Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Вести
Култура
05.10.2010, 17:15

Независна театарска сцена во Универзална сала

Со претставата „Отпушоци“, работена според романот „Последната нова година“ од Николо Аманити, во режија на Игор Ивковиќ, Театар 007, почна новата сезона на Независната театарска сцена во Универзална сала.

Театар 007, кој ја предводи Независната театарска сцена, соопшти дека таа има цел да се спротивстави на „клишираните” театарски форми и естетики од професионалните театри во Македонија. „Овој проект воедно ќе наметне еден нов бран на театарско изразување, свежина во репертоарот на театарот во земјава. Македонија е една од ретките земји во која не функционира независната театарска продукција. Единствен пример засега е Малиот битолски театар на Благој Стефановски. Пред неколку години во Скопје имаше обид за функционирање на алтернативен театар со проектот Градски театар во МКЦ, кој за жал згасна од неразјаснети причини, иако тоа беше проект кој функционираше и беше прифатлив за скопската публика“, вели режисерот Игор Ивковиќ.

Покрај Театар 007, на Независната театарска сцена во Универзална сала ќе работат и Војо Цветановски, првиот дипломиран пантомимичар во Македонија, режисерот Ристе Алексовски и други млади автори, кои го почитуваат и негуваат вонинституционалниот театарски израз. Во моментов на репертоарот се претставите „Ќелавата пејачка“ од Ежен Јонеско, „Игра“ работена според култните раскази на Данил Хармс, а за следниот месец Театар 007 најавува премиери на куклената претстава „Сината птица“ на Морис Метерлник и „Магија еделвајс“ според текстот „Балканот не е мртов“ и „М.М.Е. кој прв почна“ од Дејан Дуковски. (Н.П.)


Статијата е прочитана 1028 пати.

Испрати коментар



Секој понеделник нов наслов!
Наградата „Григор Прличев“ за поемата „Адам од Говрлево“
Беше дрскост да се одигра „Хамлет“ во Колчестер
Битолскиот театар на „Денови на комедијата“
Роулинг размислува да напише нови продолженија на „Хари Потер“
Конференција на „Сифер“
Перформанс во Музеј на Град Скопје
Дали Нобеловата награда за литература ќе ја добие поет?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Ведро

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 17°C, Мин: 2°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Вести |