|
|
|
|
|
|
Македонскиот јазик „рамковен“ во Србија
Амбасадорот на Македонија во Србија, Љубиша Георгиевски, вчера заедно со претседателот на општината Пландиште, Зоран Воркапиќ, свечено ја откри новопоставената табла на месната канцеларија „Дужине“ со натпис на македонски јазик, информираат од Министерството за надворешни работи.
Со ова, покрај во Јабука, македонскиот јазик и во Дужине официјално се воведува во службена употреба, рамноправно на српскиот, романскиот и на унгарскиот јазик. Овој чин за македонска заедница е настан што ќе даде, секако, поттик и во останатите населени места во Србија, каде што Македонците го исполнуваат законскиот услов за воведување на македонскиот јазик како службен јазик.
Амбасадорот Георгиевски истакна дека претстојниот попис во Република Ср��ија, кој треба да се одржи во октомври 2011 година, сигурно ќе даде појасна слика и основа за понатамошните активности кон остварување на правото на службена употреба на македонскиот јазик на територијата на Србија. (МИА) |
#
|
Статијата е прочитана 1047 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: кактус |
Датум: 17.06.2011 09:55:03 |
|
Тоа можат за нас да го сторат само нашите вистински браќа по род и потекло.
Од другите не треба ни да очекуваме такво нешто |
|
|
|
|
|
|
Од: Кинез со шајкача од Бугаристан |
Датум: 17.06.2011 11:33:43 |
|
Срам да им е на „Србиштава“,им дале двојазичност на Македонците!Каков тежок политички акт на повреда на „одамна загрозените“ човечки права од страна на држава „која ниту црквата не ни ја признава“!Каков добар пример на извршен национален притисок врз едно малцинство!Повторно проработиле испоставите на режимот на Милошевиќ!Се надевам дека државава ќе има доблест да возврати на истиот начин во одредени места во кои традиционално и со векови живее автохтоно српско население! |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 17.06.2011 12:19:57 |
|
Vo Srbija nikoj ne mi zabrani da zboruvam Makedonski i da se cuvstvuvam isto. Me vikaa na susret, " hej, Makedonce" a na radioto Beograd, sekoe vece imase narodni pesni od cela Jugoslavija, a na kraj, covekot ke vikne," a sada na kraju, nase naj omiljenije pesme is Makedonije!" i programata ke se zavrsi so nasi ubavi melodiji.
Ajde taka nesto da vidime od Grcite ili Bugarite, ili Albancite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Srpski Makedonec |
Датум: 17.06.2011 13:07:15 |
|
Sramota ovde za nekoi komentari, pa samo vo Srbija i delumno vo Bosna mozes slobodno da go slusas Tose Proeski i toa na makedonski jazik, a odi vo Hrvtaska pa da vidis kako e, se peat pesnite na Tose ama isklucivo onie sto mu se na hrvatski snimeni sto e navistina bruka za Hrvatite. Vo Srbija mozes i slobodno vo bilo koja kafeana da poracas makedonska pesna i da si pomines super, sto nee slucaj vo Hrvatska ili vo Slovenija, pa zatoa ne pisuvajte nesto za sto vrska nemate....golem pozdrav od Srbija, vasiot srpski Makedonec!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Valentina |
Датум: 17.06.2011 16:36:37 |
|
Негде некаде во некое село во Србија ставиле табла на македонски јазик, и треба да се помочаме од радост. Па, Србите во Македонија имаат преатеници, министри, телевизии, средни училишта, и што уште не. Ако Србија ги признавала македонците ќе го направела тоа во 1913 година, но наместо тоа таа не србизираше. Откако не србизира до одреден степен после тоа „не призна“, но само ако му бидеме слуги на Белград. |
|
|
|
|
|
|
|
|