Брoj 2739  четврток, 17 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Бугарија и Украина се главни извори за шверцот со луѓе во Европа

Вашингтон - Украина и Бугарија се главните извори за шверцот на луѓе во Европа, пишува денеска американското списание „Форбс“ во текстот за организираниот криминал во Европа, насловен како „ Европските престолнини на криминалот“. 

Според списанието, кое се повикува на податоци на европската статистичка служба Еуростат и на полициската служба на ЕУ - Еуропол, Чешка најчесто служи за транзитна земја, а главни дестинации се Германија, Холандија и Велика Британија. 

Шверцот со луѓе, присилени принудно да работат, е во пораст, а наедно е и многу тежок за оценување на проблемот. „Форбс“ предупредува дека ЕУ треба да измине долг пат за да го реши проблемот со организираниот криминал, кој во голем дел земји дополнително се заостри од корупцијата.

Европа може да биде поделена на четири криминални појаси, објаснува „Форбс“, повикувајќи се на Еуропол. Политички нестабилниот југоисток или Балканот е клучен транзитен пат за шверцот со наркотици и нелегални имигранти. Југозападот или Иберискиот Полуостров е центарот на шверцот со наркотици од Латинска Америка и Северна Африка. Североистокот или скандинавските земји е нешто како крајна дестинација за шверцот со дроги и цигарите. Што се однесува до северозападот, посебно Велика Британија, таму има сериозни проблеми со нелегалната имиграција и е дестинација за шверц со наркотици. 

Организираните криминални групи за параван често пати користат легални компании кои вообичаено се занимаваат со транспорт  или со увоз и извоз, за преку нив да ги исперат парите или да вложуваат нечисти пари во недвижни имоти. (МИА)


Статијата е прочитана 287 пати.

Испрати коментар

Од: Cuden Forbs
Датум: 17.07.2008 09:11:16
Cudno Italija i Sicilija nikade ne se spomnati, niti pa Grcija koja e clenka na EU i proizveduva na toni narkotici, ne se ni maci da gi sverca od Afrika. Bugarija e stara prica, taa nema nikogas ni da se opravi. Kaznata na EU sto primi voopste takva clenka, koja vo nisto ne se razlikuva od Ukraina - a Ukraina e daleku od EU.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Објавена снимка на сослушување на затвореник во Гвантанамо
Обама ќе и' става крај на ирачката војна
Од експлозија на велосипед-бомба 11 повредени во Пакистан
Бараат отповикување на францускиот амбасадор
Баби убивале бездомници за пари
Конгресмен бара импичмент на Џорџ Буш
Обама се соочува со расна сегрегација на изборите во САД
Затвореници на морбидната традиција