ТАЈГЕР ВУДС Спиел со 120 жени за време на бракот
Американскиот Тајгер Вудс призна дека во текот на петгодишниот брак со сопругата направил прељуба со дури 120 жени. Капката што ја прели чашата на неговата сопруга, шведската моделка Елин Нордегрен, била аферата со 21- годишната ќерка на нивните соседи од Флорида, Рејчел Кудрие, која Вудс ја познава уште кога имала 14 години. Иако заедно поминале само една ноќ, тоа за жената на голферот, наводно, била најтешкото можно неверство. Вудс ја завел Кудрие во мај минатата година, само неколку метри од местото каде што неговата сопруга го доеше и пресоблекуваше новороденото дете.
Во клиниката за лечење од сексуални зависности голферот мораше да направи листа од жените со кои спиел за време на бракот. Листата имала неколку страници, а според изјавите на изворите, младата сосетка не се нашла таму. Сопругата Елин во целост го отпиша Вудс од својот живот, затоа што веќе за ништо не му верува, а очигледно е дека ниту Вудс не го мачи премногу разводот, па постојано се забавува до раните утрински часови. |