Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Забава

ЏОРЏ КЛУНИ

Бомба пред вилата на актерот

Пред куќата на Џорџ Клуни во Италија е пронајдена неактивирана мина, наменски направена во Втората светска војна. Експлозивната направа тешка 220 килограми беше откриена во езерото Комо на 13 метри длабочина, точно пред луксузната вила „Олеандре“ на познатиот холивудски актер. До езерото веднаш побрзаа многубројни експерти за експлозиви, а целиот град Лаџлио, што се протега покрај езерото, беше целосно блокиран се' додека не ја деактивираа бомбата.

Италјанската полиција објави дека освен бомбата во езерото се наоѓале и неколку мини и суров експлозив. За среќа, Клуни моментално не се наоѓа во својата вила, вредна 30 милиони долари, па не можеше да сведочи за збрката и конфузијата што се случуваше во гратчето, поради пронајдената бомба. Тој пред два месеца најави дека сака да ја продаде италјанската резиденција, затоа што сака да се пресели на некое помирно место со свршеницата Елизабет Каналис. Се прошири веста дека за вилата „Олеандре“ е заинтересиран парот Бекам и еден руски милијардер.


#
Статијата е прочитана 1022 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Забава
На Богородица повторно во Лешок
Не знаела за посвоеното дете на Џеси Џејмс
Спиел со 120 жени за време на бракот