Број 3299  сабота, 05 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Македонија

Зголемената партиципација ќе зема данок

Болниците и клиниките, кои се главни установи за дијагноза на болестите и за лекување, ќе бидат се' понедостапни за обичните пациенти

Јасмина Јовановска


Со евентуалното зголемување на партиципацијата, односно поголемото учеството на пациентите во цената за лекување во болница, државата ќе им зема данок на болест на болните. Тие едвај и сега успеваат да платат за здравствениот придонес и минималната партиципација од 20 отсто, а не, пак, да плаќаат за дополнително осигурување. Екстра трошоците, кои за некои болнички услуги би достигнале и до половина од вкупната цена за лекувањето, ќе ги одвраќаат болните навреме да одат в болница, коментираат познавачите на здравствените и на социјалните состојби. Тие предупредуваат дека како последица на одолговлекувањето на лекувањето ќе дојде до зголемување на здравствените компликации и се' повеќе болни ќе умираат без да се лекуваат.

„Ќе чекаат да им се искомплицира здравствената состојба и тогаш да одат во болница, кога веќе ќе нема спас за нив“, е најчестиот коментар на клиничките лекари по обелоденувањето на размислувањата на Владата за зголемување на партиципацијата за болничките услуги.

Сепак, дел од стручњаците сметаат дека покачувањето на партиципацијата е неизбежен чекор за одржување на сегашниот здравствен систем, иако и тие мислат дека ваквата новина негативно ќе се одрази врз болните на кои се' повеќе ќе им бидат недостапни болниците и клиниките.

„Ако партиципацијата го чини болниот една плата, тој сигурно нема да сака да се лекува во болница. Многу е битно колкава ќе биде таа партиципација, но и колкав ќе биде годишниот лимит за плаќање партиципација, над кој износ болните ќе бидат ослободени. Сега во просек е околу 6.000 денари“, укажува еден долгогодишен стручњак од областа на здравственото осигурување, кој сака да остане анонимен. Според него, државата планира да зема еден вид данок на болест, а прашање е колку од нив се во можност да го плаќаат.

„Во Хрватска, просечната плата е околу 1.000 евра, а овде е околу 350 евра. Па, како мисли државата со ваква плата луѓето да даваат пари и за дополнително осигурување“, укажува здравствениот стручњак, кој смета дека луѓето се' повеќе ќе умираат без да се лекуваат. Тој е изненаден зошто толку брзо се оди со вакви крупни промени во здравството.

И здравствениот стручњак Владимир Лазаревик е со став дека зголемувањето на партиципацијата и воведувањето дополнително осигурување ќе биде лошо за пациентите.

„Секаков вид приватно и дополнително плаќање се одразува негативно за најсиромашни��е групи население и од тие причини државите се воздржуваат да ги покачат приватните трошоци“, вели д-р Лазаревик. Но, според него, таквите мерки се' повеќе се неизбежни дури и за богатите држави. Затоа, тој смета дека зголемувањето на партиципацијата ќе биде неопходна мерка ако сакаме да го одржиме финансирањето на постојниот пакет на здравствени услуги, за што постојат три опции - да се скрати бројот на здравствени услуги, да се направи рационализација на кадар и простор или, пак, да се зголеми партиципацијата и да се воведе дополнително осигурување. Но, д-р Лазаревик укажува дека е неопходно пред имплементацијата на новите политики да се направат соодветни симулации и процена на ризиците за тоа како дополнителните плаќања ќе се одразат врз пристапот до здравството за населението.

„За да успее новиот систем граѓаните треба да бидат уверени дека ќе добијат поквалитетно здравство. Денеска сме далеку од тоа и се очекува дополнителната партиципација уште повеќе да го зголеми трансферот на пациентите во приватниот сектор“, потенцира овој стручњак.

И пациентите сметаат дека со зголемувањето на партиципацијата секундарното и терциерното здравство ќе станат недостапни, и тоа основниот сегмент каде што треба да им се откриваат болестите и да се лекуваат. „Колку поголема партиципација, толку понедостапно здравство, ако се знае колкав е стандардот на осигурениците“, вели д-р Весна Велиќ-Стефановска, претседател на Здружението на правата на пациентите. За неа ова е уште еден удар врз правата на пациентите. „Уште не закрепнати од шокот од високите доплати за лековите и немањето лекови во аптеките, на пациентите им се приредува уште еден шок, за кое воопшто не се зборува во јавноста, а се носи така сериозен зафат“, додава д-р Велиќ-Стефановска, кој потенцира дека вакви крупни промени не смее да се носат преку ноќ и без да се запознае јавноста. Според неа, Владата ветуваше бесплатно здравство и во програмата воопшто не навести ваква радикална реформа, а сега оди на редефинирање на загарантираниот пакет, што очигледно се прави за да се пополни здравствената каса.


#
Статијата е прочитана 1139 пати.

Испрати коментар

Од: zapevropa
Датум: 05.06.2010 00:13:44
mkd vo odumiranje toa e li e nacionalna svest?nemat paRI VLADA ZA ZDRAVSVO ZA GEADJANI A 200MIL EVRA ZA SPOMENICI?kade vi se komwntaqrie bravo vlada abe koj budala ce zivee ili ce se vrati vo takva drzava?zdravstvenie rabotnici se protiv ama go poddrzuvat demek da opstane zdravstvo???glrdat za sebe ama ne im e gajle sp toa makedonecot e vo odumiranje takva politika ima samo vo afrika sum cul vo evropa zap nikade pa ni vo bivsi istocni zemji.
Од: ??
Датум: 05.06.2010 00:42:26
Кога дојде време сопругата да се породи отидовме во Ремедика. Не затоа што сме мнооогу богати, туку затоа што не сакавме да го ризикуваме здравјето, сигурноста и удобноста и на мајката и на првороденчето. Зошто да “ризикуваме“ ќе прашате? Па затоа што,иако државата на хартија е должна да ни обезбеди услови за породување, состојбите се далеку од квалитетни. Спомнете си ја состојбата во Прилеп, на пример. А, камо ли да очекува човек да има основни услови за хигиена, топла вода, услужен и одговорен персонал (доктори и сестри)(без да бараат “награда“). Па каде би ни бил крајот! Како слушам сите што можат да си дозволат бараат услуга во приватно здравство. ТОА Е НЕДОЗВОЛИВО! Ем да плаќаме, ем кога нешто навистина ќе ни треба да не смееме да очекуваме НИШТО ЗА ВОЗВРАТ!? ПОД ХИТНО ТРЕБА ДА СЕ МЕНУВА СИСТЕМОТ, да се знае на што сме. (а воопшто не ми се допаѓа што како да сме тргнале кон системот на здравство како што е во САД, катастрофа!!!)
Од: Stefan
Датум: 05.06.2010 07:05:30
Pari ima premnogu vo zdravstvenata kasa za da moze da se organizira besplatno zdravstvo,no problemot e vo nesposobnosta na zdravstveniot menagment da racionalno upravuva so niv i da se otkaze od ,,transformacijata,, na istite vo nivnite dzebovi. Sekoj misli na prihodite,nikoj ne pogledne vo delot na stedenjeto i racionalnoto.Zdravstvoto e samo indikator na trulosta na sistemot i nisto drugo.
Од: Трпе
Датум: 05.06.2010 08:59:58
Ова блада обичниот граганин не го гледа како човек.За нив е само обичен гласач.А болен човек не го бидува за лепач на плакати трчкало и гласноговорник.Од нив немат никаков кар.Тие и преставуват само како голем трошок.а познато е болниот за кого ке гласа,ке бара помош од власта.Кутијата му се носи дома и се убедува за кого да гласа.Тие знаат како да остваруват и да преродуват.
Од: nekoj
Датум: 05.06.2010 09:16:04
Treba da pocnete pregovori so privatnite kliniki (ne znam kolku gi ima), da moze da uplakate kaj niv, pa koga ke vi treba usluga da si odite tamu. ne znam zosto se uste plakate zdravstevno a pari vo zdrastveniot fond nema? Isparile...
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 05.06.2010 10:59:27
Tocno, nesposobnosta za rabotenje i (ne)mentalitetot se najgolemite pricini za odumiranje na Makedonecot. Na sekoe moe dovagjanje gledam grobistata e se pogolema. Mladi umiraat kako nikogas porano. Brakovi se pomalku, deca malku. Katastrofa. Kade odi Makedonija, misli li nekoj????
Од: Strumica
Датум: 05.06.2010 11:46:52
Analizite nema da ne kurtulat od Gniloto zdrastvo.Neka si pluknat Graganite na racete i da gi smenat nesposovbnite so sposobni.Ovaa vlada se pokaza kolku znae i umee.Kolku poveke toneme taa se pogolem zamav zema.Sega pokacuva participacija posle ke ja privatizira stpomatologijata fondot ke gi otkaci nepodbnite apteki pa amo partiskite apteki ke imaat dogovor so fondot,a vo meguvreme kvazi direktorite na bolnicite ke zemaat plata od 60-70.000 denari specijalistite po detska i prevntivna stom za sedenje zemaat po 30-40.000 denari a obicniot graganin i obicnite smrtnici od doktori stomatolozi i farmacevti nema da znaat so da pravat. so samite sebe.Prvite ke si umiraat od obicni bolesti a vtorite ke se na Biroto za vrabotuvanje dodeka ne dobijat status na bolni pa i na niv ke im dojde krajot.Dosta e odete si dosta ne reformiravte ama IMAJTE MILOST.

Најди! во Утрински
Македонија
Мототура „Мариово 2010“
Доделени стипендиите во „Нова“
Собираат пари против загадувањето