Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Секој понеделник нов наслов!

Приказни за мали и големи -
Лав Николаевич Толстој

Историјата на руската литература познава многу творци - гиганти меѓу кои едно од најистакнатите места му припаѓа на реалистот Лав Николаевич Толстој. Творечкиот опус на Толстој опфаќа шеснаесет поголеми романи и повести и еден импозантен број раскази: Кавкаскиот заробеник, Утрото на еден дворјанин, Три смрти, Виулица, Од кавкаските спомени и други. Расказите доаѓаат за да го потврдат талентот на Толстој во к��и се застапува за моралното усовршување на човекот, за описменување на рускиот селанец чија единствена цел му е да преживее. Во расказите со воена тематика меѓудругото ја истакнува и апсурдноста на војните.

Сликите што ги пренел авторот до читателите ја возбудиле јавноста со необичната сила и вистинитост, а вистината за Толстој била најважниот елемент, затоа вели: "Јунакот во мојот расказ - тоа е вистината"

Најновиот проект на "Медија принт Македонија" (МПМ) и на Ѓурѓа, за збогатување на домашните библиотеки започна на 01.11.2010 година со "Декамерон" од Џовани Бокачо.
Станува збор за избор на лектирни изданија, што се дел од наставната програма по предметот македонски јазик, во основното и средното образование, во нашата земја.
Целта на проектот е да им се понуди можност на најмладите читатели и на тинејџерите, традиционалните вредности, стекнати преку врвната литература, да бидат дел од нивното секојдневие, токму во годините на формирање на нивните личности.
Едицијата опфаќа десет книги кои можете да ги набавите по цена од 100 денари по примерок на сите продажни места на "Дневник", "Вест" и "Утрински весник".


Закачи се на лектира!

01.11.2010 Џовани Бокачо -ДЕКАМЕРОН
08.11.2010 К. Колоди - ПИНОКИО;
15.11.2010 Ј. В. Гете - СТРАДАЊАТА НА МЛАДИОТ ВЕРТЕР;
22.11.2010 Густав Шваб - НАЈУБАВИТЕ МИТОВИ;
29.11. 2010 Џек Лондон - ПОВИКОТ НА ДИВИНАТА;
06.12.2010 Жил Верн - 20.000 МИЛЈИ ПОД МОРЕТО;
13.12.2010 Лав Н. Толстој - ПРИКАЗНИ ЗА МАЛИ И ГОЛЕМИ;
20.12.2010 Езоп, Ла Фонтен, Крилов - БАСНИ;
27.12.2010 Р. Л. Стивенсон -ОСТРОВОТ СО СКРИЕНОТО БОГАТСТВО;
30.12.2010 Е. А. По - ГАВРАНОТ И ДРУГИ ПЕСНИ



#
Статијата е прочитана 1507 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Култура
Наградата „Григор Прличев“ за поемата „Адам од Говрлево“
Битолскиот театар на „Денови на комедијата“
Беше дрскост да се одигра „Хамлет“ во Колчестер
Роулинг размислува да напише нови продолженија на „Хари Потер“
Дали Нобеловата награда за литература ќе ја добие поет?
Конференција на „Сифер“
Независна театарска сцена во Универзална сала
Перформанс во Музеј на Град Скопје
 

Macedonia prepares for politically sensitive census
Bulgarian leaders clash over foreign diplomats with Communist spy links
Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu