Мајските сметки со предупредување за сите претходно неплатени долгови
Маја Томиќ
Граѓаните се збунети од последните мајски сметки за струја. Се жалат дека не им се јасни напишаните бројки за потрошените киловат-часови електрична енергија и дека не можат да оценат дали висината на сумата која треба да ја платат е онаа вистинската. Според реакциите на граѓаните, некои треба да ја платат горе-долу истата сума што ја плаќале и во последните неколку месеци од годината, други, пак, се жалат што на сметките им бил внесен и некој долг од пред повеќе години кој веќе го имале платено. Но, најголемиот дел од граѓаните реагираат на висината на сумата, која некаде е и за околу 50 проценти поголема од претходните.
„Ништо не ми е јасно со новите сметки, порано лесно читав колку киловати сум потрошил скапа, колку евтина, колку се другите давачки на основната сума, сега тотално сум збунет. Прво не ми е јасно зошто имам да платам 4.500 денари, кога никогаш толку не сум плаќал за струја. Се' што сфатив е дека за три дена од мај, од 3 до 6, е извршено читање на броилото, што според мене логично значи дека сметката е за потрошената струја во април. А таа сметка сум ја платил веќе“, вели К.М. од Скопје.
Организацијата на потрошувачи на Македонија неодамна ги соопшти собраните поплаки на граѓаните кон „ЕВН Македонија“. Тие се однесуваат на нереално високи сметки, сомневање во исправноста на новите броила кои им регистрирале повисока потрошувачка, на наплатата на застарени долгови за струја, на слабиот квалитет, на недоволните информации од страна на операторите во кол-центрите и на непостоењето двостепени жалбени постапки.
„Според реакциите на одредени граѓаните, излегува дека ЕВН е виновна што информира транспарентно за долговите, а не тие што не плаќале навреме. Сепак, за сите недоразбирања сме отворени 24 часа за наоѓање решение околу сите недоразбирања. Долговите за струја транспарентно се објавени и ако се тужени граѓаните за нив, не застаруваат и треба да ги намират. Најчесто станува збор за тужби по основа на неплатени сметки кои новиот систем ги исфрли во последните сметки“, велат од „ЕВН Македонија“. Посочуваат дека новиот систем за наплата ги регистрира сите детални податоци за корисникот. Велат дека во изминатиот период сториле се' за подобра информираност на граѓаните за новиот лик на мајските сметки и за новиот начин на пресметка. Навреме биле поделени информативните летоци и писма со сите детали околу новините, а секој кој сака што било да праша за сметките или нешто друго, може во секое време да се обрати во кол-центрите.
Од компанијата посочуваат дека за оние што спаѓаат во првата група плаќачи, читањето на броилата било во првата недела од мај и со таа состојба се прави корекција на паушалниот износ на април и може да се случи дека сумата е поголема ако бил повисок и паушалот за април. А сумата за мај е одредена како израмнување на паушалот на струјата кој се одреди во април.
За потсетување, „ЕВН Македонија“ од мај стартуваше со нов систем на пресметка и наплата на потрошената електрична енергија. Во април беа доставени две фактури за струја, за март и за април, која беше паушална, поради преодниот период. „Новиот софтвер-систем е практика секаде во светот и нема да им штети на граѓаните, напротив, тие прецизно ќе знаат кога и колку струја потрошиле“, убедуваа тогаш од ЕВН.
Сите потрошувачи се поделени на четири групи, а броилата се читаат во четири различни термини во текот на месецот. На пример, ако за првата група потрошувачи читањето е од 1 до 3 мај, фактурирањето на сметката до 10., а плаќањето на 25., за третата група се чита од 15. до 21. во месецот, датумот на фактурирање е на 24., а рокот за плаќање до 8. наредниот месец. На четвртата група, пак, броилата им се читаат од 22 до 28, датумот на фактурирање е на 31, а рокот за плаќање до 15. наредниот месец. Се пресметува, поточно чита, потрошувачката на струја во период од точно 30 дена од компанијата велат дека оставаат уште една недела рок за плаќање од претходно утврдениот.
Не е точно што кажува ЕВН, па дури и најредовните плаќачи добија дуплирани сметки! Нека кажуваат што сакаат, луѓето многу појасно ја искажаа целата работа со зборовите „и во турско имало повеќе исав кон рајата“. Па и на врапците им е јасно дека ништо во ова државче не минува без команда на премиерот, па така и ова е негово масло. Едноставно, му требаат пари за нови купени избори. ( http://www.otpor.net.tf )
Од: sase
Датум: 05.06.2010 03:06:18
Moi dragi i mili zemjaci MAKEDONCI ako prodolzite uste da si cutite i da ne go krevate glasot prtiv ovie lopovive,tie ke prodolzat da ne kradat na sekoj mozen nacin,IMA SAMO EDNO RESENIE " NE PLACAJTE NISTO NA NIKOGO" zosto na vas nikoj ne vi dava nisto pa da vidime kako ke funkcioniraat i EVN i DRZAVAVA i site drugi.Koga i naselenieto edvaj prezivuva.Pozdrav Makedonci,vreme e da se osvestime... ednas i da ne molcime nikogas povece zosto site se isti i site KRADAT od narodot.
Од: master
Датум: 05.06.2010 07:50:20
Definitivno nema koj da go zastiti graganinot.Sardisani sme od site strani,telefonija,televizija,evn sto ti ne.Koga NARODOT ke si ja prevzeme sudbinata vo svoi race??Dosta e so grabezi od gebot na graganinot!!!!Grujo go izvalka imeto VMRO - odi si!!!
Од: Nato-Jato
Датум: 05.06.2010 08:57:53
Gragjanska neposlusnost samo toa e spas , drugo nema!
Од: George
Датум: 05.06.2010 09:12:18
Доколку го споредуваат системот со секаде на светот, односно западот, а секој месец одат да проверуваат, па паушално или не, ... ми се чини дека нешто не штима.
Во западните земји се плаќа однапред пресметана сума на годишна потрошувачка и тоа секој месец (т.е. паушално). Еднаш годишно или лицето само ги внесува состојбите од броилото или компанијата доаѓа да отчитува. Во зависност од потрошеното или се доплаќа или пак се враќаат пари назад, а се утврдува и новиот паушален месечен надомест.
Е сега, не дека ова е совршено, но компаните ги чини поевтино, па ако сакаат можат овие трошоци да ги поделат со клиентите. За нив подобро кога ќе се воведат електронски броила, но потрошувачите се скептични.
Покрај тоа има конкуренција, па ако не ти се допаѓаат услугите, ќе се префрлиш во друга компанија.
Ете, тоа беше на кратко, а ако треба промена, треба да се оди на нешто вакво, па доколку понудувачот не е спремен на нешто вакво, тогаш на протест, нели?
Од: Toso
Датум: 05.06.2010 09:32:20
Sekoj moze da si nosi pravilnici po svoe ubeduvanje, no plakanjeto mora da se vrsi po dobienata usluga, a ne avansno. Jas ne dobivam avansna plata pa da plakam avansno. Ako e taka, ke si stavam rampa na ulica i ke naplatuvam po 1 denar za sekoj minuvac - ke si naprvavam pravilnik i zavrsena rabota. Imam custvo deka pokrja toa sto drzavata ne ne zastiti i organizacijata na potrosuvaci e pasivna. Mora posilno da pritisne i da ima efekt. Vo celost se soglasuvam site da plakaat, a ne jas da plakam i za toj sto nikogas ne platil i se odnesuva nasilno. No, EVN neka ponudat druga opcija - pripejd plakanje za struja za rizcni kategorii i lokacii, islkucuvanje na sekoj oddeln korisnik od dalecina, citanje na proila od dalecina. Ako veke tolku investiraa vo broila sto pokazuvaat poveke potrosena energija, moze i nesto poveke da napravat.
Од: francuz
Датум: 05.06.2010 10:01:24
nikoj i nikade, nie sme si zagreota be bratce i nisto drugo toa e prikaznata za nas,kori niti bevme niti nemi
i sega se nekoj ni e kriv .doma da si pogledneme vo
dvorot em toa e,a ne kaj komsijata.a za kolceta i brane
od svoite ke si go jadat stapot toa ti e
Од: сенка
Датум: 05.06.2010 10:08:20
Potpolno se slozuvam so komentarot na Sase. Samo taka ovie aramii ke se naucat na red.
Од: Dragan-Usa
Датум: 05.06.2010 10:13:05
e znaete sto vika tatko mi imase edna zemja sto se vikase jugoslavija vo koja bese so vo red a site misleja ako se odvojat drzavite ce im cvetaat epa eve ni sea na site ce igraat kako sakaat so nas pozz
Од: gv
Датум: 05.06.2010 10:31:39
Ovaa cista placka od strana na EVN ,vo poslednata smetka za maj 2010 god. ima stavka za neplaten dolg od 10.200,00 den za tri smetki ne objasnuvaat za koi meseci se odnesuva.Najvise sum placal iznos do 1.800,00 den.,sto znaci ako dolzam za tri meseci iznosot e 5.400,00 za ova treba da se stavi kraj.Sramota.
Од: mimoza
Датум: 05.06.2010 10:57:36
Овие ќе почнат веќе дома да ни влегуваат и од уста залци да ни вадат. Дури, чинам и Хитлер бил понежен спрема својот народ.
Од: Momcilo
Датум: 05.06.2010 11:34:34
Lopovi sramota sramota lopovista koja transparentnost koi bakraci se javuvas vo EVN a od tmao ti vikaat pogresen broj , spustaat slusalica i prodolzuvaat da pletat corapi i da vezat gobleni i da piajt viski i da krkkaat kavijar i egzoticni ovosja od nasite prai od parite na graganite od pratie za ekskurizja na nasite deca ili da ne kazam za parite za maleko za istite tie nasi deca. EVN- lopovska banda podrzana od vlasta i ne samo od ovaa nego od bilokoja ke dojde i bila do sega. Ajt cao snemav struja zasto redovno palkam.
Од: забеган
Датум: 05.06.2010 13:10:29
Овија од ЕВН Потполно збудалеле а и БЛАДАТА треба да реагира додека некој не направил беља.Лично јас не плаќам сметка 100%зголемена нека дојдат да наплатат.Си цртале си пишале што им текнало.ГЛУПАЦИ низаедни мене ме интересира колку сум потрошил толку да платам,Се знае 1+1=2 и готово.Неме интересират ЦРТЕЖИ.
Од: Lidija Smilevska
Датум: 05.06.2010 16:09:19
ЕВН не признава екологија и неразумно троши хартија
Со новите сметки на ЕВН покрај глупостите од типот опомена за неплатени сметки (кои се уредно платени) и паушалоно наплатување на струја која ја нема да ја потрошиме уште 2 месеци, оптеретување на куќните совети со сметки кои досега ги плаќаа станарите има уште еден бисер.
Ако во пункт на ЕВН платите сметка, наместо само да ви ја заверат сметката (компјутерски или со печат) ќе добиете усхте еден лист хартија за плаќањето (со меморандум во боја) кој ќе ви го захефтаат за вашата фактура. На тој начин непотребно троши скапи листови хартија (кој секако се на товар на потрошувачите), наместо 1 мала сметка, ќе чувате 2 листа со А4 големина и згора на се ќе бидат исечени многу повеќе дрва за тие непотребни листови хартија.
Божем австријците се економични, организирани и рационални. Овие овдешниве многу брзо примија балкански особини.
Од: eli
Датум: 05.06.2010 18:13:35
Do Sase
neznam dali zivees vo stranstvo ili vo MK. Ako ne platis edna smetka za struja ke dojdat i ke te isklucat, pa odi posle ti zivej vo mrak. zalosno e za narodot ova sto se slucuva i sto ni go pravat..derat od site strani oti prazen e budzetot.