Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
25.09.2012, 16:59

Светска банка: Сакаме да ги поддржиме реформите на Владата

За неколку месеци финансиската институција ќе и' одобри гаранција на Македонија за ново задолжување

Нина Нинеска-Фиданоска

Светска банка вчера за „Утрински“ потврди дека ќе и' одобри гаранција на македонската Влада, за таа да може да земе кредит кај странски комерцијални банки. Како што завчера соопшти министерот за финансии Зоран Ставрески, Владата на стартот на идната година планира да се задолжи на износ од околу 200 до 250 милиони евра, а овие средства ќе биле доволни и целосно да се исплати долгот кон компаниите, но и за да се зголемат пензиите и да се реализираат сите други владини ветувања.

Од Светска банка велат дека гаранцијата за земјава ќе ја одобрат за неколку месеци, но не откриваат колкава ќе биде нејзината сума.

„Операцијата во моментов се дискутира со Министерството за финансии, со цел да биде одобрена од Бордот на директори на Светска банка за неколку месеци“, потврдуваат од канцеларијата на Светска банка во Скопје.

СБ е децидна дека со гаранцијата сака да ги поддржи владините реформи, како и да помогне за зачувување на стабилноста на економијата.

„Оваа операција ќе ги поддржи постојните реформи спроведувани од Владата, а насочени кон јакнење на управувањето со јавните финансии и ублажување на влијанието на обновената криза во еврозоната врз најранливите групи граѓани. Таа ќе придонесе кон обезбедување краткорочно финансирање на буџетот под поволни услови во комплексно време за еврозоната, како и поддршка за обновување на растот на среден рок. Операцијата е тесно поврзана со програмата на Владата насочена кон зачувување на стабилноста на економијата и обезбедување одржливо и соодветно заздравување“, потенцираат од СБ.

Светските банкари објаснуваат дека ја даваат гаранцијата за Македонија поради тоа што за земјава бил отежнат пристапот до пазарите на капитал.

„Владата на Македонија и СБ ја подготвуваат втората гаранција за политики како одговор на обновената криза во еврозоната, која од втората половина на 2011 континуирано се одразува негативно врз стопанствата низ целиот Западен Балкан. Економскиот раст забави, извозот опадна, а пазарите на труд назадуваат. Негативните ефекти се прелеаја и на полето на фискалните политики, преку приходи од даноците кои се помали од очекуваните. Дополнително, турбуленциите на пазарите на капитал од мај годинава го направија пристапот до тие пазари потежок за земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја тука и Македонија“, објаснуваат од СБ, додавајќи дека апетитот за инвестиции и ризици кај глобалните инвеститори е разнишан, и целокупното инвестирање во странство е намалено.

Инаку, завчера министерот Ставрески потенцира дека со средствата што ќе се добијат во јануари в година од комерцијалните банки, ќе биде финансиран целиот буџетски дефицит, односно сите инфраструктурни проекти, отплатата на долгот, зголемувањето на пензиите и слично. Тој потенцира дека за годинава не се планира ребаланс на буџетот и ново задолжување, бидејќи имало доволно средства да се финансира буџетот за оваа година.

Од опозицијата, пак, не стивнуваат реакциите по обраќањето на премиерот пред бизнисменската елита, во кое вети целосно раздолжување. СДСМ смета дека најавеното враќање на долговите е само изговор Владата пред избори да ја задолжи државата. „Се' повеќе станува очигледно дека Груевски и Ставрески сето ова го направија со една единствена цел, да најдат изговор како пред избори да ја задолжат државата за нови 200 до 250 милиони евра. И овој пат, како и пред вонредните парламентарни избори во 2011 кога од ММФ беа позајмени 220 милиони евра, со единствено образложение за буџетски потреби, Вл��дата не објаснува за што ќе се потроши овој кредит. Колку пари од овој кредит се наменет за враќање на долговите кон стопанството? Колку се наменети за тековни буџетски потреби, а колку за капитални инвестиции? Ќе одговори ли некој на најголемата државна тајна - колкав е долгот на Владата кон стопанството?“, праша на вчерашниот прес Марјанчо Николов, пратеник од најголемата опозициска партија.

