Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter
Македонија

Хомеопатијата на испит - лек за спас или чудна водичка

Дебата меѓу лекарите и хомеопатите и натaму се води, зашто научно не е докажано за чудотворната материја

Јасмина Јовановска


Хомеопатијата е лек или обична водичка? Оваа дилема е се' уште присутна кај нас и во светот, а јавната дебата се води посебно меѓу лекарите кои се скептици во овој вид лекување, без конкретна материја.

Лекарите сметаат дека хомеопатските лекови се чиста водичка, а на болните дејствуваат само како плацебо ефект. Поточно, пациентите повеќе психички веруваат дека има лек во водичката. Но, за лекарите тука нема лек. Растворите се толку разредени што нема ниту една видлива мерлива материја, па затоа лекарите прашуваат како тие може да дејствуваат. Хомеопатите, пак, тврдат дека водичката е делотворна и дека таа има доволно материја за да го разбуди организмот, да го поттикне и му даде животна сила за тој да се врати во својата природна рамнотежа, од која излегол поради некоја нарушена состојба.

Поголемиот дел од лекарите и фармаколозите од клиниките кај нас се скептици за хомеопатијата, но немаат храброст јавно да ја критикуваат. Тие одбија јавно да зборуваат за хомеопатијата, со изговор дека не се компетентни за оваа област.

Затоа, пак, странските експерти немаат проблем јавно да кажат. Волфганг Вале, лекар и специјалист за уво, грло и нос од Германија, смета дека хомеопатите се квазилекари, а не медицинари. Спорна тема број еден е дејствувањето на хомеопатските раствори. Колку што е растворот поразреден или, како што вели хомеопатот, попотенциран, би требало и појако да дејствува. Волфганг Вале смета дека тоа е смешно. „Ако некое средство го разредиме до таа мера да нема повеќе молекули, како тогаш дејството може да биде зајакнато? Кога молекулата ја нема, не може ниту да дејствува. Знам дека сега хомеопатот ќе каже - тоа не е разредување, туку потенцирање. Но, потенцирањето може да се примени во математиката, но не и во физиката“, вели Вале.

Но, хомеопатите велат дека сигурно се потребни уште многу истражувања, но нешто е тука и тоа нешто дејствува. Како, тоа е се' уште прашање.

„Дејството на хомеопатскиот лек се' уште не е научно докажано, бидејќи екзактната наука држи до тоа материјата да ја видиш, па за да знаеш дека постои. А хомеопатскиот лек постои, но не го гледаш“, вели Ели Диновска од Центарот за креативно и здраво живеење „Гајатри“. Но, според Диновска, хомеопатијата полека почнува и научно да се докажува. „Европската асоцијација прави банка на успешни случаи, а јапонско истражување докажа дека водата има меморија и полека се согледува хомеопатскиот начин на дејствување“, објаснува Диновска.

Лекувањето, според хомеопатите, е по природен пат. Хомеопатскиот лек ја има информацијата од разредената материја и кога ќе влезе во организмот го стимулира имунолошкиот систем и го тера да се бори со болната состојбата, се' додека не ја постигне природната рамнотежа.

Терапијата е индивидуална, односно уникатна за секое лице или, како што велат хомеопатите - лековите се дизајнирани според мерка на пациентот. „Ако има пет лица со главоболка, сите ќе добијат различни хомеопатски лекови. Притоа, лицето се гледа како целина. Се распрашувам за секој дел од телото, зашто освен на физички нарушената состојба, треба да се дејствува и на емоционалната и на менталната состојбата на телото. А разговорот со лицето, исто така, е лек и можност да се испразни негативната енергија“, смета Диновска, која е хомеопат од 1999 година. За хомеопатијата се заинтересирала поради чести проблеми што ги имала со грлото, кои откако се префрлила на хомеопатската терапија, и' исчезнале.

Но, интересот за хомеопатијата е се' поголем, зашто и резултатите од оваа терапија се поголеми. Бројот на привразниците на овој вид терапија од година на година се зголемува. Во центарот „Гајатри“ поминале лица со најразлични нарушени здравствени состојби - од настинки, главоболки, па до астмтичари, дијабетичари... „Најчесто се обраќаат мајки чии деца често се разболуваат и им здодеало да одат на лекар за настинки и да примаат антибиотици. Чести се јавувањата и од мајки со деца кои се алергични на разни агенси“, вели Диновска.

