Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Херцог: Македонија е на добар пат

ОХРИД – „Македонија сака и треба да биде член на ЕУ. Има уште многу предизвици, но, сега, во споредба со пред 12-13 години, можам да кажам дека државата е на многу добар пат“. Ова го изјави поранешниот германски претседател Роман Херцог, кој во Охрид ќе биде одликуван со орден „8 Септември“, највисоко македонско државно признание, кое може да го добие некој странски државјанин.

Херцог посети повеќе охридски културно-историски знаменитости во придружба на македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој на свечена церемонија во вилата „Билјана“ ќе му го врачи орденот.

Претседателот Иванов истакна дека Херцог како член на Бадентеровата комисија придонесе Македонија, покрај Словенија, да добие препорака дека ги исполнува сите услови да се отцепи од поранешната југословенска федерација и да биде независна и суверена држава.

„Оваа година симболично славиме 18 години. За многумина тоа е полнолетство, но нашето полнолетство се оствари во 1991 година кога ја донесовме одлуката да бидеме самостојна и независна држава. Бадентеровата комисија беше таа што врз основа на Уставот на новата држава ја донесе таа одлука“, рече Иванов.

Македонија, додаде шефот на македонската држава, никогаш не ги заборава своите пријатели. „Прославата на 18-годишнината од државноста е вистински момент да му оддадеме признание на Херцог за сето она што го стори за Македонија. Тој покажа дека ние како држава имаме перспектива и оти заслужуваме да живееме во демократски и слободен свет како другите држави“, изјави Иванов. (МИА)


#
Статијата е прочитана 273 пати.

Испрати коментар

Од: Kolo Diamantot
Датум: 11.09.2009 01:44:41
Mnogu ubavo od strana na drzavata i predsedatelot.
Од: Дете бегалче - во сопствената земја
Датум: 11.09.2009 08:14:01
Какво Лигаво Улижување! Со што ли господинот Херцог го заслужи ваквото „високо“ одликување? Со Препораката за Противуставна Сецесија од Југословенската Федерација?! Се покажа и оправданоста на ваквата одлука - По 18 години, сè уште сме Недозреани и во Пелени. Место во Демократски капитализам, се наоѓаме во Соцреалистички Феудализам. За оние Бугарофили - кои ќе ми залепат етикета за Југоносталгија: Се Разбира, Луѓето се секогаш Носталгични По НајУбавите Работи, Тогаш Кога Се Чувствуваа Слободни, Безбедни, Неоптеретени со Глупости и Беда, Но и Македонецот, Никогаш Немал (и Нема да Има) Поголема Македонија (ниту Слобода) од Таа Што Беше во Југославија! И една Напомена: Вториот Дел од Референдумското Прашање (Причината за големиот број Позитивни Гласови на референдумот) е Обврска за секој Политичар, па и за оние Недоветните!

Најди! во Утрински
На прво место
И конфискацијата на имотот алатка за политичка пресметка
Груевски го спаси Јанакиески од „давење“