Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Економија

Грчката криза ќе не' чини 100 милиони евра

 

Владата ќе се штити од грчката криза со дисциплиниранa фискалната политика

Соња Маџовска
Александрија Стевковска

Грчката криза ќе ја чини Македонија над 100 милиони евра прилив годинава. Ова го тврди пратеникот Стојан Андов, добар познавач на економските состојби. Според него, тоа што Владата не сака или не знае навреме да ги согледа проблемите може скапо да го плаќаме сите. Бизнисмените и експертите укажуваат дека најголемиот удар ќе биде во трговијата и во услугите.

Бизнисот почна поотворено да кажува дека поради случувањата во Грција се откажуваат зделки, некои најавени проширувања на инвестициите се стопирани, а парите од добивката на грчките фирми што работат во Македонија, место да се реинвестираат кај нас, се повлекуваат во нивната матична земја.

„Грчката криза во Македонија сериозно ќе се одрази врз тековните трансакции, односно во трговијата и во услугите. Ќе ослабне платежната моќ на грчките фирми што работат во земјава. Тие нема да можат да ги намируваат долговите, а ќе има и откажување на зделки. На годишно ниво може да се очекува да има 100 милиони евра намален девизен прилив. Ќе дојде и до намалување на буџетските приливи. Некои сега се радуваат, но несреќата на соседот носи несреќа и кај оној што е до него“, вели Андов.

Можното пополнување на буџетската дупка преку задолжување со еврообврзница, за Андов би бил несериозен потег на Владата.

„Владата ќе бара пари низ светот за исплата на плати и на пензии, место да ги скрати непродуктивните трошоци. Немаме потреба од вакви зајмувања. Не смееме да се задолжуваме, на крај секој ќе си го плати ручекот. Не е точно дека земјава е излезена од рецесија, напротив општата економска состојба се влошува. А сега дополнително тука е и грчката криза. Кризата во Грција не ја направивме ние, но ќе ја делиме со нашиот јужен сосед. А Владата не сака или, пак, не е во сост��јба да ги види проблемите. Таа не е дорасната за навреме да ги согледа проблемите и да ги реши. Како мали деца се однесуваат“, вели Андов. Тој верува дека ќе се смири падот на вредноста на еврото, но дека, сепак, тоа ќе зависи од тековните процеси, дел во Грција, дел во Европската унија.

Андов смета дека банкарскиот систем во земјава е стабилен, но оти граѓаните се презадолжени. А поради тоа што фирмите се во многу слаба позиција, банките и натаму, главно, своите производи им ги нудат на граѓаните.

Само пред неколку дена првиот човек на Стопанска банка, Глигор Бишев, во интервју за „Утрински весник“ изјави дека не е ниту теоретски ниту практично можно Националната банка на Грција да повлекува пари од Стопанска. „Ефектите од економската криза во Грција ќе ја погодат и Стопанска банка во ист обем колку и останатите економски субјекти, чии акционери се или не се правни или физички лица што произлегуваат од Грција. Акционерскиот капитал по ниедна основа не може да се повлече од ниедно правно лице, вклучувајќи ја и СБ“, изјави неодамна Бишев.

Според поранешниот министер за финансии Трајко Славески, Грција веќе не е проблем сама за себе, туку за цела еврозона, бидејќи со себе надолу ги повлекува и сите останати економии. „Први на удар се најдоа Шпанија и Португалија. Европа сега се обидува да и' помогне на Грција, но помошта е веќе задоцнета. Што се однесува до влијанието на таа криза врз Македонија, не очекувам банкарскиот и корпоративниот сектор да го почувствуваат нејзиното непосредно влијание, но посредното влијание ќе го почувствува севкупната наша економија. Ова потсетува на ситуацијата во 2008 година, кога пропаднаа ’Леман брадерс‘ и светската економија западна во криза. Ништо чудно работите повторно да тргнат во таа насока и нас да не' повлечат надолу“, смета Славески. Според него, посебен проблем може да се јави при најавеното задолжување на земјава со издавање на новата еврообврзница, што може да биде издадена во неповолни услови, со повисока цена што ќе треба земјава да ја плати. „Реална опасност е и да нема интерес за неа. Освен во задолжувањето грчката криза може неповолно да влијае и врз реалната економија во земјава, бидејќи Грција е наш деловен партнер, со кој нашите фирми досега успешно соработуваа. Грчката криза воопшто не е среќна околност за Македонија, бидејќи нашиот јужен сосед, исто така, е и значаен инвеститор во земјава“, вели Славески.

Според бизнис-заедницата, логично е дека падот на вредноста на еврото со себе ќе повлече негативни последици и за извозниците, бидејќи тие ќе мора да ги продаваат производите по цена што е наведена во потпишаните договори. „Тоа значи дека добивката ќе им се намали, а ќе имаат повисоки трошоци на производство, бидејќи суровините ќе поскапат. Директни последици во делот на извозот нема да имаме, зашто ние не извезуваме во Грција, но последиците ќе се почувствуваат во увозот на некои суровини. Тоа стопанствениците ги става во позиција да мора да се адаптираат на условите и да побараат добавувачи на материјали во други земји“, вели Митко Алеков, извршен директор на ССК.

Министерот за финансии Зоран Ставрески очекува најголем дел од грчките инвеститори да го задржат бизнисот во Македонија. „За жал, има малку работи што можеме да ги направиме, освен да продолжиме со дисциплинирано водење на фискалната политика и остварување добри макроекономски показатели како и досега, со цел да покажеме дека има разлика, односно Македонија, според условите за бизнис и според висината на буџетскиот дефицит и на БДП, претставува стабилна економија што се разликува од другите земји и нема проблем со надворешната задолженост“, изјави вчера Ставрески. Според него, кризата во Грција прераснува во европска. „Со намалувањето на кредитниот рејтинг од страна на ’Стандард и Пурс‘ за Грција, Португалија и за Шпанија кризата практично се проширува и станува прашање за економскиот раст на еврозоната, односно како еврозоната ќе се справи со прашањето на се' поголемиот растечки долг на неколку свои членки. Перцепцијата на инвеститорите за Грција, но и за целиот регион, автоматски се влошува и тоа, секако, не може да е позитивно за Македонија“, укажа Ставрески.


#
Статијата е прочитана 3015 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 30.04.2010 00:12:26
Sega mu e majkata da se otvori Bunardjik 4.
Од: jovan
Датум: 30.04.2010 00:30:30
Nikakvi optimisticki vesti vo ovaa godina ne mozeme da ocekuvame. Ne e samo Grcija problem, pa ne se ni Spanija,Potrugalija..,problem se golemite "bankroti".Amerika i Anglija.Sega se iznaogaat resenija kako da se prestruktuiraat ovie dve drzavi koj i go predvodat zapadniot svet.Ke povlekuvaat pari od sekade kade sto ke mozat da si povlecat,se osvestija,pa nesto pocnuvaat da prevzemaat, no ke trae,a i ke si platat za neodgovornosta.Sepak ke se spasat(na grb na onie koj ke ispadnat naj naivni vo cela ovaa ujdurma)Kaj nas tek sega pocnuva(zapocna)krizata.Spas nema, no moze da se ublazuva so stedenje.Kaj nas cehot treba da zapocni da si go plaka administracijata,pa potoa se po red,inaku ke zavrsime na spisokot na onie naivci koj im se vo plan da gi istrizat.Trosenjeto mora da prestane, a zadolzuvanjeto na drzavata treba veke da se i zabrani.Svetot pocnuva da nalikuva na oblozuvalnica vo koja ke se mestat rezultati, a parite ke gi gubat naj naivnite i naj neinformiranite
Од: nooselec
Датум: 30.04.2010 03:07:31
Andov konstatira problem so koj i Stavrevski se soglasuva, i, namesto da vidime predlog za resenie gledame "deca se ne znaat sto pravat... a pak "iskusnite" vladi og Grcija, so anticka tradicija neli, ja zagravija cela Evropa i posiroko. Dajte ekonomski plan opozicijo, ubedete gi gragjanite da glasaat na toj nacin za vas, ne lelekajkji protiv Vladata i ulizivajkji im se na grcite i nivnite poddrzuvaci! Providni ste.
Од: mitko vika politicarite dosta lazat
Датум: 30.04.2010 04:13:31
Stojan koga ke otvori usta zbori samo argumenti za menuvanje na imeto (Grcija ke propadne ke propadneme i nie zaradi nea, daj da go smenime imeto i identitetot za da staneme del od EU kade ke ni bide super) Stavre-kumot pak objasnuva kako Makedonija e super mesto za biznis i deka toa sto toj banditski go zadolzuva budjetot ic nema da ne boli. Sekoj si ima svoja agenda. No da pocnam jas so mojata. Vo Grcija ke se zgolemuvaat danocite so sto ke se sozdade moznost da im prodavame poeftini proizvodi. Mislam deka so veke jasnoto propagjanje na Grcija za nas ke se otvorat novi moznosti za plasiranje na nasite proizvodi. Tie samo ke treba da se iskoristat.
Од: krste
Датум: 30.04.2010 15:14:08
Леле мајко, отидоа половината споменици на Грујо и компанија......................
Од: jean luc picard
Датум: 30.04.2010 19:27:55
странски инвестиции, странски инвестиции, странски инвестиции!! само тоа знаат да го мантраат нашиве политичари и „експерти“. на никој не му текнува дека на тој начин стануваме економски се позависни и позависни од тие инвестиции? а штом си зависен, ако на газдата-странец не му иде добро дома, сигурно дека тоа и тука ќе се одрази и ќе има отпуштања и катанци на врата. баталете ги тие фамозни странски инвестиции ко да се лек за се! создадете правна и политички стабилна држава, со ефикасна и брза администрација, праведно, независно (во вистинска смисла на зборот) и ефикасно судство, изградете нова и реновирајте је постоечката патна, железничка и сета друга инфаструктура и сконцентрирајте се на нашите домашни инвеститори и особено на богатите македонци и албанци во дијаспората. нив убедете ги да вложуваат тука!

Најди! во Утрински
Економија
Добра бизнис-соработка меѓу Македонија и Косово
Британските банки со загуби од 10 млрд. фунти
Еврото во грчка драма. Шпанија е следна?
Грчките влогови пораснале за шест милијарди евра
ССМ на Први мај нема да протестира
Власта не признава дека доцни со ДДВ
Банките со преполовени профити, но со добра солвентност
Стечајците повторно на протести