Но, македонските хомеопати признаваат дека има ситуации кога не може да се исклучи класичната медицина. „Едноставно, класичната медицина и хомеопатијата се надополнуваат. Многу добро би било кога соработката со лекарите би била поголема и би имало разбирање, па со двете терапии ќе има далеку поголеми резултати“, порачуваат хомеопатите во земјава.

Хомеопатот Билјана Ѓуроска, која е и лекар по општа медицина, смета дека полека се пробива мразот кај лекарите за овој вид лекување. „Матичните лекари се тие кои полека сфаќаат дека дејствува хомеопатијата. Кога некој пациент ќе им се врати во ординација со резултати од оваа терапија, тие им велат - одете ако помага“, раскажува д-р Ѓуроска од Македонската школа за хомеопатија, која веќе десет години се занимава со оваа терапија.

А дека помага хомеопатијата, има бројни примери, па дури и случаи кај кои класичната медицина не можела да им помогне.

Мајка на двегодишен син, ��ој имал хронична тромбоцитопенија, или намален број тромбоцити, раскажува дека нејзиното дете со хомеопатија се чувствува многу подобро. Откако му ја откриле случајно болеста, шест месеци го лекувале со кортикостероиди. Додека траела терапијата, имало минимално подобрување, но кога била прекината терапијата, состојбата се влошила, а детето имало само психички и физички промени. „Пребарувајќи на Интернет, ја открив хомеопатијата. Почнавме со оваа терапија, иако бев скептична. Во почетокот на терапијата имаше и влошување на состојбата, па дури и ситуации кога пак завршивме на клиника, поради крвавење од носот кое не прекинуваше. Ни дадоа пак кортико, но одбивме и продолживме со хомеопатски лекови, кои ни беа дадени во центарот на Ели. Бројот на тромбоците почна да се зголемува“, раскажува мајката Д.А., која додава дека одлуката за хомеопатијата била една од најтешките во нејзиниот живот, но потоа сфатила дека правилно постапила. „По точно една година од терапијата, моето дете активно спортува“, вели оваа жена.

Има примери и кога пациенти со хронични заболувања, кога преминале на хомеопатска терапија, се ослободиле од лековите препишани од лекар.

„Астматичар имаше поленска треска и алергија на куќен прав и дерматофагоиди. На почетокот паралелно ја примаше и астматската конвенционална терапија и хомеопатската. Полека почнавме да исклучуваме еден по еден лек од класичната медицина. Сега, по две години, лицето нема поленска треска, но и не прима повеќе антихистаминици и спрејови“, укажува д-р Ѓуроска, која вели дека за секој пациент терапијата трае различно време, а хомеопатскиот лек е еден ист за кое било заболување што го има лицето, зашто се прави врз база на организмот како целина, а не на заболениот орган.

Друга пациентка, пак, вели дека се излекувала од ендометриоза на јајчниците. „Секое добивање менструација имав неверојатни болки и не ми помогнаа хормоните. За хомеопатијата дознав од еден другар. Сега имам деца“, вели триесетгодишната мајка од Скопје, која не сака да го открие идентитетот, но вели дека хомеопатијата и' помага и сега со децата. (J.J.)

Хомеопатите лекуваат и со арсен и морфиум

Хомеопатите лекуваат и со препарати што имаат арсен и морфиум. Но, за разлика од класичните лекови, одредени хомеопатските препарати содржат елементи од растително потекло. Така, за хомеопатски лек што содржи арсеникум е лекот што се користи како терапија за труење со хемиски арсен или, пак, за разни други видови труења, па дури и при повраќање и дијареи предизвикани од стомачни вируси.

Растителен екстракт од морфиум во многу разредена форма се употребува како хомеопатски лек за нарушени психички состојби. Овие лекови покажуваат добри резултати кај претрпен стрес или некој друг вид траума, која останала длабоко во психата на лицето. Со овој препарат психичкиот белег замрзнат со години, велат хомеопатите, се ослободува од телото, за разлика од хемиските препарати што само ги потиснуваат психичките симптоми.

