Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

И конфискацијата на имотот алатка за политичка пресметка

Експремиерот Бучковски е убеден дека политичкиот отстрел ќе им се удри од глава на портокаловите богаташи

Оливера Војновска

Дали воведувањето законска можност за проширена конфискација на имотот ќе отвори нов фронт за пресметка со политичките неистомисленици? Експремиерот, професор на Правниот факултет, Владо Бучковски, е убеден дека токму тоа ќе се случува во државата. А за година-две како бумеранг ќе им се удри од глава на новите портокалови богаташи.

Бучковски последните измени на Кривичниот законик ги оквалификува како лош експеримент, притоа изразувајќи се сликовито низ два примера покажа што може да се случува во иднина. „Измените на Законот ги носите на мускули. Со ваква алатка која било власт може да се пресметува со политичките неистомисленици. Вам ќе ви се удрат од глава за година-две, кога овие мерки ќе се применуваат на портокаловата буржоазија. Доволно е да се покаже со прст дека некој е несразмерно богат. Некој од нашите портпароли ќе застане пред куќата на некој од новата портокалова буржоазија, како Влатко Ѓорчев кога имаше опавче, и ќе бара да му се конфискува имотот. Некој, пак, ќе праша како може студентот по право од вториот ред за три години пратенички мандат, да вози ’мерцедес‘ вреден 40 илјади евра“, гласно размислуваше Бучковски, алудирајќи на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, иако не го спомна директно. Нагласувајќи дека целата експертска јавност е против ова решение, тој рече дека овој експеримент се прави врз инсистирање на поранешната советничка на премиерот, Моника Маковеј. Тој предупреди дека имотот не може да се одзема без правосилна судска пресуда за сторено кривично дело. „Маневски се прави голем реформатор. Но, тука се прави повреда на основното уставно начело за заштита на приватната сопственост. Ние отвораме лов на вештерки. Сега кога сте на власт треба да мислите за тогаш кога ќе бидете во опозиција“, им препорача Бучковски на колегите од ВМРО-ДПМНЕ. Заклучувајќи дека со драконски мерки се урива правниот систем направи паралела со Северна Кореја.

И шефицата на пратеничката група на СДСМ, Цветанка Иванова, предупреди дека ова е најпроблематично решение во Законот. Таа смета дека не е доволно јасно прецизирано како ќе се конфискува имотот на сторители на кривични дела, здобиен од тие дела. „Оваа нова мерка е недефинирана, нејасна и со неа може да се одземе имот и на негови најблиски лица. Дури може и да се замрзне имот, ако има само основа за сомневање за кривично дело“, вели Иванова.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, не разбира зошто се стравувањата дека оваа одредба е насочена кон политичките противници. „Не знам зошто се препознавте во овој член. Тој предвидува да се конфискува имот од трети лица и од членови на семејствата, но имот од сторител на тешки кривични дела. Досега имаше сторители што имотот го пренесуваат на нивните членови, на потесното или на поширокото семејство, на нивни пријатели... Тоа беше основ за изигрување на законите“, нагласи Бонева.

Забелешките на СДСМ не беа прифатени и по завршувањето на расправата Собранието со 56 гласови „за“, на пратениците од владејачкото мнозинство и шест „против“, на опозицијата, ги усвои спомнатите корекции во Кривичниот законик. Бучковски изрази жалење што и за овие измени нема консензус, како што беше случај со измените на Законот за државни службеници, кои парламентот претходно ги изгласа. Ова е последниот од пакетот четири закони (законите за Собрание, за внатрешни работи и за финансирање на политичките партии), што се услов за добивање позитивен извештај од Европската комисија и препорака за почеток на преговорите со ЕУ.

Собранието вчера со консензус ги усвои и измените на Законот за судир на интереси, за кој даде поддршка и опозицијата. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 2858 пати.

Испрати коментар

Од: mitko za golemata nepravda
Датум: 11.09.2009 00:46:48
Jas mislam deka so ovoj zakon se pravi golema nepravda kon SDSM. Imeno so ovoj zakon ke im se odzeme imotot na site nejzini oligarsi. Mozebi ke se zeme i imotot na Buckovski steknat so Bacilo? Nekoj ke kaze: ako, fino, prvo VMRO neka gi konfiskuva plenot od SDSM pa potoa ovie neka im vratat (kako sto vika Buckovski). Neka si gi izvadat ocite. Ama toa nema da se sluci zatoa sto kako sto trgnala SDSM taa nikogas veke nema da se vrati na vlast, zatoa nejzinite kriminalci ke bidat vo neednakva situacija vo odnos na kriminalcite na VMRO.
Од: gledacka
Датум: 11.09.2009 00:50:19
A Silvanceto da si iscisti prvin vo svojot dvor...pa potoa da kazuva gacki za zakoni (krivicni). A be sto ke bese ova pratenicive nasi ( cest na isklucoci) se razbiraat vo se... Auuu, otidov kaj Levenski da me izlekuva od kompleksi na pomala vrednost...
Од: Kolo Diamantot
Датум: 11.09.2009 01:12:02
Vlado Buckovski sakase da vozi tenk a sega se buni za nekoj student po pravo deka ke vozel Mercedes od 40.000 evra. So Tenk Vlado ke bides po atraktiven odkolku deckoto so Mercedes.
Од: pk-canada
Датум: 11.09.2009 05:44:45
znaci i majkata na Gvujo ce gi izgubi cetirite stana sto gi kupi so edna penzija.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 11.09.2009 08:09:26
Експремиерот покажува ,,грижа,, за портокаловата буржоазија во врска со проширената конфискација а при тоа мисли на сината буржоазија од неговата партија.Со невидената криминална приватизација поединци од сината стегната тупаница се стекнаа со енормно богаство кое го распределиа во кругот на сопствените фамилии до седмо колено,па оттука бојазноста од законот.Тука спаѓаат и поединци од портокаловите на чело со благонадежниот блгарин .Затоа само истрага,утврдување на вината и конфискација до седмото колено.
Од: jovan
Датум: 11.09.2009 08:18:59
Indirektno Buckovski povikuva na obedinuvanje na lopovite. Znaci aj da krademe, kazni nema da ima. A deka ke se primenuva selektivno toa e tocno, no selektivno se primenuva se vo drzavava. za ist prekrsok eden plaka kazna, drug ne(vujce ke sredi)
Од: Трпе
Датум: 11.09.2009 08:31:04
Што ке видиме на дело од овој закон,времето ке каже.Но по се ми мириса дека тргна кампањата за предвремени избори.Законот е реклама , за да се фалиме,ете видете ние се бориме против корупцијата.За овие три години многу мерки се рекламират а ништо не е сторено.Може да настрада само некој наивен како пример да се покаже дека ЕПП функционира.Се додека Љубчо мирно спие,ништо не е направено.Ако нешто се превземе против него Е тогаш клопчето ќе започне да се одмотува.
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 11.09.2009 08:36:25
Секако! И овој како и сите други закони се само форма за да види „Европа“ дека нашите политичари нешто работат! Исто Како и Законот за Лустрација, Законот за Денационализација... Предолг е списокот на законите Кои важат -не важат (во зависност од потребите), Само за Одреден Дел од Граѓаните кои себе си се нарекуваат елита! Квазиелитноста на овие Сподоби е видлива на секој чекор: Од Прстот, заглавен во Синусните шуплини, до изразитата Полуписменост и одот наречен: Шериф-сум-не-ми-можете-ништо! Поради неможноста Опинокот да се Поципели, од нивните пори секојдневно ѕирка Примитивизмот, во неумесниот обид да си ги покажат своите богатства, во целосно отсуство на оние - духовните!
Од: bitolaman
Датум: 11.09.2009 09:08:50
zakonot e preubav.sega neka mu se misli majka mu na grujo koga ke treba da im se odzemat stanovite zatoa sto nejziniot milenik uspeshno ja plackosuva drzavata i eden den ke dojde pred sudot na narodot....
Од: nisto ne e vecno
Датум: 11.09.2009 09:42:54
Mozebi ke im se odzema imotot na poedinci od SDSM, kako sto vika mitko vrapceto, ama i portokalovive ke dojdat na red, koga-togas. :)))
Од: dias
Датум: 11.09.2009 10:18:59
voobicaen komentar na zabegan politicar.koj nisto drugo ne pravi osven lazno-komunjarski napadi vrz ministerot na pravda koj go zatvori za aferata za tenkovite a negoviot shef go amnestira i komentar na smetka na polovniot mercedes na pratenikot dimovski koj vredi edna cetvrtina od ona sto samiot buckovski vozi.dosta e glumenje lazna skromnost od sds-oligarsite.
Од: dolar
Датум: 11.09.2009 10:19:38
Stanovite na Gruevski da ne se od firmata KONARTIS,na Goce Zelenkovski koj MVR ne go goni.Pak prasuvam dali Gruevski i Partijata imaat stanovi od KONARTIS.Se se Doznava.
Од: девичанецот
Датум: 11.09.2009 10:33:54
Кој си ја има мувата на капата, нека си ја ишка. Навистина непримерно е вакви под наводници професори... како Бучко и Фрчко... да ни ги воспитуваат нашите идни академски граѓани....
Од: zabegan.
Датум: 11.09.2009 11:52:55
е БУЧКО- во голема грешка си????.Па сигурно се што здиплиле ПОРТОКАЛОВИТЕ веќе е негде надвор од МАКЕДОНИЈА.бИДИ сигурен ако изгубат пред да ги дознаеме резултатите тие ќе бидат збришани надвор од Македонија.
Од: verag
Датум: 11.09.2009 13:43:30
Сега може да биде проблем за Премиерот и 3,4 стана на мајка му. Аком се одзема имот од роднини, треба за политичарите да се проверува и имотот на нивните најблиски роднини,без обзир што не ѓивеат во едно домаќинсство.што го спаси Груевски .
Од: Tom - Avstralija
Датум: 11.09.2009 15:34:28
Pod itno da mu se odzeme profesorskata odnosno doktorskata diploma na eks premierot Buckovski.Pa zar tolku ,moze da e neuk , vo site civilizirani zemji pa i ovde kade ziveam na site za koj se dokaze deka imot steknale na kriminalen nacin im se ODZEMA .Ovoj zakon sto e usvoen vo Makedonija moze da gi plasi samo kriminalcite , posteno zaraboten imot nikoj ne moze da go gibne .

Најди! во Утрински
На прво место
Груевски го спаси Јанакиески од „давење“
Херцог