Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Некролог Хороскоп Што прават денеска Вести
Култура
05.10.2010, 17:22

Беше дрскост да се одигра „Хамлет“ во Колчестер

Стартната позиција „Да се биде или да се биде“ била одлично примена, бидејќи „Хамлет“ на Драмски е решен да дејствува, да го менува светот

Сунчица Уневска

„Зошто гостувањето на Драмски театар со претставата ’Хамлет‘ во Колчестер, Велика Британија е толку раритетно?“, рече директорот на Драмски театар Бранко Ѓорчев. „Нашите театри гостувале често во странство, сме добивале и награди, а факт е дека секое гостување е промоција на својата земја. Но, она што ова гостување го прави поинакво е што Драмски театар овој пат со ’Хамлет‘ се врати дома, се врати во земјата на Шекспир и на Хамлет, земјата од каде што потекнува и успеа да добие неверојатни овации и извици браво од тамошната многу реална и пробирлива публика“, објаснува Ѓорчев, додавајќи дека со оваа претстава се занимаваа релевантни театарски критичари и за првпат се појавија критики за наш театар во толку еминентни списанија.

Она што е особено интересно е дека ова гостување беше прво на македонски театар во Велика Британија. Дека возбудата била голема пред гостувањето во реномираниот театар „Меркјури“ во Колчестер, кое се одвиваше од 29 септември до 2 октомври, за време на кое оваа три и полчасовна претстава беше изведена четири пати, потврди и режисерот Дејан Пројковски. „Да се игра Хамлет во матичната земја и тоа пред британската публика за која е познато дека ја наградува претставата толку колку што вреди, беше навистина голем предизвик“, изјави Пројковски. Затоа задоволството било големо по првата претстава, а особено што одлично поминале и другите три. Како што објасни Пројковски, втората претстава била официјална, а на неа биле присутни претставниците на политичкиот и културен живот во Колчестер, како и британската театарска елита. На втората претстава бил присутен и нашиот познат драматург Горан Стефановски, а голема била заложбата и на директорката на Меркјури театарот, како и на нашата амбасадорка во Велика Британија, Марија Ефремова.

Критики за претставата се појавиле веднаш по првата изведба и тоа во доста релевантни списанија, меѓу кои и во „Гардијан“. Она што ги прави најзадоволни е, всушност, потврдата за извонредната игра на целата актерска екипа. Како што пренесе Пројковски, актерскиот ансамбл од театарот Колчестер им дал честитка со која и се заблагодарил на нашата актерска екипа, искажувајќи одушевеност од нејзината игра. Карактеристично и особено важно е што во критиките била направен анализа посебно на секој сегмент од претставата, како и за секој актер посебно.

„ За нас беше многу важно да се провериме на меѓународната сцена, колку тој современ јазик што го негуваме е важен и навистина современ. Стартната позиција на претставата ’Да се биде или да се биде‘ беше одлично примена, за што се зборуваше дека првпат Хамлет е решен да дејствува, да го менува светот, а не само да филозофира“, зборуваше Пројковски. Тој додаде дека по ова гостување веќе добиле повеќе покани и тие се надеваат дека претставата ќе живее и надвор и дома.

Всушност, се покажало дела нашиот страв е непотребен и дека е резултат на нашите предрасуди, бидејќи тоа е една отворена и развиена театарска средина, која е подготвена отворено да погледне и да ги декодира театарските знаци. Актерите, Дејан Лилиќ, кој го игра Хамлет, потоа Катерина Ковецска, Драган Спасов и Лазе Манасков зборуваа дека за нив тоа не само што било предизвик, туку помалку и дрскост да се настапи во овој театар со Хамлет, но дека по првичниот прием тремата исчезнала. Како што изјавил и Горан Стефановски, навистина е тешко да се стигне таму, а освен тоа, и во таа поплава на настани да се направи вистински театарски настан. Како и да е, Драмски успеа да се наметне и да ја покаже својата професионалност, која беше високо оценета. Во Колчестер во тоа време играле и театри од Лондон и Шефилд, така што гостувањето на Драмски било нарекувано како трет „Хамлет“, што според одгласите очигледно успеавме и да го оправдаме.


Статијата е прочитана 1101 пати.

Испрати коментар



Секој понеделник нов наслов!
Наградата „Григор Прличев“ за поемата „Адам од Говрлево“
Битолскиот театар на „Денови на комедијата“
Роулинг размислува да напише нови продолженија на „Хари Потер“
Конференција на „Сифер“
Независна театарска сцена во Универзална сала
Перформанс во Музеј на Град Скопје
Дали Нобеловата награда за литература ќе ја добие поет?



Cvetanka, 06.10.2010 22:53:00
Se gordeam da ja citam ovaa ubava novost. Moite cesttitki do site ucesnici od Dramskiot teatar zasluzni za ovoj nastan, koj e poseben i za prezentacijata na makedonskata kultura nadvor. Licno ja gledav premierata vo Ohrid, i i posakuvam na pretstavata dolgo da trae i da osvojuva nova brojna i zadovolna publika so svojata originalnost i sovremenost.
Usa, 07.10.2010 04:17:07
Konecno edna prijatna vest od ovaa luda zemja. Bravo

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 1°C

Ведро

Понеделник
Делумно облачно
Макс: 17°C, Мин: 2°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 20°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Некролог | Хороскоп | Што прават денеска | Вести |