Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
28.02.2012, 11:44
Металург го доби посакуваниот Загреб



Задоволни и Хрватите од ждрепката за осминафиналето на ракометната Лига на шампионите

Општо задоволство владее и во Скопје и во Загреб по денешната ждрепка за осминафиналето на Лигата на шампионите во ракомет, која ги вкрсти Металург и Кроација осигурање. Ни македонскиот ни хрватскиот првак не го посакуваа Копенхаген со кој се „усреќи“ Севехоф, а колку-толку прифатливиот Веспрем му оди на нозе на Адемар Леон. „Металурзите“ прво ќе ги нагостат загрепчани на 18 март, а реваншот треба да се одигра меѓу 21 и 25 март.

„Лично, го посакував Веспрем, но ни Загреб не е лоша опција“, е првата реакција на претседателот на Металург, Ристо Чокрев. „Гледајќи ги извлечените двојки, можеби имавме и среќа, бидејќи ако бевме на местото на Цимос Копер, ќе игравме со Кјелце, кој, според мене, е поквалитетен од Загреб. Во дуелите со загрепчани ќе влеземе растоварени и ќе направиме се' за да го поминеме реномираниот противник“.

Слични тонови и од Загреб, но со потајно стравување дека нивниот поранешен тренер Лино Червар, кој веќе втора сезона седи на клупата на Металург, би можел да им ја запржи чорбата. (Р.Д.)

ЛАЗАРОВ И АТЛЕТИКО СО ШАФХАУЗЕН

Атлетико Мадрид, за кој игра Кирил Лазаров, за противник во осминафиналето на Лигата на шампионите го доби швајцарски Кадетен Шафхаузен. Другите двојки се: Фиксе Берлин - Хамбург, Монпелје - Барселона, Висла Плок - Кил, Адемар Леон - Веспрем, Кјелце - Цимос Копер, Металург - КО Загреб и Севехоф - Копенхаген.

Термините за првата елиминациска рунда во ЛШ се 14-18 и 21-25 март.










Статијата е прочитана 1090 пати.

Испрати коментар



Скот Паркер најдобар англиски фудбалер за 2011
Ѓоковиќ сведок на поразот на Ѓоковиќ
Металург го добива противникот во осминафиналето на ЛШ
Меси со магичен удар го замолкна „Калдерон“
Наполи ја продолжи мизеријата на Интер
Ливерпул го освои првиот трофеј по шест години
Западот победи на „Ол стар“ натпреварот
Хамбург преголем залак за Металург
Еванс крал на забивањето, Лав најдобар тројкаш
Хамбург го чека пекол во „Борис Трајковски“
Ева Карнеиро - најсветла точка во Челзи
Мурињо обвинет за хомофобија
Конор ќе го води Вулверхемптон до крајот на сезоната
Ајакс за малку до сензација на „Олд Трафорд“
Исинбаева со нов светски рекорд во сала
Тетовска дебата за навивачи без навивачи
Порази на Мекејлеб и на Антиќ во Евролигата
Македонија против Роналдо и дружината
Македонија втор носител во квалификациите за ЕП 2014
Мојсоски избори победа над Борац
По Гасол му пресуди на шампионот Далас
Финалистите од 2010 паднаа во финишот



Александар, 28.02.2012 12:04:22
Металург има миниални шанси, но сепак и тоа е некоја надеж дека може да помине.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -2°C

Слаби снежни врнежи

Среда
Обилни врнежи
Макс: 8°C, Мин: -3°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |