Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

Се смируваат страстите во владината коалиција

Владините партнери ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ вчера ја спуштија топката по еднонеделната тензија. Коалициските партнери ги испеглаа разликите за измените на Законот за денационализација и интегративците в понеделник се враќаат на работните обврски во Собранието.

Спасувачката формула е најдена во амандманските интервенции со кои ќе се прецизира дека со законот нема да бидат засегнати верските заедници. Тоа, всушност, беше најболната точка во предложените законски измени, во кои ИВЗ и албанскиот политички фактор препознаа опасност дека државата ќеи'и го одземе имотот на ИВЗ во Старата скопска чаршија.

Исто така, коалициските партнери се договориле да згаснат второстепените владини комисии за денационализација. Работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ веќе ги усогласиле амандманите на Законот и за нив в понеделник ќе расправа Комисијата за финансирање и буџет.

„Постигнавме заедничко усогласување на текстот на Законот за денационализација, кој предизвика огромно внимание во јавноста и неоправдано стравување на верските заедници. Нема потреба од страв дека некој ќе им одземе нешто на верските заедници, ниту на земјоделците со неденационализиран имот. Се укинува и второстепената комисија, со цел да се забрза овој процес на денационализација. Граѓаните нема повеќе да се вртат низ лавиринтот на првостепена и второстепена комисија, па назад на Управен, па на Врховен“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

И пратеникот Талат Џафери од ДУИ го нагласи значењето на тоа што граѓаните отсега постапките по жалбите на првостепената комисија ќе ги водат пред Управните.

Според него, второстепените комисии во Владата се тесно грло за довршување на процесот на денационализација. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 755 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Уапсените кај Радуша пуштени на слобода
Потрагата по оружје продолжи во тетовско Ново Село
Дали избори се излез од лавиринтот?
„Мериот“ ќе гради хотел во центарот на Скопје
Приштина доби список на криминалци