Број 3259  петок, 16 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Дипломатски магазин

Site Meter
Економија

Македонија и Албанија имаат капацитет за поголема бизнис-соработка

„Економската соработка меѓу Македонија и Албанија воопшто не соодветствува со нивото на политичките односи, со можностите на двете економии и со фактот дека сме соседи“, рече претседателот Ѓорге Иванов во вчерашното обраќањето на Македонско-албанскиот бизнис-форум, на кој присуствуваше и претседателот на Албанија, Бамир Топи.

Енергетиката и инфраструктурната поврзаност се клучните сегменти на кои државите треба да се фокусираат во претстојниот период. „Постои голем потенцијал за економска размена меѓу стопанствата“, посочи Иванов и затоа се охрабрува организираниот пристап и пласман на македонските производи на албанскиот пазар и се поттикнуваат директните инвестиции на нашите претпријатија во Албанија и обратно, како и основањето мешовити компании.

Иванов и неговиот албански колега Топи се согласија околу потребата од отворање деловни центри во Скопје и во Тирана за дополнително олеснување на контактите и размената.

Според Топи, приоритет на Македонија и на Албанија треба да биде реализирањето на Коридорот 8, со лобирање во Брисел и изградбата на патиштата што ја поврзуваат Тирана со Дебар, Елбасан и Ќафасан. „Двете земји имаат капацитет, освен во туризмот, да ја развиваат соработката и во делот на рударството и металургијата“, рече Топи и потенцира дека е време од зборови да се премине на дела. Според него, добар политичар е оној што мисли на економијата.

На Форумот присуствува околу 100 бизнисмени од Македонија и од Албанија. Тие разменија искуства и разговараа за евентуално реализирање заеднички проекти. Од досегашната соработка, рекоа, не се задоволни. „Размената е на многу ниско ниво, околу 60 милиони долари се извозуваат од Македонија за Албанија. Во делот на инвестициите оваа сума е многу поголема, кај нас албанските достигнуваат 103 милиони долари, а нашите во Албанија се сведени само на 2,4 милиони долари“, изјави Блерим Златку, претседател на Стопанскат�� комора на северозападна Македонија. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 188 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Сиромаштијата не може да се намали за една година
Борба за фотелји, место за работнички права
Падот на кредитирањето ги преполови профитите на банките