Содерлинг прв финалист во Париз
Швеѓанецот Робин Содерлинг, втора година едноподруго, ќе игра во финалето на Ролан Гарос. Во полуфиналето тој триумфира над Чехот Томаж Бердих со 6:3, 3:6, 5:7, 6:3, 6:3 и во мечот за титулата ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Шпанецот Рафаел Надал и Австриецот Јирген Мелцер. |