05.02.2012, 11:41 МЗТ со голем пресврт го освои „Градски парк"
Работнички на полувреме замина со предност од 46-38, но во вторите 20 минути екипата од Аеродром направи позитива од 27 поени за победа од 88:69
МЗТ Скопје убедливо до 88-69 славеше против Работнички во првото коло од кошаркарската Суперлига на Македонија.
Клубот од Градски парк на полувреме замина со предност од 46-38, но во вторите 20 минути екипата од Аеродром направи позитива од 27 и заслужено ја прослави втората победа во третото големо скопско дерби во оваа сезона.
Најефикасни во победничкиот тим беа Игор Мијаиловиќ со 23, Ѓорѓи Чековски со 19 и Тодор Гечевски со 14 поени и 11 скокови. Кај Работнички се истакна Немања Јелесијевиќ со 20 коша и 10 скока.
|