Според него, Владата сака на нетранспарентен и нејасен начин да ги задолжи македонските граѓани оваа 2012 и наредната 2013 за нови половина милијарда евра, без да даде објаснување како и за што ќе ги потроши овие пари. „Повеќето пари Владата веројатно ќе ги потроши за покривање на дупката во буџетот која секојдневно се продлабочува предизвикана од нејзините погрешни економски политики. Само во септември, додека го подготвувале и планирале новото задолжување, во Скопје се поставија десетици споменици... Сега кога признаа дека немало пари за овие мегаломански проекти и се граделе на вересија и на грбот на неликвидното стопанство, премиерот Груевски и министерот Ставрески прават уште една голема грешка. Подготвени се да го зголемат буџетскиот дефицит и задолжувањето, само за да продолжат со оваа економски поразителна политика“, рече Николов.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека „СДСМ дејствува дезориентирано по одличните мерки на Владата, кои наидуваат на одобрување како од бизнис- заедницата, синдикатите, експертите, така и од самите граѓани. Овие мерки ги прифаќаат сите, освен СДСМ“, наведува партијата. Според нив, СДСМ немале храброст да поздрават ниту една владина мерка.


Статијата е прочитана 951 пати.

Испрати коментар



„Бимилк“ ќе им подели млеко на основците
СР „Бабуна“ концесионер на езерото „Младост“
Зелен кредит за енергетски ефикасни домови



ФЕЛИКС, 26.09.2012 07:31:00
СБ утврдува да владата прави реформи, граѓаните повеќе и веруваат на власта отколку на опозицијата во сите сегменти,само Шатевци во сета своја стерилност една те иста работа различито политикантски ја опсервираат. Знаеме колку би биле ,,запалени,,да СБ испоставеше негативен став кон реформите,ќе имавме,,кука и мотика,, собрано на едно место со критикувањето од видот,,видовте и СБ констатира да владата е нерефермска,,.А инаку нормалното нивно политиканство се состои во тоа што дунек однесувањата им се секидневнас пракса.Сочуствуваат на ангро со земјоделците,за потоа да него гласаат законот токму за нив.Испрелелекаа над судбината на бизнис заедницата околу ддв,сега се против кредитот што истото ќе им го исплати ддв.Единствено околу пензионерите се некако срамежливи со критиките,вероватно се срамат од она време кога ги усреќија истите со неисплатата на неколку пензии кој потоа друг ги враќаше.
Феликс до Баба Евда, 26.09.2012 09:45:14
Бабичке , извини што со задоцнување ти одговарам на твоето прашање.16-те пратеници од нашите не беа присутни на гласањето на Законот за земјоделците , затоа што тогаш беа на хорска проба во УМС , каде ја увежбув��а песната за Тоде Александров! Ние мислевме дека дунек-шатевците ќе ја завршат нашата работа! Не излажаа ,бабичке , тие ја испејаа „ Плива шатка преку море“ Ќе им бидам „скар“ нема да се поздравам со нив , кај нас нема лабаво! Поздрав , твоето Шате.
od ostrijot, 26.09.2012 09:59:44
za feliks i vladata zemanje pari nazajem e golem uspeh a oto ovije pari eden den mora dase vratat zatoa nerazmisluvat.
Nikola vo Germanija, 26.09.2012 10:27:39
Vladinata Ekonomska politika ja dozivuvam, blagoreceno. kako konfuzno dejstvuvanje. Od edna strana statisticki se belezuva i od vladata potvrden pad na industriisko proizvodstvo, a od druga strana istatata vlada sprema blagodeti za Penzionerite i administrativcite-od ekonomska gledna tocka najneproduktivnite faktori vo edno stopanstvo. Toa isto kako da go gubam rabotnosto mesto i istovremeno da gi zgolemuvam prekumerno zivotni trosoci odnosno luksuz! Cela Evropa krati kade i kako stignuva, samo Makedonskata vlada se odnesuva kako da vladee so ostrov a ne Drzava,koja e na pragot da se prezadolzuva.Nemam zborovi.
trajce, 26.09.2012 12:43:16
zosto svetska banka garantira za kreditot sto ke go zeme makedonija dali toa znaci deka svetskite banki na makedonija ne i veruvaat , pa neli nie sme lideri vo regionot , malku zadolzeni sme ili se toa e laga i zatoa svetska banka garantira za nas oti nie sme nesigurni deka ke go otplakame kreditot pa zatoa mora nekoj da garantira za nas
pretpriemach, 26.09.2012 18:08:59
Svetska banka garantira za nasiot kredit bidejki veruva vo nasata ekonomija, a veruvaat i komercijalnite banki, no koga garantira SB togas kamatnata stapka na kreditt e pomala....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 33°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 31°C, Мин: 14°C

Петок
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (10)
Србите се криви за се'. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Не можам да излезам накрај со главите
Сликарот Омер Калеши на своите 600-800 глави, кои му се творечка преокупација, не насликал ниту едно уво...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |