Број 2841  среда, 19 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

„Ситигруп“ најави уште 50.000 отпуштања

Компанијата „Ситигруп“, која има најголема светска мрежа за давање финансиски услуги, вчера соопшти дека планира во наредните месеци да отпушти уште 50.000 вработени во обид да ги намали трошоците за персонал за околу 20 отсто. Бројот на вработените во компанијата кон крајот на септември ќе се намали од 352.000 на околу 300.000, објасни управата на банката пред акционерите. Агенцијата „Кјодо“ потсетува дека „Ситигруп“ веќе укина 23.000 работни места од почетокот на годината. Во периодот јуни-септември „Ситигруп“ прокнижи нето-загуба од 2,8 милијарди долари, забележувајќи негативно салдо четири квартали по ред. Вредноста на акциите на компанијата падна на дури 70 отсто од почетокот на годината.

Програмата за намалување на трошоците вклучува и продажба на ризични акции, главно поврзани со кризата на хипотекарниот пазар, и намалување на вкупните трошоци за една петтина.

Исто така, големите светски банки вчера објавија дека се погодени од економската криза, така што британската банка Барклис се откажа од бонусот, додека профитот на најголемата јапонска банка Мицубиши УФЈ изгуби 64 проценти. Банката Барклис, соочена со гневот на акционерите поради одлуката да земе 5,8 милијарди фунти од блискоисточните инвеститори, соопшти дека ја стопира исплатата на бонусот за раководството откако тоа го направија и американската и швајцарската банка Голдман Сакс и УБС. Најголемата јапонска банка, финансиската групација Мицубиши, објави дека во првата половина од годината загубила 64 отсто од профитот, додека австралиската банка Меквери груп соопшти дека првпат во 17 години бележи пад на профитот. Банката ХСБЦ најави намалување на бројот на вработените и укинување на уште 500 работни места во Азија. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 358 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Има ли спас за Опел?
Откупувачите на тутун нудат шест денари повисока цена од лани
Експертите контра Бесими - кризата нема да ни донесе инвестиции
Сорос профитира на берзите и покрај кризата
Берзата пак вртоглаво паѓа
Законот за енергетска сиромаштија пред пратениците
ЕУ подготвува пакет од 40 млрд. евра за автомобилската индустрија
Тутунски комбинат - Прилеп со загуба од над 9,5 милиони евра
ЕК го одобри грчкиот план за спас за банките од 28 милијарди евра
Зголемен природниот прираст на населението