Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Економија

Сиромаштијата не може да се намали за една година

Aпсурдно е да се мисли дека националната стратегија за намалување на сиромаштијата може да се имплементира и да даде резултати за една година, смета министерот за труд и социјала, Џељаљ Бајрами.

Се надевам дека во наредните две-три години стратегијата ќе се имплементира и во наредниот период ќе почне да дава резултати“, истакна Бајрами, на вчерашната конференција за Национална стратегија за сиромаштија. Тој додаде Владата презема и други мерки за намалување на сиромаштијата и исклученоста, како што се вработување, поттикнување на образованието и заштитата на најранливите групи. „Намалувањето на сиромаштијата е голем предизвик за сите земји. Таа не е само недостиг од средства, туку и недостиг од можности и еднакви шанси за сите за пристоен живот“, истакна Боид, додавајќи дека честопати граѓаните што се борат со сиромаштијата паралелно се справуваат и со други тешки проблеми. Според неа, исклученоста и маргинализацијата се пренесуваат и генерациски. „Нужно е да се спречи пренесувањето на оваа исклученост. Сметаме дека пристапот до образование е најефективен начин да се скрши маѓепсаниот круг на сиромаштија и исклученост“, рече таа.

Во 1997 година, во Македонија имало 19 проценти сиромашни. Највисок процент е забележан во 2003 година - 30,2 отсто, а последните податоци од 2008 година покажуваат дека кај нас има 28,7 отсто сиромашни граѓани. (МИА)


#
Статијата е прочитана 505 пати.

Испрати коментар

Од: SPIRIDON
Датум: 16.04.2010 09:09:31
Ne može da se oprae neščo za godina,šo e "stvarano",raboteno so godini,nemilosrdno,kriminalno,bez duša.Ne e voa piši briši.Novite gazdi,biznismeni,političari ne go vrakat kriminalno steknatoto bogatstvo.Arno im e vaka.
Од: Samovraboten
Датум: 16.04.2010 10:28:31
Da no i tie sto se samovraboteni,drzavata gi racuna kako golemi firmi i plakaat na drzavata isto kako site a za vozvrat nisto ne dobivaat nikakvi privilegiji ni malku vlasta ne se grizi t.s Vlasta gi ima site prava a nema nikakvi obvrski ni prema firmite ni prema gradjanite
Од: nekoj
Датум: 16.04.2010 10:34:38
More da se pogodni nekoj salam i te kako moze! Pa da go digne narodot, da ve soberat na kloci site, da se smeni vlasta, da se ODZEME se sto se kradelo i da se dade na drzavata-pa da pocne da se odnesuva kako sekoja normalna. REVOLUCIJA!
Од: Трпе
Датум: 16.04.2010 10:51:28
Ако мистер мр.Рејтинг,кумот и другите министри кажуват дека добро си живееме,мора да им веруваме.Па нели тие се власт.Ако тие кажат нема криза,вистината е дека нема криза.Ако тие кажуватѕ дека сиромаштијата неможе преку ноќ да се надмине мора да и веруваме.Здрави и живи да бидеме ке причекаме.Само треба да не плаши ова презадолжувањето за кои треба да му ја мислат нашите деца.А ова дека народот требало да се образува,нормално дека треба.Хигиеничари,зидари,оџачари,молери со високо образование ќе ја извршуват поквалитетно работата и ке наплакат повисоки цени.А ова што кај нас и за нискоквалификувана рака нема работни места тоа е друга работа.Сеуште некое работно ,партиско место може да се најде во администрацијата.Во образованието наместо дипломи треба да се делат ,партиски книшки.
Од: Oliver Mitev
Датум: 16.04.2010 12:37:17
Kluc za namaluvanje na siromastijata e zajaknuvanje na ekonomijata, sto nesomneno se slucuva ovie nekolku godini.Vo Probistip vo 2006 imase preku 900 semejstva korisnici na Socijalna Pomos a sega samo 130.Restartiranjeto na pogolemite kapaciteti, otvaranjeto novi,izgradbata na Hidrosistemot "Zletovica" koja angazirase mnogu luge go zazivejaa gradot. Probistip poveke ne e mrtov grad.

Најди! во Утрински
Економија
Македонија и Албанија имаат капацитет за поголема бизнис-соработка
Борба за фотелји, место за работнички права
Падот на кредитирањето ги преполови профитите н�� банките