Број 3299  сабота, 05 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Економија

Неодговорноста на Грција скапо ја чини Македонија

Подобро е да имаш одговорни отколку неодговорни соседи, пишува „Вашингтон тајмс“

Во анализата за реномираниот „Вашингтон тајмс“ угледниот економски експерт Ричард Ран го анализира влијанието на грчкиот банкрот врз македонската и бугарската економија. Тој смета дека Македонија го извлекла подебелиот крај во споредба со Бугарија по колапсот на грчката економија. „Подобро е да имаш одговорни отколку неодговорни соседи, без разлика дали станува збор за земја или за сопственик на имот. Македонија и Бугарија се две соседни земји на Грција, чија финансиска криза им предизвика многу непријатности“, пишува Ран во својата анализа.

Тој во економските мерки на Македонија и на Бугарија, ниските даноци и рамниот данок, гледа решение за финансиските кризи во европските држави и во САД. Ран го истакнува и долгогодишното „гледање низ прсти“ на европските финансиски власти во однос на грчкото неконтролирано трошење.

Збунет е што европските држави, како и САД, и покрај финансискиот крах на Грција, се' уште стремат кон високи даноци, кои, на пример, по пакетот мерки со ММФ и со ЕУ во Грција пораснаа на повеќе од 40 отсто. Ран прашува што уште треба да се случи за да се освестат креаторите на политики за да се избегнат идни финансиски падови. „Грција долго беше толерирана од повеќето држави во ЕУ. Нејзините политичари лажеа со години за фискалната состојба на земјата и пред меѓународната заедница претставуваа фалсификувани извештаи. Како резултат на тоа, плаќачите на данок во Европа и оние во САД ќе треба да плаќаат повеќе, а Македонија и Бугарија ќе треба да се соочат со проблеми поради грчката неодговорност“, пишува „Вашингтон тајмс“. Според него, за 12 отсто е намалена трговската размена меѓу Македонија и Грција.

Економскиот експерт Ричард Ран тргнува и од политичките релации меѓу Македонија и Грција и долгогодишниот спор за името, како и грчката блокада на Македонија за членство во НАТО, при што ги сумира бројките за влијанието на грчката криза врз македонската економија.

„Повеќе години откако Македонија објави независност од Југославија во 1991 година, Грција продолжува да ја блокира поради историски настани. Денешната држава Македонија била окупирана од многу народи во последните неколку илјади години. Грците од своја страна се емоционално приврзани кон името Македонија, бидејќи така се вика една од нејзините провинции и покрај тоа што во последните 1.300 години Словените биле население што доминирало на територијата на малата балканска држава. По отцепувањето на Македонија од Југославија, Грците се спротивставија на користењето на тоа име за новата држава и Обединетите нации реши да го користи непријатното име „поранешна југословенска Република Македонија“, кое Македонците продолжуваат да не го прифаќаат. Повеќе земји од светот, вклучувајќи ги САД, ја признаваат Македонија под нејзиното уставно име Република Македонија, но Грците продолжуваат да се спротивставуваат. Така, тие го блокираа процесот за приклучување на Скопје во НАТО и во ЕУ. Спорот за името, сепак, не ги спречи Скопје и Атина да воспостават трговски односи што вклучуваат значителни грчки инвестиции во Македонија. Грците го ставија Скопје во исклучително тешка положба од една страна, бидејќи нема излез на море, а од друга страна, бидејќи нема достапност до ЕУ и до НАТО, а сега грчката криза доведе до големо намалување и на македонскиот извоз за Грција“, наведува весникот. (Од агенциите)


#
Статијата е прочитана 2123 пати.

Испрати коментар

Од: Doma
Датум: 05.06.2010 01:09:47
Znaci sepak imame uslovi za razvoj na dobra ekonomija bez MMF. I ne bilo se crno kako sto sakate da pretstavite. Vprocem imame vlijatelni pofalbi za stabilna ekonomija vo edna za zal tranziciskiu ispokradena zemja. Ne se plasete i bez EU ke ne bide, nema potreba od apokalipticni scenarija.
Од: trene Melbourne
Датум: 05.06.2010 01:47:51
ova e mnogu jako nesto i treba site ova da go podetalno pretresat i da mu upatat preporaka na cela evropa da se razbudi i da gi sogleda posledicite od kade doagaat pozdrav.....
Од: Гоца
Датум: 05.06.2010 03:08:04
Македонија никогаш небила и нема да биде дел од Грчката историја . Македонците СЛАВЈАНИ МАКЕДОНЦИ (Orthodox Macedonians) или СЛОВЕНИ МАКЕДОНЦИ што во превод на англиски би било Еducated Macedonians секогаш биле и ќе бидат различни од Грците по боја на кожа , темперамент , интелект и пред се до��тоинство . Во древното минато тие беа ДОЈДЕНЦИ ИЛИ ГРЕЈЦИ . Допста со злоупотребата на МАКЕДОНСКОТО ДОСТОИНСТВО ! Македонија е единствената земја во регионот која успешно ја избалансира економската криза . Грција од Македонија добива бенефит , а не обратно ! Во Македонија Грчките инвеститори добиваат евтина работна сила и воопшто не се води грижа за работниците . Тоа е вистината .
Од: Do Doma
Датум: 05.06.2010 10:30:16
Vo tvojot komentar ima nesto ne jasno koga velis tranzicijski ispokradena zemja, mislis na Grujo so OKTA, platezna karticka, SWEDMILK i uste mnogu milijardi ispokradeni ili za toa imas amnezija-tipicno vemerovski???

Најди! во Утрински
Економија
Граѓаните збунети од новите сметки
Шансите Грција да излезе од еврозоната се 50
Буџетските пари спасуваат
Барањата на текстилците пред Владата
Опаднал интересот за градење во април
Ставрески и Гошев на Самит во Црна Гора
Од 2011 година, забрана за горивото со олово
Пекинг ги зголемува платите
Се укинува помошта за Кина и за Индија
Албанија ќе заработи 15 млн. евра од струјата