

Пожарникарите од Автокоманда рекоа дека со новите чамци ќе можат побрзо да дејствуваат во случаи на несреќи со давеници низ реките, но се пожалија дека се' уште немаат доволно услови за работа и соодветна обука.

„Исто како и сите други противпожарни помагала, нашиот единствен чамец беше стар 30 години. Сепак, иако добиваме нова опрема, не знаеме како да користиме дел од неа. Ете, презентираат термокамера, единствена од овој тип во државава, а денеска првпат ја гледаме“, рекоа неколкумина од пожарникарите.

Опремувањето на бригадата во Автокоманда го чинела Градот 20 милиони денари, не вклучувајќи ги трите противпожарни возила што се добиени од Владата. Освен нив, во 2011 година преку Дирекцијата за заштита и спасување ќе се набават уште две вакви возила.

„Бидејќи има недостаток на противпожарни станици низ градот, во план е изградба на нови објекти во Чаир и ви Бутел, но и реновирање и префрлување на пунктот во Ѓорче Петров на нова локација“, рече градоначалникот Трајановски, потенцирајќи ја заложбата за рамномерна распореденост на противпожарните објекти. (Б.Ш.)


#
Статијата е прочитана 706 пати.

Испрати коментар

Од: Goran
Датум: 28.12.2010 16:43:51
A za sto im se camci vo Skopje? Za pozar na Vardar? Smeski
Од: м и л ч о
Датум: 28.12.2010 20:30:48
господине чамците ке се користат за плажата на коце -- ке има можеби прошетки по вардар 2014..коце си знае ,убава работа од секаде доага по малку ,,б р а в о ,,
Од: zulum
Датум: 28.12.2010 23:43:03
Gorane ne tropaj koga nemas dve cisti. Ako ne si znael protivpozarnite sluzbi vo cel svet se i spasuvacki sluzbi, ubavo ti pisuva vo tekstot, za spasuvanje na davenici po rekite ili golemi poplavi. No mene me interesira drugo, kako moze da nemaat vo protivpozarnite sluzbi nekoj koj e poeduciran vo ovaa oblast, koja ja znae ovaa tehnologija. Ako tolku nemaat nikoj, pa neka zaposlat be nekoi nov mlad kadar, Makedonija ima pametni, uceni deca, sto gi drzat tie nesposobni.

Најди! во Утрински
Скопје
Среде зима се остриме за градска плажа
Новогодишната магија се прелеа по улиците
„Пелистер“ и „Тренд“ први ќе добијат барокни фасади
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks