Број 3384  петок, 17 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин








Site Meter
Политика

Владата ги визира новините за Антикорупциска

Владата нема намера да се откаже од најавените измени во антикорупциското законодавство, кои предвидуваат професионален статус на членовите, наместо волонтерски и воведување мандат од четири години, наместо пет.

Министерот за правда, Михајло Маневски, вчера потврди дека Владата веќе ги визирала измените на Законот за спречување на корупцијата за кои наскоро треба да се изјасни и Собранието.

„Нова Антикорупциска комисија треба да се избере во рок од една година по стапување во сила на законот“, кусо рече министерот за правда. Иако Маневски избегна прецизен одговор дали актуелниот состав целосно ќе го заврши мандатот што истекува во 2012 година, станува сосема извесно дека членовите ќе бидат предвреме разрешени. Под претпоставка законските решенија да бидат верификувани од пратениците идниот месец, тогаш нова Антикорупциска комисија треба да биде избрана најдоцна до октомври 2011.

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата остро се спротивставија на предлогот за скратување на мандатот сметајќи го потегот на Владата како класичен упад во нивната работа како контролна институција. Но, го оквалификуваа и како недозволив преседан што би можел да се користи во иднина секогаш и во секое специјализирано тело кога членовите не се по мерка на власта. (К.Ч.)


#
Статијата е прочи��ана 257 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 17.09.2010 14:22:51
Незнам дали треба да постои антикорупциска комисија.По видувањата но ова влада е храни куче а тоа да те лае(недајбоже и да те касне)

Најди! во Утрински
Политика
Борците ќе маршираат на Светскиот ден на мирот
Полицијата треба да се прочисти
Атина
Се разминаа или се разидоа Груевски и Папандреу
Средба со бугарскиот премиер
Лозарите цел ден чекаа исход од преговорите
Се заоструваат условите за избор на судии
Маневски не гледа вина во незаконското разрешување



"""