Јотовски елиминиран во Киселјак
Со пласмани во второто коло и во поединечна конкуренција и во двојки, Томислав Јотовски го заврши својот настап на тенискиот фјучерс во Киселјак, Босна и Херцеговина, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 10.000 долари. Јотовски, кој неделава е 1739. на АТП-листата, во осминафиналето во сингл загуби со 6-0, 6-1 од четвртиот носител Томас Кас-Карере (596.) од Франција. Заедно со Маурисио Алварез-Гузман, пак, во четврт-финалето во дубл беа поразени од првите носители Милјан Зекиќ и Арсение Златановиќ од Србија со 6-3, 6-2, откако на стартот Хрватите Анте Билиќ и Антонио Санчиќ без борба им го предадоа мечот.
Поради лошото време, повремениот репрезентативец на Македонија во еден ден мораше да одигра три меча - прекинатиот што успешно го доврши против Шпанецот Франсеск Монтанес-Рока (1463.) и мечевите од второто коло поединечно и во двојки. (Р.Д.) |