Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter
Македонија

Учениците се спасија од екстерно тестирање

Учениците и наставниците не биле доволно запознати со екстерното проверување

Жаклина Ѓорѓевиќ

Учениците се спасија од екстерно тестирање, но барем годинава. Оценувањето во основните и во средните училишта наместо за оваа, се одложува за идната учебна година, поради тоа што наставниците и учениците не се подготвени за негова реализација. Ова е официјалната причина за пролонгирање на екстерното оценување, кое требаше да стартува ��д оваа учебна година, а веќе еднаш беше пролонгирано откако Уставен суд привремено го стопираше, со препорака оценувањето да го реализира друга институција наместо Министерството. Неофицијално, дознаваме дека причини за одложувањето имало повеќе, а меѓу нив и нефукционалноста на компјутерите, посебно во основните училишта.

Потребата од екстерно оценување во почетокот Министерството за образование ја оправдуваше како нужна, за сега да го одложи спроведувањето со причина дека учениците и наставниците едноставно не биле подготвени. Резултатите од екстерното оценување кај осмоодделенците лани покажаа дека најголем дел од професорите не оценувале реално, а на учениците им подарувале по една оценка.

„Екстерното проверување на успехот на учениците се одложува за учебната 2011-2012 година и покрај тоа што беа преземени чекори за имплементација на екстерното тестирање и беа донесени сите подзаконски акти. Но, во контактите со училиштата дојдовме до заклучок дека учениците и наставниците не се доволно запознати со екстерното проверување на знаењата“, рече Стојанчо Стојковски, претставник од Министерството, образложувајќи ги предложените законски измени, кои вчера добија зелено светло од собраниската Комисија за образование, наука и спорт. Тој додаде дека е потребно да им се остави време на учениците подобро да се подготват за екстерното тестирање за да може подобро да го прифатат.

Ова наиде на жестоки коментари од опозицијата, кои сметаат дека Министерството е неспособно за големи проекти. Екстерното тестирање пратениците од власта и опозицијата го искористија за меѓусебни препукувања. „Не може вината за одложувањето да се префрли на наставниците и на учениците“, рече Маринела Тушева, пратеничка од СДСМ, која праша која е целта на тестирањето - да се провери дали квалитетот во знаењата е слаб или е тоа алатка за казнување на наставниците по партиска основа. Нејзината колешка Весна Бендевска смета дека е добро уште во овој период да се спасат одредени наставници од тестирањето како алатка за казнување.

Цветан Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ негираше дека станува збор за алатка за казнување, споменувајќи ги покачувањата на платите на наставниците како успех на политиката на Владата. Според него, Владата и Министерството се подготвени да го спроведат екстерното тестирање.


#
Статијата е прочитана 1019 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Се бара нов факултет за информатика
Хомеопатијата на испит - лек за спас или чудна водичка
Ќе нема руска зима во Македонија
Непотизмот направи хаос во битолското образование
Десетгодишна ученичка од Скопје победник на натпревар на Европската комисија
Рушити
Роберт Јаки
Медиумите и натаму раскарани
Албанските рибари ни ги сотреа пастрмките
Студенти бараат да не плаќаат






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'