Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Приштина доби список на криминалци

Првите луѓе на македонското и на косовското МВР во Скопје разговараа за шверцот со оружје

„Не сакам Косово да го оценувате како извозник на оружје и насилство“, истакна косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи, кој по инцидентот кај скопското село Радуша кога беа убиени четворица шверцери со оружје, дојде на средба со македонската колешка, Гордана Јанкулоска. Двајцата министри оценија дека „е неопходно навремено и координирано дејствување, детектирање и попречување на сите обиди на шверц со оружје и други недозволени дејства и вршење кривични дела“. Јанкулоска му доставила список на Реџепи со криминалци, против кои Македонија има распишано потерници, а за кои постојат сомневања дека се кријат во Косово, како и на лицата што им помагаат. Неофицијално, станува збор за 70-ина лица, кои треба да одговараат за убиства, киднапирање, тероризам и др. На средбата биле разменети податоци и за можноста жители на Косово да и' помагале на екстремистичката група, која беше елиминирана кај Радуша или на вмешаните во претходната акција кај Блаце и завчерашната кај Ново Село.

Во меѓувреме, единиците за итни интервенции на КФОР се упатија кон македонско-косовската граница како помош на силите на косовската полиција и трупите на ЕУЛЕКС по последните случувања во Македонија. „Со Реџепи ги разменивме сите релевантни информации кои значат зголемување на степенот на безбедност во регионот, а воедно и чекор поблиску кон разоткривање на сите кривични дела што се случуваат во пограничниот регион и во кои се инволвирани државјани од двете страни“, изјави министерката Јанкулоска по вчерашната средба во Скопје.

Според косовскиот министер, кој ја нагласи одличната соработка меѓу двете полиции, движењето во планинските делови меѓу двете земји треба да биде поконтролирано. Тој додаде дека ќе се засили безбедноста од двете страни на границата. „Мислам дека инцидентите во една од државите се рефлектираат во другата. Не треба да се мисли дека на Косово се добредојдени криминалците, туку спротивно од тоа. Криминалните групи имаат врски не само во Косово, туку и во Србија и Црна Гора и се доста софистицирани“, рече Реџепи. Тој призна дека косовската полиција не располагала со информации што помогнале во разбивањето на шверцерскиот синџир кај Радуша, но рече оти е „можно оружјето да потекнува од Србија или од Црна Гора или од Македонија“.

Министерката Јанкулоска смета дека „инцидентите од ваков тип креираат тензија и вознемиреност кај граѓаните поради што не треба да се потценуваат, но тие не претставуваа�� опасност за дестабилизација од поголем степен, ниту на Република Македонија ниту, пак, на регионот пошироко“. Реџепи ја информирал Јанкулоска за идентитетот на лицата и мерките и дејствата што се преземани против качаничката група, која беше замешана во минатонеделниот инцидент кај Блаце. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 607 пати.

Испрати коментар

Од: Od Aristid
Датум: 15.05.2010 09:02:22
Е, Е, е се склучи договор помеѓу волк и јагне, јагнето да не му ја мати водата кога пие под него од потокот. А овде се види кој е волк , кој е јагне ,али ние пок читателите не сме ни едното ни другото.па вие новинарите татада ни ги претставувате работите.

Најди! во Утрински
Политика
Се смируваат страстите во владината коалиција
Уапсените кај Радуша пуштени на слобода
Потрагата по оружје продолжи во тетовско Ново Село
Дали избори се излез од лавиринтот?
„Мериот“ ќе гради хотел во центарот на Скопје