„Содржината на арсеникум или морфиум (опиум) во препаратот е многу мала, речиси и ја нема. Затоа овие лекови не се опасни, туку само може да дејствуваат. Зашто помала концентрација на елементот само повеќе го потенцира дејството“, објаснува д-р Ѓуроска.

Хомеопатските препарати, главно, се изработуваат од минерали, елементи или материи од животинско потекло, од растително потекло, а може да биде дури и секрет од инсект.

Терапијата се базира на принципот дека слично со слично се лекува. Така, на труење со арсен се дава арсен.

Кај нас хомеопатските лекови не се регистрирани. Засега се набавуваат надвор од земјата, од Германија, Бугарија, Индија. Тие чинат од три до најмногу десет евра.

Македонската хомеопатија се сертифицира

Од викендов во Скопје ќе стартува првата школа за интегрирана хомеопатија, која ќе се одржува во Центарот за едукација во Црвен крст. Ова ќе биде прва школа која кандидатите што ќе ја завршат ќе имаат македонски сертификат за хомеопатија. Предавачите се од Германија и Бугарија, а ќе трае три години. „Програмата е таква за немедицински лица паралелно да се изучува медицината и хомеопатијата, зашто без да се знае физиологија и анатомијата на телото, не може да се биде и хомеопат“, истакнува д-р Ѓуроска. Според неа, програмата ќе биде изработена од Центарот за едукација на возрасни при Минист��рството за образование, а во преговори се и со Министерството за здравство.


