23.07.2012, 18:32 Каде Тито ја протеруваше Јованка!
Објавени се првите фотографии на островот Галија на кој Тито, наводно, ја бркал Јованка кога бил бесен
Велат дека Јосип Броз ја посетил само еднаш и никогаш повеќе не се вратил во неа. Велат ни најмалку не му се допаднала и повеќе престојувал во омилената Ванга. Затоа, иако е градена како подарок за Тито, оваа вила на брионскиот остров Галија денес е позната како куќата на Јованка.
Јованка Броз во неа доаѓала кога сакала да биде сама, далеку од луѓето и Јосип Броз. На Бриони и денес се прераскажува шегата дека Тито ја бркал на Галија кога ќе се скарале и кога не сакал да ја види. Или во други случаи – кога таа не сакала да го гледа него. На Галија Јованка, наводно, поминала вкупно две или три недели.
Вилата е градена во 1978 година, завршена е во ноември, а Тито прв и последен пат ја посетил во почетокот на 1979 година. Галија е остров оддалечен од Ванга само еден и пол километар, и има само четири хектари. Бродовите застануваат на еден бетонски мол покрај кој има плажа од чакал. На островот, освен голем број на галеби, нема жива душа. На плажата е инсталиран туш, и на островот има вода за пиење и струја. Вилата „Галија“ е сместена во внатрешноста, во длабока ладовина. До неа низ вештачки направен премин водат 150 метри долг поплочен пат. Куќата е со површина од 110 квадратни метри, има три спални соби, дневен престој и трпезарија, кујна и бања. (Јутарњи лист) |