Го киднапирал љубовникот на ќерка си
Четириесет и деветгодишен гостиварец го нападнал љубовникот на својата малолетна ќерка, го пикнал во багажник и го однел во полиција. Настанот се случил во мај годинава во Гостивар, а полицијата деновиве поднела кривична пријава против Б.П.(49) и Н.П.(24) поради „противправно лишување од слобода“. Против косовецот М.Б., пак, е поднесена пријава за вонбрачен живот со малолетно лице, а истражен судија му одредил притвор од 30 дена.
Двајцата во мај најпрво физички го нападнале М.Б., потоа го ставиле во багажникот на „лада“ и го однеле во полиција поради тоа што вонбрачно живеел со малолетното девојче. (Х.Р.) |