Број 3299  сабота, 05 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Квиз

Многу изненадувања на Мундијалот во САД

Бугарија ја шокира Германија и стигна до полуфиналето, Романија ја исфрли Аргентина, С. Арабија подобра од Белгија

Во вториот дел од натпреварите на СП во САД, главно, се пласираа сите фаворити и некои земји - изненадувања. Некои од нив, пак, како Саудиска Арабија, беа големи изненадувања. Таа азиска репрезентација во првата фаза славеше победи против Мароко и Белгија, а во осминафиналето загуби од Шведска, подоцна носител на бронзениот медал.

Светот во пријатни изненадувања од тоа СП ги вброи и настапите на селекциите на Романија (ја елиминира Аргентина во осминафиналето), Бугарија (беше подобра од Германија), како и на Нигерија (победа против Бугарија и пораз од Италија во продолжението од меѓусебниот осминафинален меч).

Бразил беше супериорен во текот на сите натпревари, а во финалето победи тесно, со 3-2, и ја освои титулата, иако тогашната фудбалска мегаѕвезда, Роналдо, беше во составот, но не одигра ниту една минута на тоа СП. Славата ја однесоа Ромарио, Бебето, Дунга, Алдаир...


РЕЗУЛТАТИ

Полуфинале: Бугарија - Италија 1-2, Шведска - Бразил 0-1.

Меч за трето место: Шведска - Бугарија 4-0.

Четврт-финале: Италија - Шпанија 2-1, Холандија - Бразил 2-3, Бугарија - Германија 2-1, Романија - Шведска 2-2 (на пенали 4-5). Осминафинале: Германија - Белгија 3-2, Шпанија - Швајцарија 3-0, Саудиска Арабија - Шведска 1-3, Романија - Аргентина 3-2, Холандија - Р. Ирска 2-0, Бразил - САД 1-0, Нигерија - Италија 1-2 (во продолжението), Мексико - Бугарија 1-1 (на пенали 1-3).

Лига систем - група А: САД - Швајцарија 1-1, Колумбија - Романија 1-3, Романија - Швајцарија 1-4, САД - Колумбија 2-1, САД - Романија 0-1, Швајцарија - Колумбија 0-2. Група Б: Камерун - Шведска 2-2, Бразил - Русија 2-0, Бразил - Камерун 3-0, Шведска - Русија 3-1, Бразил - Шведска 1-1, Русија - Камерун 6-1. Група Ц: Германија - Боливија 1-0, Шпанија - Јужна Кореја 2-2, Германија - Шпанија 1-1, Јужна Кореја - Боливија 0-0, Германија - Јужна Кореја 3-2, Боливија - Шпанија 1-3. Група Д: Аргентина - Грција 4-0, Нигерија - Бугарија 3-0, Аргентина - Нигерија 2-1, Бугарија - Грција 4-0, Аргентина - Бугарија 0-2, Грција - Нигерија 0-2. Група Е: Италија - Р. Ирска 0-1, Норвешка - Мексико 1-0, Италија - Норвешка 1-0, Мексико - Р. Ирска 2-1, Италија - Мексико 1-1, Р. Ирска - Норвешка 0-0. Група Ф: Белгија - Мароко 1-0, Холандија - Саудиска Арабија 2-1, Белгија - Холандија 1-0, Саудиска Арабија - Мароко 2-1, Белгија - Саудиска Арабија 0-1, Мароко - Холандија 1-2.



СТАТИСТИКА



Учесници (24): Аргентина, Грција, Норвешка, Белгија, Јужна Кореја, Романија, Боливија, Република Ирска, Русија, Бразил, Италија, Саудиска Арабија, Бугарија, Мексико, Шпанија, Камерун, Мароко, САД, Колумбија, Холандија, Шведска, Германија, Ниге��ија, Швајцарија.

Најдобар стрелец: Саленко (Русија) и Стоичков (Бугарија) со по шест гола.

Вкупно постигнати голови: 141 (2,71 просечно).

Вкупно гледачи: 3.587.537 на 52 натпревари.

Во квалификациите учествуваа 144 репрезентации од цел свет.

Градови во кои е играно првенството: Вашингтон, Бостон, Лос Анџелес и Њујорк. Маскота: куче „Страјкер“

 

 


#
Статијата е прочитана 214 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Јонуз ќе бара премии за победите во Австрија
Борачи од девет држави на „Македонски бисер“
Роденден прославен на височина од 5,2 км
Англија и Франција го меркаат трофејот
Јужноафриканската репрезентација кај Мендела
Содерлинг прв финалист во Париз
Убедлив старт на Лејкерси во финалето на НБА
Германија со едно полувреме подобра од БиХ
Мексико ја совлада Италија со стил
Тевез на строга диета, не сака да го викаат дебелко
Јотовски елиминиран во Киселјак