Доделени стипендиите во „Нова“
Меѓународното училиште „Нова“ во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ веќе шест години едноподруго го спроведува проектот за стипендирање талентирани ученици. Симона Сарафиновска од ОУ „Јохан Х. Песталоци“, Васил Кузевски од ОУ „Димо Хаџи-Димов“ и Исидора Бојковска од ОУ „Кочо Рацин“ - Куманово се овогодишните добитници на целосни стипендии за четиригодишно школување во гимназијата „Нова“.
На стипендистите ќе им се овозможи во текот на школувањето да бидат активно вклучени во локални, регионални и меѓународни лидерски проекти каде што ќе имаат можност да ја претставуваат мисијата и визијата на училиштето и фондацијата, но и својата држава, се вели во соопштението до медиумите.
Стипендиите се доделени врз основа на резултатите кои учениците добитници ги постигнаа на тестовите по англиски јазик, математика, есејот на зададена тема, како и на интервјуата со комисијата. (Д.Р.)
|