Број 3419  сабота, 30 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Фељтон








Site Meter
Македонија

Рушити: „Знае ли Новковска математика“?

„Директорката на Државниот завод за статистика знае само да собира, но не и да дели. Сте именувале лице што не ја познава математиката. Просек - вади собирајќи, не делејќи“. Пратеникот на НД, Сулејман Рушити, вака реагираше на вчерашната седница на Комитетот за односи меѓу заедниците, коментирајќи ги изјавите на директорката на ДЗС, Благица Новковска, околу застапеноста на Албанците во Заводот што ќе го спроведе пописот.

„Ако во еден сектор има 12 проценти Албанци, а три проценти во друг сектор, тоа не се вкупно 15 проценти, туку пом��лку. Нема да навлегувам во нејзините партиски убедувања или емоции и како се изјаснувала за претходните пописи, но во Статистика треба да бидат луѓе што ја познаваат математиката и знаат како се вади процент“, рече Рушити.

Новковска не присуствуваше на вчерашната седница на Комитетот. Пред неколку дена, на прашање од ДУИ за процентот вработени Албанци во секторот во ДЗС што ќе ги обработува податоците од пописот, Новковска не даде конкретен одговор, туку почна да го собира процентот по сектори.

„Ако тие се 10,2 процента во вкупниот број вработени, 16 проценти се во раководниот дел“, одговори тогаш директорката Новковска. Таа дополни и дека ќе бидат ангажирани и надворешни лица и оти се планира меѓу нив да има и Албанци. „Времено ќе вработиме и надворешни лица, по сите процедури и според профилот што ни е потребен. Ако ангажираме 100 лица, од нив 25 Албанци, таа е структурата“, додаде Новковска.

Во знак на револт поради несоодветна застапеност на Албанците во ДЗС, Нова демократија не испрати претставник на неодамнешната средба на пратениците со статистичарите. „Ни организиравте излет во Заводот за статистика, исто како што во основно училиште ни организираа екскурзии во Зоолошка градина. Како ние да не знаеме каде е ДЗС, па на самото место ќе ни докажете дека тука има и компјутери. Не сакам да бидам циничен, но навистина ме принудувате“, рече Рушити.

Новиот закон за попис вчера ја помина расправата во Комитетот на заедниците, а од понеделник треба да почне амандманската расправа во матичната Комисија за политички систем. Потоа законот ќе се најде на пленарна собраниска седница. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 1238 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Се бара нов факултет за информатика
Хомеопатијата на испит - лек за спас или чудна водичка
Ќе нема руска зима во Македонија
Учениците се спасија од екстерно тестирање
Непотизмот направи хаос во битолското образование
Десетгодишна ученичка од Скопје победник на натпревар на Европската комисија
Роберт Јаки
Медиумите и натаму раскарани
Албанските рибари ни ги сотреа пастрмките
Студенти бараат да не плаќаат






Hungarian government considers voting rights for expats
Freedom of expression threatened in Macedonia
Putin leaves Bulgaria with a gas deal and a new puppy