Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
27.02.2012, 17:50

Се плете ли свилен гајтан околу Шврговски?

Владиниот извештај за авионската несреќа од Мостар ќе ги стави на тест Обвинителството и државниот јавен обвинител

Гордана Дувњак


Ќе биде ли кобна и за државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски, кобната кота „524“, во која пред осум години во авионска несреќа во близина на Мостар загина претседателот на државата Борис Трајковски и осум негови соработници?

И покрај честите критики на сметка за Шврговски околу (не)ефикасноста во неговото раководење на органот за гонење на криминал и корупција, сепак, факт е дека тој успеа цели пет години да се задржи на жешката обвинителска фотелја, на која дури тројца негови претходници се задржаа едвај половина мандат. Прозивките на негова сметка, главно, доаѓаа(т) од страна на опозицијата, но и од дел од јавноста, кои му забележуваат на обвинителот за селективноста во постапувањето, како и прогледување низ прсти на криминалот во институции и фирми блиски до Владата.

За волја на вистината, долгото опстојување на Шврговски ( шестте години од мандатот му истекуваат во јануари 2013 година) повеќе се должи на добриот распоред на коцките, отколку на резултатите. А, најмногу на двете убедливи победи добиени на предвремените парламентарни избори на актуелната владејачка гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ, која не гледаше причина за негова смена. Многумина, пак, се склони „тајната за успехот“ на 50-годишниот обвинител да ја врзуваат и со долгогодишното пријателство од гимназиски денови со првиот разузнувач во државата Сашо Мијалков.

Но, може ли да се случи токму оние што го донесоа на оваа значајна функција, да го чувствуваат Шврговски за своја кочница. Ваквата дилема се наметнува по повторното актуелизирање на случајот со авионската несреќа, на иницијатива на Владата, како и на отворените алузии за атентат што јавно неодамна ги искажа министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Тоа се' погласно ги подгрева шпекулациите дека се подготвува свилен гајтан за Шврговски, кој првиот голем тест ќе го има токму околу извештајот за „кингерот“.

И по осум години од овој трагичен настан, тимот на обвинителот Шврговски и натаму стои на официјалната верзија која гласи:„ пилотска грешка, заради пропусти и отстапување од процедурата за слетување, во услови на сложена метеролошка состојба“.

Обвинителството се' до сега ја отфрлаше и најситната можност дека можеби станува збор за саботажа, неисправност на леталото, како и за други евентуални пропусти во процедурата, кои довеле до трагичната несреќа. Како крајно неосновани и тенденциозни, беа отфрлени и претпоставките за постоење ��монтирано сценарио” или некаква вмешаност на странски служби.

Дали најновиот извештај за авионската несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година и евентуално новите докази до кои дошол посебниот истражен тим, ќе го променат односот на Шврговски кон авионската несреќа?

И премиерот Никола Груевски, токму на годишнината од одбележувањето на овој трагичен настан, ќе нагласи дека најновите материјали од извештајот за несреќата на Трајковски ќе ги разгледуваат владините комисии пред да се најдат на седница на Владата.

„Тоа е материјал што го порачавме пред неколку години. Откако ќе биде разгледан во Владата, ќе биде испратен и во Јавното обвинителство“, објасни пред два Груевски.

Од моментот на влегување во владина процедура на споменатиот извештај, од кој толку многу се очекува да фрли некаква нова светлина на овој случај, не стивнуваат и најразличните медиумски комбинаторки за причините за нереќата. Се лиферуваат изјави и верзии од наводни компетентни стручњаци, автори на книги, адвокати, кои се' повеќе го подгреваат сомнежот за постоење во најмала рака мистерија, но и заговор за ликвидација на Трајковски.

Државниот јавен обвинител Шврговски тврди дека не чувствува притисок од обидот за правење сензација од авионската несреќа, а уште помалку дека некој плете свилен гајтан околу неговиот врат.

„Обвинителството останува на ставот дека случајот е затворен со резолуција, во кој главната причина за несреќата се двајцата пилоти. Се додека не добиеме нови докази, кои ќе не' убедат во нешто друго, нема причина за отварање на истрага за овој случај“, вели Шврговски.

Тој не гледа ништо лошо ни во тоа што Владата ќе се впушти во разгледување на извештај подготвен од посебен тим. Смета дека извршната власт постапила по препораките на законодавната власт, но и по сугестиите на меѓународната заедница, која во Советот на Европа пред неколку години го актуелизираше овој случај.

