Број 3047  вторник, 28 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Водоводот во Октиси повторно стана политички проблем

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и пратеникот Фијат Цановски се скараа кој е позаслужен за изградбата на водоводот

Симон Илиевски

СТРУГА - Свеченото пуштање на новиот водовод во селото Октиси ги скара градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, и пратеникот на ПЕИ, Фијат Цаноски. Министерството за транспорт и врски во неделата официјално ја одложи свеченоста, а Фијат Цаноски и министерот за локална самоуправа, Фарук Фератоски, свечено го пуштија новиот водовод. Пратеникот Цаноски вели дека церемонијата била организирана во согласност со локалното население на Октиси и го обвини градоначалникот Рамиз Мерко дека нема право да го предава во употреба водоводот, зашто тој уште во почетокот бил против изградбата на овој објект. Нетрпеливоста меѓу градоначалникот Мерко, кој е од редовите на ДУИ, и пратеникот на ПЕИ, Цаноски, почна уште за време на локалните избори, кога беа противкандидати за градоначалник на Струга, а на централно ниво беа коалициони партнери во Владата на Груевски.

Според многумина, новоизградениот водовод во селото Октиси има политичка димензија слична на онаа од крајот на 80-тите години на минатиот век, кога Вевчани не дозволуваше Октиси да се снабдува со вода од неговите извори. Беа организирани протести кои ќе останат забележани во поранешна Југославија поради употребата на специјалните полициски сили, што во светот беше оценето како очигледно кршење на основните човекови права. „Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, уште во почетокот беше против изградбата на новиот водовод, кој трајно со вода од Беличките Извори го решава проблемот на селото Октиси. За разлика од него, заедно со министерствата за транспорт и врски и за локална самоуправа направивме напори и обезбедивме нов поголем дотек на вода. Со нас беше целото локално население и затоа имаме легитимно право свечено да го предадеме водоводот во употреба“, објаснува пратеникот на ПЕИ, Фијат Цаноски. Отворено вели дека Мерко сакал со поддршка на централната власт да собира политички поени за нешто што не го направил.

Според официјалното соопштение на Министерството за транспорт и врски, причина за одложување на предавањето во употреба на водоводот била промената во агендата на министерот Миле Јанакиески. Таму не се споменува каква би била реакцијата на локалното население на Октиси по најавата дека водоводот, наместо луѓе од ПЕИ, требаше да го отвори градоначалникот Рамиз Мерко.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко ги отфрли обвинувањата на Цаноски со коментар дека пратеникот на ПЕИ се однесува како да е „бег“ во Октиси. „Пратеникот Цаноски не може да биде сопственик на селото и поради каприц луѓето да ги остави без вода“, вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко. Според него, нелегалната свеченост во Октиси е политичка злоупотреба, бидејќи водоводот не го граделе Цаноски и ПЕИ, туку Министерството за транспорт и врски и локалната самоуправа и тие треба да одлучат како и кога ќе се реализира чинот на свеченото предавање во употреба на водоводот.

„Не не' интересира кој сакал да добие политички поени од проблемот со водата. За нас како жители кои и' плаќаат даноци на државата е важно да добиеме стабилно снабдување со вода и никој да не се пазари со нашата мака, зашто ги препознаваме луѓето што сакаат да не' злоупотребат“, вели постар жител на Октиси, кој беше пред камерите и не криеше дека е меѓу првите што учествуваа во свеченото пуштање на новата вода. Рече дека така мислат илјадници граѓани кои не сакаа да се сеќаваат на предизборните ветувања.

Никој во Октиси не сака да говори за старите времиња поврзани со вевчанскиот случај. Велат дека водата не е политичка, туку насушна потреба на населението, не само во Октиси туку и во соседните села.


#
Статијата е прочитана 433 пати.

Испрати коментар

Од: GRAGJANIN
Датум: 28.07.2009 06:58:38
Siledzistvoto na Albanecot od 2001 e silezdstvo..

Најди! во Утрински
Политика
Здравствениот фонд пишман за платите
Граѓаните не спијат ако имаат долгови
Работната група за „Сопот“ заглави со процедурите
Македонија ќе воведе визи за Косово и за Албанија?