Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter
Македонија

Ќе нема руска зима во Македонија

Најавите на руските метеролози за многу ниски температури и студена зима, не важат за Македонија. Напротив, ќе имаме вообичаена зима со просечни температури, но со врнежи што ќе бидат поголеми од просечните од 25 до 50 отсто.

Дека температурите нема многу да се разликуваат од досегашните и ќе бидат карактеристични за нашите зими, потврдуваат и од Управата за хидрометеоролошки работи. Кон крајот на есенва и во последните денови од претстојнава зима температурата ќе биде во границите на просечните вредности, велат и анализите на Виртуелниот центар за климатски промени на Југоисточна Европа. Во согласност со овие просечни вредности на температурите во Македонија ќе биде и овој ноември, а тие ќе бидат во интервал меѓу 6 и 8 Целзиусови степени. На планините живата во термометрите ќе се движи меѓу вториот и четвртиот степен. Врнежите во централните подрачја, како и во Скопската Котлина, ќе бидат поголеми од 50 до 75 отсто од просечните вредности.

И декември, според температурите на воздухот, нема да се разликува многу од претходните години. Во најголем дел од земјава тие ќе бидат меѓу два и четири степени, а на планинските места од нула до два. За овој месец има малку поинаква хидролошка карта и се очекува врнежите да бидат помали од просечните од 25 до 50 отсто.

Прогнозите за јануари се за два до четири степени пониски средни температури на воздухот во централна Македонија. Очекуваните температури на воздухот се меѓу минус два и нулата, а во планинските делови и пониски. Од 25 до 50 отсто јануарските врнежи ќе бидат помали од просечните, додека на планините за 25 отсто.

Во најкусиот месец во годината, февруари, средните температури во централна Македонија ќе бидат повисоки од 1 до 3 Целзиусови степени, а во планинските делови ќе се движат меѓу нула и два. За 25 отсто ќе има помалку врнежи, а за исто толкав процент ќе има повеќе на планините. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 2056 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Се бара нов факултет за информатика
Хомеопатијата на испит - лек за спас или чудна водичка
Учениците се спасија од екстерно тестирање
Непотизмот направи хаос во битолското образование
Десетгодишна ученичка од Скопје победник на натпревар на Европската комисија
Рушити
Роберт Јаки
Медиумите и натаму раскарани
Албанските рибари ни ги сотреа пастрмките
Студенти бараат да не плаќаат






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'