„Оној момент кога ќе го добиеме извештајот, внимателно ќе го разгледаме и ќе оцениме што натаму“, додава државниот јавен обвинител.

Пред нешто повеќе од три години, имаше неуспешен обид од страна на Министерството за внатрешни работи за преоценка на овој случај.

Посебниот извештај на МВР - Биро за јавна безбедност, беше примен во Јавното обвинителство на Македонија на 8 февруари 2007 година, кога кон него беа приложени и службена белешка и видео запис од новинар на А-1 телевизија. Но, Обвинителството по разгледувањето на овие документи извлезе со став дека „новите документи“ по својата содржина воопшто не ја доведуваат во прашање содржината на доказите врз основа на кои е донесено решението на Основното јавно обвинителство - Скопје, ниту, пак, претставуваат доказ кој содржи нови моменти значајни за утврдувањето на причините за падот на авионот.

Простор за сомневање дека можеби не станува збор за несреќа остави и европратеникот Андреас Грос, кој во Советот на Европа изјави дека има основани сомневања дека претседателот Трајковски бил цел на атентат и побара нова истрага за падот на „кингерот“.


Статијата е прочитана 4067 пати.

Испрати коментар



Владата на пат - на ред дојдоа Индија и Малезија
Песимизам место предлози за Пападимос
И универзитетите ќе слават еден век албанско знаме
Интервју
Како да се голтне жаба
Што (ќе) значи за СДСМ рехабилитацијата на Димов



Тате, бате и јас!, 28.02.2012 00:33:56
„ Пилотска грешка, заради необученоста и пропусти и отстапување од процедурата за слетување, во услови на сложена метеролошка состојба“. Од некаде ми е познато. Ке пребарам на интернет.
Koi se celite i motivite?, 28.02.2012 10:23:24
SAeto ova nanovo pokrevanje na slucajot na Trajkovski ima nekoja pozadina. Za da se izvrsi atentat, treba da se imaat motivi. A koi bea motivite za atentat vrz Trajkovski?Toj bese pri kraj na mandatot, iako najavuvase kandidatura za vtor mandat, tesko deka ce go dobiese, bidejci nemase podrska ni kaj svojata partija VMRO, koja so namseteni izbori vo vtoriot krug, so glasot na Albancite mu go donese izborot.Pokraj toa toj nemase nekoja odlucuvacka politicka uloga ( slicno na Ivanov) ne bese nekoja golema i vlijatelna licnost vo medjunarodnata politika.Edino im bese milenik na SAD.Znaci nikakvi posebni motivi ne postoeapa da NATO so raketa go gadja kingerot i plus so naplj bomba im gi sogori telata?! kako sto tresat zeleni nekoi si advokati i drugi slicni personi.Igrava e druga i so namenski celi. Koj se naskoro ce se vidat. A vidite procedurata. Najprvo vladta ce go razgladala izvestajot, pa posle ce mu go dostavela na obvinitelstvoto , verojatno so instrukcii za ponatamosna postapka.
Trajce Atanasovski, 28.02.2012 22:18:40
Avionskite nesreci se mnogu seriozna rabota da se komentiraat nestrucno i pausalno.Predsedatelot na komisijata Salko Begic ima besprekorna reputacija vo vozduhoplovstvoto i ne bi se potpisal vo nikoj slucaj na fingiran izvestaj.Obvinitelstvoto tie fakti sigurno gi ima zemeno vo predvid.Patem vremeto na katilj fermanite i svilenite gajtani odamna e pominato ili nekoj se uste zivee vo vremeto na Dervisot od visoko pocituvaniot Mesa Selimovic pa za ime bozje dvaeset i prvi vek sme.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 24°C

Делумно облачно

Четврток
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Петок
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
ОДБРОЈУВАЊЕ ДО ОЛИМПИЈАДА
Остануваат уште 2 дена до почетокот на Олимписките игри во Лондон...
Инвазија на гламурозни убавици во Лондон
Најлуксузните светски јахти го полнат Кралското пристаниште во британската престолнина како ексклузивни посетители за вр...
Едно од „најзелените“ дела на архитектурата
Повеќе од 100 олимпијци паднаа на допинг
И официјално - Бекам на отворањето на Игрите
Светските лидери и холивудските ѕвезди на отворањето на ОИ
Малезиски олимпијци можат да го одложат рамазанскиот пост
На олимпиското мени - од пиле млеко

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |