Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Полувековна зрелост

Сунчица Уневска

Годинашното „Охридско лето“ ги оправда очекувањата. Најмногу поради тоа што успеа да го оствари ветеното. А вети многу. Отворање со големата оперска дива Џеси Норман, а затворање со Сара Чанг, една од најголемите виолинистички ѕвезди на денешнината. Меѓу нив уште педесетина фестивалски настани кои најавуваа спектакуларни концерти и театарски претстави, многу респектабилни имиња од светската сцена, грандиозни проекти, ѕвездени настапи и бројни регионални и македонски премиери.

За разлика од изминатите години, кога „Охридско лето“ го одбележа доаѓањето на Карерас или на Зубин Мехта, годинава програмата беше побогата со имиња и настани кои се обележје на современата светска сцена. И факт е дека таа светска сцена овде успеа да се почувствува во текот на еден и пол месец, кога Охрид го оправда своето реноме на туристичка и културна дестинација, по што се' повеќе станува препознатлив во светот. Некои од одгласите во странство тоа и го потврдуваа низ констатациите дека „Охридско лето“ е најдобриот и најзначаен културен фестивал во регионот.

Бидејќи, сето она што „Охридско лето“ го нуди е наменето за домашната, но и странската публика, која се' повеќе, како во Будва или во Дубровник, својот одмор го усогласува со програмата на „Охридско лето“. А тоа и е целта на ваквите фестивали што може да се постигне само со возбудлива програма и звучни имиња, кои на овој начин и во еден ваков специфичен амбиент не можат да се видат секаде.

Се чини дека организаторите стануваат се' повеќе свесни за тоа и со својата амбициозна програма, надополнета со домашната сцена и сопствената традиција, успеваат на Охрид да му ја вдахнат посебноста на една од летните дестинации.

Во Охрид се одржа светската премиера на „Калигула“ на култното режисерско име Томаж Пандур, но и прва копродукција на „Охридско лето“. Премиера имаше и визуелно-музички спектакуларната претстава „Четири годишни времиња“ на нашиот режисер Иван Поповски, со театарот „Елена Камбурова“ од Москва. А ретка можност беше да се види и проектот на големиот театарски маг Питер Брук насловен „Зошто, зошто?“, кој својата премиера ја имаше само пред два месеца. Ваквите големи настани во амбиентот на прекрасниот Антички театар или во предворјето на „Св. Софија“ стануваат обележје на Охрид и му даваат препознатливост. А тоа на најдобар начин го потврди 30-илјадната публика која ги полнеше историските локалитети и познатите зданија каде што се одржуваа годинашните исклучителни настани.

Меѓу нив беа и Чешкиот бохемиски оркестар, бугарскиот оркестар „Синфониета“, францускиот квартет „Лудвиг“, како и нашиот женски камерен хор „Св. Злата Мегленска“. Но, покрај врвни камерни ансамбли и водечки солистички имиња, Андреј Гаврилов, Натали Гутман, Дмитриј Ситковецкиј, Ана Виницкаја, и нашите виолинисти Ана и Олег Кондратенко или пијанистката Ирина Наумовска. Па, уметниците на УНЕСКО, Борис Трајанов и големата албанска певица Инва Мула, изложби, богати придружни материјали...

„Охридско лето“ годинава покажа високо ниво и респектабилен однос кон современата музичка и театарска сцена, создавајќи сериозна програма и ставајќи не рамо до рамо со големите фестивалски случувања. Бидејќи, фестивал не значи да се донесе едно големо име, туку програма со профилирана концепција, која годинава го направи тоа низ спојот на традиционалното и современото, во која значајно место имаше и домашната сцена, како и афирмацијата на историското и културно наследство низ целата специфика што ја нудат овие простори. Така прават сите големи манифестации во светот, кон кои годинава 48-то издание на „Охридско лето“ навистина сериозно се придружи и ја покажа својата речиси полувековна зрелост.

Мотото на големиот Питер Брук гласи: „Уметноста ќе го спаси светот“, а ако е така, тогаш „Охридско лето“ во целата наша трајна депресивна политичка и економска ситуација нуди ронка надеж.


Статијата е прочитана 676 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Карикатура
Зденко
Претходен број
Се' се врти околу Северна и Горна Македонија
Јамајка со светски рекорд и на 4х100 м
Сушата и негрижата секнаа многу чешми
Планините горат, тендерите за противпожарни возила задоцнија
Бум и кикс
Перспективите по грузискиот конфликт
Државата ќе собере 3 милиони евра од казните за средно
Струга е колепка за комуникација меѓу народите и цивилизациите
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.