Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Хроника
11.07.2012, 16:43

Повредените војници на домашно лекување

Полицијата истражува зошто дошло до судирот меѓу автобусот во кој се превезувале војниците и „аудито“

Припадниците на АРМ кои завчеравечер беа повредени во сообраќајната несреќа што се случи на магистралниот пат Штип – Радовиш, по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Во дежурната хируршка амбуланта во Медицинскиот центар во Струмица биле донесени 27 лица. По извршените прегледи и рентгенолошки испитувања кај нив биле констатирани полесни телесни повреди. Само кај едно лице биле констатирани фрактури на ребрата и десната клучна коска. По извршените прегледи и укажаната лекарска помош сите биле пуштени дома.

Во несреќата се повредени уште пет лица, тројца од нив биле пренесени во Медицинскиот центар во Штип, а возачите на автобусот и патничкото возило биле пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.

„Нема тешко повредени меѓу припадниците на АРМ и сите се пуштени на домашно лекување“, потврдува и портпаролката на Министерството за одбрана, Селвет Барути.

Сообраќајната несреќа се случи завчера околу 17 часот кај кривината за Неготино. Автобус на „Струмица експрес“, во кој се наоѓале војниците на АРМ на патот Штип - Радовиш се судрил со возило „ауди“, во кое имало тројца патници меѓу кои и едно мало дете.

Војниците се враќале од вежба на Криволак и оделе кон касарната во Штип. Во еден момент, од засега непознати причини, двете возила директно се судриле. Од ударот, со повреди се здобиле 28 војници, од вкупно 32, кои се превезувале во автобусот.

Во „аудито“ се повредени возачот, неговото дете кое има 11 години, и нивен роднина. Најтешки повреди има детето, кое е на лекување во Скопје. Автомобилот е однесен на вештачење, со цел да се утврдат причините за несреќата. Во тек е полициска истрага за целиот случај. (Х.Р.)


Статијата е прочитана 425 пати.

Испрати коментар



„Мајка ми е убиена поради нејзината добрина“
Газдата на синџирот ресторани „Кај Злате“ си го одзеде животот
Со нож нападнат лидерот на ВМРО - ДПМНЕ во Битола

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска



Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 12°C

Вторник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 11 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Првите олимпијци пристигнуваат денеска во Лондон
На аеродромот Хитроу пристигнуваат првите 335 спортисти и нивните тренери, меѓу кои се наоѓаат олимпијци од САД, Канада,...
Лондон ја почна борбата против допингот
Анти-допинг центарот на ОИ ќе тестира 6.000 спортисти плус сите освојувачи на медали, се' до деветти септември...
Киднапиран претседателот на „Олимпискиот комитет“
Креветите во Олимпиското село долги само 172 см
Игри со 5.000 допинг-тестови и 150.000 кондоми
Темната страна на Олимписките игри

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |