Од бегалец, преку Сент Луис до најдобрите во Бундеслигата
Ѕвездата на Хофенхајм, Ведад Ибишевиќ во 2000 година се пресели во САД како дел од програмата на ОН
Не многу луѓе надвор од малото југозападно германско селце Хофенхајм (со население од 3.272) или босанската енклава на југ во Сент Луис, Мисури слушнале за Ведад Ибишевиќ пред почетокот на сезоната 2008-2009 во Бундеслигата. „Тоа е како сон“, вели Ибишевиќ (24) . „Многу убав сон“.
Хофенхајм, кој е во сопственост на поранешниот софтверски тајкун Дитмар Хоп, е прва сезона во Бундеслигата. Ибишевиќ и неговото семејство, кои се муслимани, во 2000 година тргнаа на пат да ги напуштат уништувањата од војната во поранешна Југославија, оставајќи ја зад себе нивната родна Босна и Херцеговина, и престојуваа во Швајцарија 10 месеци. Тие се населија во Сент Луис, заедно со уште илјадниците други босански бегалци, како дел од програмата на ОН. „Моето семејство, мајка ми, татко ми и сестра ми се' уште се во Сент Луис, и јас ќе ги посетат за време на Божикните празници“, вели Ибишевиќ, осврнувајќи се на шестнеделниот зимски одмор во Бундеслигата, кој почнува во средината на декември. „Имав 16 години кога се преселивме во Сент Луис. Зборував школски англиски, но потоа открив дека воопшто не зборувам англиски поради сиот оној сленг што го користев. Морав да почнам од нула. Кога дојдов во Сент Луис, германскиот беше мојот втор јазик. Ми беше тешко на почетокот. Отсекогаш сум сонувал да бидам професионален фудбалер, но кога дојдов во Сент Луис се' што можев да видам беа терени за бејзбол и американски фудбал. Играв фудбал каде ќе стигнев, со децата на улица, запознав одредени луѓе и работите почнаа да си доаѓаат на свое место“.
Во 2003 година, единствената сезона кога ги бранеше боите на Биликенс, Ибишевиќ постигна 18 гола на 22 натпревари. Сент Луис загуби од Мериленд во регионалното финале на националното првенство. Тој беше прогласен за НЦАА-деби��ант на годината. Тоа лето Ибишевиќ беше повикан во Европа, да настапува на неколку пријателски средби за репрезентацијата на Босна под 21 година. Вахид Халилхоџиќ го убеди Ибишевиќ да замине за Франција на тримесечно изборно натпреварување. Тој се врати во САД за да настапува за екипа во Премиер девелопмент лигата, четири едноподруго натпревари, додека размислува да својата фудбалска иднина. „Моите родители ќе беа посреќни ако останев на училиште и студирав меѓународен бизнис“, вели Ибишевиќ. „Бев среќен во Сент Луис, добив зелена карта, но никогаш никој ми се немаше обратено од американскиот национален тим. Ако се случеше тоа секако дека ќе размислев“.
Тој настапуваше на 11 меѓународни натпревари на Босна и е дел од репрезентацијата која се бори да се квалификува за Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година. Потпишувајќи за ПСЖ, Ибишевиќ имаше мала минутажа и му беше позајмен на Дижон од втората француска лига. Во француската лига има ограничување на бројот на странци кои настапуваат во еден тим, па затоа Ибишевиќ во 2006 година беше ослободен од обврските. Тој потпиша за Алеманија Ахен, кој во тоа време беше член на првата германска фудбалска лига. „Постигнав шест гола, но Алеманија, сепак, се пресели во понизок ранг“, вели Ибишевиќ. Клаузулата во договорот му овозможи на Хофенхајм, кој тогаш беше во втората лига, да го купи за еден милион евра. „Тоа беше голем ризик, бидејќи како и повеќето луѓе никогаш немав слушнато за Хофенхајм“, вели тој. „Потоа се сретнав со директорот на клубот и тренерот и тие ми го презентираа целиот проект“.
Во поголемиот дел од своето постоење Хофенхајм бил мал провинциски клуб. Кога Хоп, основачот на софтверскат компанија САП ја презеде контролата во 1990 година, клубот настапуваше во осмото ниво на германскиот фудбал. Бундеслигата изгледаше многу далечна желба. Но, полека инвестицијата на Хоп во младинската академија почна да се исплаќа. Клубот го заслужи преминот во Бундеслигата и Ибишевиќ беше подготвен за тоа. „Дојдовме во Бундеслигата не знаејќи каде ќе бидеме“, вели Ибишевиќ. „Играме без притисок и стекнуваме се' повеќе и повеќе самодоверба. На луѓето им се допаѓа начинот на кој играме фудбал“. Хофенхајм под тренерската палка на Ралф Рангник игра напаѓачки фудбал, со тројца голгетери и двајца офанзивни играчи од средниот ред. Но, кога и да се појави млад голгетер големите клубови го следат како мршојадци, особено во Англија. Тоа е особено нагласено како се приближува јануарскиот преоден рок. „Прво морам да кажам дека тука се чувствувам многу добро“, вели Ибишевиќ. „Се обидувам да се сконцентрирам на оваа сезона. Не можам да размислувам за некакви понуди или што ќе правам следната сезона. Во кариерата научив дека е тешко да се планира или посакува нешто“.
(Интернешенел хералд трибјун) |