#
Статијата е прочитана 3907 пати.

Испрати коментар

Од: ana
Датум: 30.10.2010 14:21:22
pred nekoj da kaze deka nesto nedeluva treba da go proba.Jas se lekuvam homeopatski dolg vremenski period i treba mnogumina da znaat eve kako vo mojot primer alergicna sum na site vidovi antbiotici i nekoj neka kaze kako tuka bi me lekuvala klasicnata medicina? Lekuvajki se homeopatski imam fantasticni rezultati i fakt e deka funkcionira homeopatijata bidejki koga imam gnojna angina zimam homeopatski lekovi i taa pominuva brzo dodeka porano koga mozev da primam antibiotici me lecea so meseci bez nikakov rezultat pa sega prosudete sami
Од: sime
Датум: 30.10.2010 15:15:17
Napisov mi lici na reklama,denes se reklamira se i sesto za raboti koi ne se kvalitet. Mi lici na nekakva bioenergija...
Од: jas
Датум: 30.10.2010 16:39:15
da ja komentiras altenativnata medicina a da ne ja poznavas e kako nekoj nepismen da ja negira medicinata.Lekarite neka procitaat malku,barem deneska so internetot e se dostapno.Mnogu sme mali za da ne veruvame vo ona sto denes razvieniot svet go proucuva.Prasanje e samo kolku ima kaj nas eksperti za taa oblast i dali se samo kvazi poznavaci koi sakaat da dojdat do denar poveke
Од: Kvazilekuvanje
Датум: 30.10.2010 17:21:34
Vo brojnike kvazimedicinski metodi koi so goidini im se plasiraat na lekovernite , eve se nametna i homeopatijata. Dr Vale e vo pracvo. Se raboti za cisto kvazi lekuvanje blisko do sarlataniziranje, i ako kaj poedini licnosti dosto do povlekuvanje na odredeni simptomi bile ili rezultat na prirodet tek i deluvanje na odbrambeniot imun sistem koj si ima odreden tek i kontinuitet vo deluvanje ili pak se raboti za cisto' placebo efekt" Se rzbira zaboraviv deka se raboti i za dobro i lesno pecelenje pari od lekoverni ludje koi si imaat svoi zdravstveni tegobi. slicno na brojnite "bioenergeticari"
Од: loreta
Датум: 30.10.2010 18:45:01
brojni se slucaite koga homeopatijata mnogu pomognala, tamu kade ne pomognalo drugo. Toa se fakti, zatoa homeopatijata treba da se podrzi
Од: Maja
Датум: 30.10.2010 21:41:16
Kako moze da veruva nekoj deka moze da te izleci nekoja "informacija", ako e lek neka go registriraat i neka dadat sostav, upatstvo za koristenje, kontraindikacii ako gi ima i itn. Vo deneshno vreme Homeopatite im ja derat kozata na lugjeto so maka bez da znajat kade gi davaat parite i zoshto gi davaat . Krajno vreme e da se vospostavi zakonska ramka kako bi mozele da se znaat obvrskite na homeopatite i pravata na pacientite
Од: Ifa
Датум: 31.10.2010 08:42:21
Skolata e za pozdrav. Konecno i kaj nas da se svati alternativnata medicina malku i poseriozno. Konecno i kaj nas da se ponudi na poleto na obrazovanieto nesto porazlicno od aloptska medicina. Kako majka na dve deca (7 i 5) homeopatija toplo im ja preporacuvam na site. Moite deca dosega nemaat primeno antibiotici. Jas poveke od 10 godini nemam primeno nikakvi medikamenti osem homeopatija.
Од: marketing
Датум: 31.10.2010 10:09:17
Posoceniot homeopat od Makedonija neznam kolku e kompetenten da zboruva za homeopatija, a ne pak da leci. Vo Makedonija ne postoi vistinski educiran doktor - homeopat. Nemoze priuceni lugje od drugi profesii da bidat uspesni homeopati. Zosto ako e tolku dobra Eli sekoja godina se seli od edna na druga lokacija, Mene mi lici na prevara. Homeopatijata spored MK zakonite ne e dozvolena i se smeta za nadrilekarstvo. Covek makata ce go natera segde da najde lek, i ja bev kaj Eli, i osven sto mi gi zede parite nisto drugo.
Од: gjoko mitrov
Датум: 31.10.2010 11:05:04
ako homeopatijata kaj nas ne e samo biznis, zosto eli ne izdava fiskalna nitu pak objasnuva sto dava od lekovi. pregled i cini 3000 den. sto e nesfatlivo.ako na pacient mu se vlosi ja faka nevidena panika. ne se znae nitu sto e po struka, pa prosudete.
Од: Angel
Датум: 31.10.2010 11:44:59
Za toa dali funkcionira homeopatijata ili ne, treba da pobarate na internet za rezultatite sto gi ima Cuba so tretiranjeto na leptospirozata-opasna bolest sto se javuva kako posledica na monsunite i se prenesuva preku staorci. 2.5 milioni lugje se tretirani preventativno so homeopatski preparati za trosok 20 pati pomal od klasicnite vakcini, a rezultatite se fantasticni-daleku podobri od site godini dosega-toa znaci mnogu pomalku hospitalizirani lugje, i zacuvano zdravje na iljadnici lugje.
Од: mmbb
Датум: 31.10.2010 22:50:34
Sekade kade medicinata ke zatai - ke niknat site drugi alternativni nacini, dobri i losi. Prasajte kako stojat tie alternativni metodi vo onie zemji kade se funkcionira kako sto treba (Nordiskite zemji, Zapadna Evropa, Avstralija i sl). Koga nasite doktori se izzivuvaat na pacientite - sto im preostanuva?
Од: Dark Avenger
Датум: 01.11.2010 02:08:00
NIEDEN od homeopatite ne znae edna lekarska dijagnoza da procita, a za lecenje da ne zborime. isto kako pred nekoja nedela sto vo Vatikan Meri MekKilop bese proglasena za svetica, zasto so molitva izlecila kancer na nekoja zena. Prikazni za lakoumni. -" Dok je curana, bice i podvaraka"!
Од: cvetko
Датум: 01.11.2010 04:12:34
Homeopatijata e sekade prifatena i priznaena vo svetot i so nea se zanimavaat profesionalni medicinari-lekari.Postojat i celi industrii koi proizveduvaat homeopatski lekovi.Kade zabeguvash Makedonche so komentarite?

Најди! во Утрински
Македонија
Се бара нов факултет за информатика
Ќе нема руска зима во Македонија
Учениците се спасија од екстерно тестирање
Непотизмот направи хаос во битолското образование
Десетгодишна ученичка од Скопје победник на натпревар на Европската комисија
Рушити
Роберт Јаки
Медиумите и натаму раскарани
Албанските рибари ни ги сотреа пастрмките
Студенти бараат да не плаќаат






Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries
Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000