Број 3283  сабота, 15 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Политика

„Мериот“ ќе гради хотел во центарот на Скопје

Во луксузниот хотел ќе се инвестираат 38 милиони евра, а се очекува да биде отворен во 2013 година

Деспина Трајковска


Светскиот синџир хотели „Мериот“ официјално влезе на пазарот на македонското хотелиерство. Во срцето на Скопје во 2013 година се очекува да биде отворен првиот хотел од ваков ранг во Македонија и воопшто на Балканот. Неговата изградба вчера ја најавија Александар Ивановски, генерален директор на македонската компанија „Дивелоп груп“, и Ервин Карлтон, главен директор за развој за Европа на хотелите „Мериот“, кои потпишаа договор за соработка.

„Договорот, конечно, резултираше по деветмесечни преговори. Ве уверувам дека услугата што ќе се нуди во хотелот ќе биде на исто ниво како и во хотелите ‘Мериот‘ низ светот. Освен комфорот што ќе им се нуди на сите клиенти, истовремено сум убеден дека и Скопје, конечно, ќе добие ексклузивен хотел што одамна му е потребен. Ова ќе биде прв брендиран хотел во Скопје, интернационално управуван“, истакна возбудено вчера Ивановски, чија компанија ќе инвестира во изградбата.

Информираше дека наскоро компанијата ќе ја почне постапката за одобрение за градба, која е предвидено да заврши до крајот на 2012 година. Хотелот ќе се гради на површина од 20.000 метри квадратни, во сегашното зеленило спроти кафулето „Тренд“ на земјиште што компанијата го откупила од физичко лице.

Фасадата на објектот, што е дело на група австриски архитекти, ќе биде во арт-деко стил, спој на модерен и историски изглед додека внатрешноста на хотелот ќе биде во модерен луксузен стил. Случајно или не, неговата фасада ќе се вклопи со изгледот на објектите на скопскиот плоштад на кои со проектот „Скопје 2014“ им е наложен таков стил. Хотелот ќе има 180 соби, 16 луксузни апартмани, еден претседателски апартман, спа-центар, градина на највисокиот кат... Вкупната инвестиција на „Дивелоп груп“, која истовремено ја гради и деловната зграда на кејот на местото на поранешна Народна банка, е околу 38 милиони евра. Компанијата речиси половина од парите ги обезбедила преку кредити од наши и од странски банки.

И претставниците од „Мериот“ вчера не го криеја задоволството од своето влегување во Македонија. Тие истакнаа дека одамна планирале да се прошират и на Балканот.

„Во случајов најдовме вистински партнер и одлична локација за изградба на хотелот. Уверени сме дека ’Мериот Скопје‘ ќе биде успешен уште од првиот ден“ истакна Карлтон.

Честитки за соработката и најавениот проект двете компании вчера добија и од амбасадорот на САД, Филип Рикер, вицепремиерот Владимир Пеш��вски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

„Мериот“ е водечка компанија за хотелиерство, која поседува повеќе од 3.400 хотели во 70 земји. Седиштето на компанијата се наоѓа во САД и има приближно 140.000 вработени.


