29.04.2010, 16:14 МИШЕЛ МЕКГИ
Не знаела за посвоеното дете на Џеси Џејмс
Бившата љубовница на Џеси Џејмс, Мишел Бомбшел Мекги, постојано се обидува да ја оттргне од себе етикетата „уништувач на бракови“ и да ги оправда своите постапки за врската со сопругот на Сандра Булок. Во сето тоа има сестрана помош и од својот татко. Тетовираната старлета неодамна изјави дека нејзиниот љубовник никогаш не и' споменал за посвојувањето на синот со Сандра Булок, информација која пред неколку дена се прошири низ јавноста, а оскаровката дотогаш ја држеше во строга тајност.
Мишел Бомбшел тврди дека никогаш не би се впуштила во афера со Џеси доколку знаела дека веќе неколку месеци се обидува да посвои дете. „Само што се слушнав во Мишел и ми кажа дека воопшто не знаела за планот на Сандра и Џеси за бебето“, рече таткото на Мишел, Дени Мекги. „Да знаеше дека се обидуваат да посвојат дете, сигурно никогаш не би влегла со врска. Дефинитивно! Едно е да го изневеруваш сопругот, но да го правиш тоа додека посвојуваш дете е многу, многу ниско. Тоа, всушност, го покажува вистинското лице на твојата личност“, тврди Дени.
Сандра Булок ја шокираше јавноста со неодамнешното интервју за магазинот „Пипл“, на чија страна се појави со малечко дете во рацете. Откри дека со Џеси веќе подолго време се обидувале да посвојат дете, а пред неколку месеци таа желба им се исполнила. Добија дете од Њу Орлеанс и го нарекоа Луис. Сакале својот син да го држат во тајност додека на пројде доделувањето на „оскарите“, но потоа беа откриени аферите на Џеси, па Сандра сакала детето да биде надвор од очите на јавноста. Во првото интервју по скандалот откри дека, дефинитивно, се разведува од сопругот, а Луис ќе го посвои како самохрана мајка. |