Изнесени 171 кубик ѓубре
Во тридневната акција „Заедно за чисто и зелено Скопје”, во Општина Ѓорче Петров се подигнати 171 кубен метар отпад. Истовремено е извршена и репарација, поправка и дезинфекција на контејнерите. Измиени и изметени се поголемите улици во општината, а дел од нив ги „светнаа“ и цистерни. За потребите на јавната хигиена во Ѓорче Петров, на улиците „Адолф Циборовски“, „Воин Драшковиќ“ и „Македонски војски“ беа поставени и дополнителни 12 репарирани контејнери, а осумте оштетени беа поправени. (С.Н.) |