Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Магазин
Политика
16.09.2010, 17:45

Борците ќе маршираат на Светскиот ден на мирот

Во организација на Сојузот на борците на град Скопје, в недела со мировен марш ќе биде одбележан 21 Септември - Светски ден на мирот. Секоја година нашава земја се приклучува на светското одбележување на мирот што се одржува под покровителство на Обединетите нации во многу земји низ светот. Под мотото „Ветераните чекорат за мир“, маршот ќе тргне во 11 часот од паркот „Жена-борец“, па се' до Споменикот на ослободителите пред Владата, каде што ќе биде прочитана пораката на генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун.

„Мирот е една од човековите најдрагоцени потреби. Тој е наедно највозвишената задача на Обединетите нации. Ова работење за мирот не е лесно, но е неопходно. Навистина, во безброј заедници низ светот, мирот претставува недостижна цел. Од камповите за бегалци во Чад и во Дарфуд до патиштата во Багдад, прашањето на мирот е исполнето со препреки и страдања“, се вели во пораката на Бан Ки Мун. За значењето на Светскиот ден на мирот, тој напомнува дека е добра можност да се вложат напори за промоција на мирот и благосостојбата на сите луѓе насекаде.

„На овој меѓународен ден да ветиме дека мирот не е само приоритет, туку и желба. Да се обврземе дека ќе направиме повеќе, каде и да сме и на кој било начин, да го направиме секој ден да биде Ден на мирот“, се вели на крајот од пораката.

Во истиот дух, и претседателот на Сојузот на борците на Скопје, Трајко Стаматоски, рече дека секој што ги почувствувал ужасите на војната знае како треба да се цени мирот. „Мирот е насушна потреба на секој човек и е најголемото богатство на еден народ. Македонија најдобро го знае тоа. Затоа упатуваме повик до сите слободољубиви граѓани да учествуваат и да дадат поддршка на оваа манифестација од светски размери“, рече Стаматоски. За учеството на жените во војните се осврна Олга Божиноска од Градската боречка организација. Таа рече дека почитта спрема жената-борец во Македонија е голема поради нејзиното учество, но и на тоа како таа одговори на задачите во војните. Покани за учество на оваа манифестација се испратени до сите државни институции, организации и здруженија. (Св.У.)


Статијата е прочитана 887 пати.


Испрати коментар



Се разминаа или се разидоа Груевски и Папандреу
Средба со бугарскиот премиер
Атина
Полицијата треба да се прочисти
Владата ги визира новините за Антикорупциска
Маневски не гледа вина во незаконското разрешување
Се заоструваат условите за избор на судии
Лозарите цел ден чекаа исход од преговорите



Alien from Space, 17.09.2010 14:35:35
Борците требаше да маршираат на Денот на Победата,а не сега!Сега се чекори!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -2°C

Облачно

Сабота
Претежно облачно
Макс: 1°C, Мин: -2°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФOTO) Двегодишнина од египетската револуција
Масовните протести почнаа на 24 јануари 2011 година со кои Мубарак беше принуден да ја напушти власта...
(ИНТЕРВЈУ) Кумановските уметници го заживуваат цртежот
Историчарот на уметноста, Роберт Цветковски говореше во Кавадарци, каде што изложуваат уметници од Куманово, за црт...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Магазин |