#
Статијата е прочитана 1972 пати.

Испрати коментар

Од: Лелелеле
Датум: 15.05.2010 00:15:13
И после проекот било “големо арчење“ пари од 0,5% на годишно ниво... Фрли Рипче Фати Крапче...
Од: граѓанин
Датум: 15.05.2010 00:30:47
Како да им се објасни на некои луѓе дека на плоштадот нема место за толку многу објекти. Плоштадот отсекогаш бил место за митинзи, културни и други манифестации и неколку пати во тек на такви масовно посетени манифестации сум била сведок како народот се тиска и заглавува на излезите/влезовите на плоштадот. Сетете се на Нова Година кога Бело Дугме настапуваа - толпа луѓе се гушеше обидувајќи се да влезе и излезе. Размислува ли некој нормален архитект дека барем овој плоштад е место кое треба да се проектира за подалечна иднина што претпоставува проектирање и за побројно население. Исто така, при масовни собири, со толку тесни влезови на плоштадот не треба да се пренебрегне и опасноста од стампедо . До сега не чув ниеден архитект да даде образложение за овие аргументи. Или нека направат нов Плоштад на некоја поголема ледина а овој нека го пренатрупаат со згради, коњи и магариња.
Од: Steve Frankfurt am Main
Датум: 15.05.2010 02:37:39
Mariot Hotel i do nego novata djamija (zaboraviv na imeto). Leleee kolku ubavo...kako nikade na svetot.
Од: arhitekt
Датум: 15.05.2010 05:07:27
Mnogu grd hotel!Uste edna grda zgrada ke nikne vo nasiot grad!
Од: Stanko
Датум: 15.05.2010 06:43:02
Pissete dali ke mozze da se pravat svadbi vo ovoj Hotel.
Од: mkd
Датум: 15.05.2010 09:46:08
Konecno Skopje pocnuva da nalikuva na glaven grad na Drzava a ne na pusta poljana. Bravo i samo napred i sto pobrzo da se napravi Oficerskiot dom kako sala za vencavanje za da moze plostadot vo vikendite i da ima DUSA.
Од: Memet
Датум: 15.05.2010 10:18:38
pred 15-20 godini Sarik Tara od Turcija sopstvenikot na edna od najgolemite gradezni firrmi vo svetot, a po poteklo od Makedonija, nudese investicija od 20 milioni dolari i otrvaranje na holidej in vo Makedonija .. İnvesticite na hartija se mnogu , no pravi investicii malku..
Од: ANA
Датум: 15.05.2010 11:35:25
Mnogu zvezdi, Makedoncce ne treba da vleguva vo ovoj Hotel da ne mu padnat site tie zvezdi na glava pa mu go izgorat temeto.I ssto e naj vazzno hotelot e lociran na sred selo kako ssto dolikuva.
Од: pak perenje
Датум: 15.05.2010 12:35:44
Da ne bide i ovoj kako hotelot kaj ramstor. Se mi lici na peralnica, samo neznam koj kje gi zeme "cistite alista".
Од: Стојче
Датум: 15.05.2010 13:18:26
Зошто и хотелот не е во стил на Барок?
Од: pepe skopje geteborg
Датум: 15.05.2010 13:25:43
edna rabota nemozam da ja razberam do koga pretstavnicite na bilo koja vlast ( " ) vo drzavata i vo Skopje ke se odnesuvaat sprema Skopje kako da e "pole za kulturno "gradenje na nekulturni i ne prifatlivi idei od gragjanite na samiot grad razmislete malku sto pravite so Skopje i so negoviot izgled pozdrav do site "kultivirani"pratenici koi ziveat i rabotat vo gradot
Од: jovan
Датум: 15.05.2010 14:15:16
Osven sto razbrav deka hotelot ke bide BRENDIRAN od "Meriot", nerazbrav civa ke bide zgradata. Koj se tie "Develop Grup", stranci, nasi? Spored "carsiski muabeti" zad ovaa grupa stojat nasi "mafijasi"(dobro organizirani),spored "dokumenti" se stranci. Moze li malku istrazuvacko novinarstvo, pa da se razjasni malku poveke ovaa "investicija", koj se e umesan, koj se ima "udel"......,pa koga veke se nudi zabava za narod, nek bude bal.
Од: TRAJANKA
Датум: 15.05.2010 15:38:37
Na istoto mesto postoese Hotel Makedonija izgraden vi vid na Baraka so golema letna bavca, uste pred 30 godini se zborese deka ke se gradi nov . Bi trebalo da se vika Makedonija .Ako ima stranski investici ke ima mir .poradi interesite .

Најди! во Утрински
Политика
Се смируваат страстите во владината коалиција
Уапсените кај Радуша пуштени на слобода
Потрагата по оружје продолжи во тетовско Ново Село
Дали избори се излез од лавиринтот?
Приштина доби список на криминалци